Во Прилеп ако имаме добар ноќен живот тогаш Скопје за нас е Рио Де Жернеиро со оглед на тоа дека имаме само еден кафич што работи до 3-4 сабајле т.е. ВИПи тоа другото се е до 2 или најдоцна 1 немаме ни кафана која има музика да појдиш даси се собериш друштво да си се напијаш па песниче да си порачаш и што остана само во парк да се собереш да си купиш за пијање и да седиш доп сабајле ама и од таму почнаа да бркаат
Еве ги песните од САРС учете ги Intro: Ptičji grip Buđav lebac Ibro Rakija Ana Ratujemo ti i ja Sindrom lidera male stranke Debeli lad Đuričko Budim se (feat. Skaj Vikler) Zubarka Bonus: Buđav lebac (Rahmanee remix) 1 Ko Sam Ja 2 To Rade 3 Ustaje Brate 4 Mir I Ljubav 5 Ispovest Miše Markovića 6 Može I Drugačije 7 Zemlja Nije Ničija 8 Klovn
плус тој еден кафич не вреди за ништо па сега преку лето умрен ни е градов скроз освен вирус табу и сега она хепи мислам се вика нема друго место кај да појдиш. и арт гледам има народ ама не сум била до сега
^^ Повеќето ми се чини Вирус и Ди Каприо одат.А мене да ти кажам сеедно ми е дали сум во Вирус или Ди Каприо,дека едно до друго се и не приметувам во кое сум
Одам и ја за прв пат годинава,се надевам убаво ќе биде На сите дена ќе бидам,ќе преспијам кај другарка па супер ми се погоди конечно да го видам целиот фест каков е Мене ме интересира за повратна за бус дали има и колку е ако некој знае? Несакам по возови затоа
Јас бев пред 2 години ми се чини и супер си поминав. Мајка ми е од Прилеп и имам каде да седам ако одам, но оваа година некако репертоарот не ме привлекува. Ај може од година ќе има нешто по за мој вкус. Убаво да си поминете сите што ќе одите. Т.е не може да не си поминете убаво, атмосферата е прекрасна без разлика на музиката.
500 со автобус, 400 со воз, а порано беше 265 или 275 не ми текнува точната сума. Со вакви цени дефинитивно не се исплаќа да се малтретира човек со воз.
Е, јас лани се возев со воз од Прилеп до Скопје и возот беше убав, нов, воопшто не беше малтретирање и брзо стигнав. А, и кафенце ме послужија. Јас воз би препорачала.
Ekspresniot stignuva pobrzo bidejki ne zastanuva po stanici kako sto e drugiot sto koci na sekoi 5 min , i otprilika mslam deka za 2 saati stignuva ama pa zatoa e poskap od drugiot
Никогаш не сум била на Пивофест. Оваа година организиравме. Ќе одиме на 14. Мислам дека ќе настапуваат Џеј и Жељко Јоксимовиќ. Па ќе видам каква забава има на Пивофест. Инаку често излегуваме во Прилеп и прилично сум задовлона од ноќниот живот што го имаат. За разлика од другите помали градови.
Првата,а можеби и втората вечер ќе бидам таму! Се надевам дека ќе биде убаво! А ова за музиката,па мора да има за секакви вкусови,не може само одреден тип на музика да има! Е сега знам дека ќе биде гужва,ама тоа е...па Пивофест е . И на секој добар концерт има гужва
Само што се враќам од ПИВО ФЕСТ , вечерва ми беше прекрасна а забавата уште трае грми Прилеп S.A.R.S како и секогаш прекрасна забава направија а сега Дубиоза Колектив го прават истото
Браво Прилеп! Секоја година не изненадува со пивофест. Екстра пиво, супер скара и луда забава. Топ си поминав. А на нет најдов нешто интересно што ќе ви биде од корист за да пресметате буџет: http://www.najevtino.mk/pivofest