И јас сакам да идам на 12ти ама барам сместување. Неможам никако да најдам некој што има таму роднини или куќа, викендица.. било што. Па ако не најдам дома ке си седам и ке чекам следен пат кога ке дојда С.А.Р.С и Дубиоза колектив. Само заради нив сакам да идам.
Па сега откако го поскапеа возот мислам дека е 400 ден. повратна од Прилеп до Скопје па би требало да е истата цена и обратно.Иако според мене за 100 тина денари не вреди 3 и пол саати да се возиш со воз.
Да повеќе ти се исплаќа да идеш со автобус или минибус...Братучед ми ќе иди в четврток,со оние крушевски минибуси Скорпион..Јас деновиве ќе прашам колку пари е повратна од Скопје до Прилеп и ќе те известам преку Лп
Некој од Делчево што ќе оди има ли? На мене ми се оди само заради С.А.Р.С и Дубиоза Колектив Знае ли некој дали има директна линија и колку чини?
Па незнам се договарам нешто за на 12ти да одам,ама ништо не ми е сигурно. Сакам С.А.Р.С и Дубиоза Колектив,инаку ништо.За шабаните не вредит пари да се фрлаат за пат А несум многу информирана овие што пеат Конкверинг Лајон од Македонија што се?
Криво ми е годинава што нема да одам, а веќе неколку години по ред одев. Годинава имам добро оправдување
Јухууу, одам на 13ти, мислам дека музичкиот избор е најдобар тој ден. САРС минатата година ги видов 3 пати, не благодарам, доста е. А не сум обожавателка на Дубиоза К. Се' ми се допаѓа од 13ти, дури и сестра Есма. 13 July (Friday) Crossroad Blues Band (Macedonia) Vlatko Stefanovski Trio (Macedonia) Esma Redzepova (Macedonia) Kiril Dzajkovski (Macedonia) Прилеп, here we come! Никогаш не сум била на вашиот Пивофест во ПП, се надевам ќе се покажете во убаво светло.
Би сакала да присуствувам на сите вечери ,никогаш немам присуствувано на пиво фест би сакала да одам оваа година посебно за Желјко Јоксимович.
сум била на пиво фест и стварно е кул и опуштено. ако одам оваа година тоа ќе биди единствено за сарс
Не до 15 е...Како за 10 годишнина мислеше г-дин Марјан Ристески да ни го продолжи една недела,ама ништо не бидна Сега демек имало некое изненадување за нас,ама не се знае кој ден.А можи тоа да се само и градски муабети
јас пак ич не го сакам пиво фест гужва абе шо, да можат на глава да ти цапаат и тоа ќе го прават плус градов наш мириса само на ПИВО СКАРА и МОЧКА поужасно амин
Јас требаше да одам, ама неделава се предомислувам, најверојатно нема. Не дека не сакам, ама ете. Имам кај да седам комотно сите денови, ама ајде, да не комплицирам. Па кај неделава за Скопје секој ден, па треба таму да менувам планови, па дали да спиеме или да се враќаме, па кој ќе иде, па вака така... не ми се комплицира. Иначе веќе три години по ред идам во Прилеп за Пивофест. Да си каснеш скара, да се напиеш пивце... А Прилеп има мнооооогу добар ноќен живот, секоја чест. Знаат како да направат добра забава, први се за пиење и славење.
Пивофест!!! Не благодарам Јас сум на различно ниво со тој настан. Освен кичерај, шунт музика, прерано подготвена скара и куп пијаници нема што друго да понуди. Џеј