девојки а нели синоќа рекоа на вестите дека пивофестот е одложен поради невремето дали знаете дали лепа брена ќе пее на 15 или е поместено од невремето?
Журката што ја направија Дубиоза сношти беше феноменална!Сите беа жива вода што е знак за одлична забава.Дефинитивно настан за паметење
Се е супер,ама според мене ние треба да се засрамиме,зборам колективно како народ.Толку фама се дигна околу овој пиво фест,по насловни на весници,на сите страни на интернет сите зборуваат за пиво фест.Како демек е нешто толку многу посебно.не викам дека не е убаво и дека не треба да се посети.Ама срамота е бидејки моментално треба да се одржи овој викенд и Галичката свадба ,а за тоа никој ништо не зборува.Нешто малце напишано на некоја си од последните страни по весницине.Што народ ке бевме,срамота.И најголемата трагедија е што голем процент од населениево од македонија нема ни појма што значи тој поим како и многу многу други битни настани.За пример го земав овој бидејки е сега деновиве.И после ке не зборат какви сме биле..коа можат од јапонија и кина да доагаат за да го гледаат тој настан ние не сме ни обрнале внимание да прочитаме нешто,а не па да отидеме...Не викам дека не треба да се оди и на пиво фест и тоа е убаво се..ама зборам и за медиумиве,треба да се засрамат
Главната бина е активна до 1 по полноќ, а кој што сака забава до 5 сабајле нека се премести на камената бина кај транс музиката. Е тука е правото лудило. Само што си идам од таму искапена, жива вода. Денес и вчера беше топ, а за утре и Недела не можам уште да претпоставам како ќе е. Атмосферата во Прилеп неможе да се напише со зборови- мора да се доживее. Криво да Ви е на сите што не можете да дојдете
Луѓе.. не можам да си дојдам при себе. Очекував добра забава, ама ова е повеќе од тоа! Значи каков помин, пиење, играње до изгрејсонце.. да не загледал некој 100% ќе си речел дека земаме нешто (а зар мора ли ). Уфф, не сум знаела дека ја имам оваа енергија во мене. Кирил Џајковски
Добро беше вчера,ама вечерва не се сомневам дека ќе биде уште поубаво Ади вечерва ќе биди најлудо верувај Пренајубаво да си помониш
И јас одам вечерва женски, почнав да си се спремам уште сега Уффф едвај чекам да си ги чујам омилените песни од Жеќи Ви посакувам фантастичен помин на ситее !!! HAVE FUN GUUURLS
Два дена нон стоп само денсам , две вечери се капам со пиво- па нели косата така посјајна е . Нека и е криво бе на Клеопатра- се бањала во млеко, ај да ја видам во пиво нека се бања Оваа година нешто посебно ми се допаѓа овој пиво фест. Прекрастично- не дека е наш прилепски ама навистина вреди. Мене додуша секогаш првите 2 дена ми се the best , а не велам дека и вечерва нема да биди супер, ама сепак не верувам дека ќе е подобро од сношти или 1та вечер. Људи мои ако не сте трганеле до сега- не се мислете толку, навалете- скара не мора да јадите ако сте на диета, но затоа лудо ќе се изнаиграте до утринските часови и дури малку ќе ви биде
Абе Донна алал да ти е. Вчера во 4 си дојде ама денес 5 те стаса. Утре можеби 6-7 незнам. Прејако прејако. Немам коментар.
^ Ма добра си ти јас се вратив пред 30 мин . Екста си поминавме ,само Џеј малку поише фалшираше,ама затоа се изнаигравме на песните на Илич и Јоксимович . ТЕК ЈЕ ПОЧЕЛО
Леле луѓе незнам за вас, ама јас страшно зарипнав сношти, грлово ептен ме боли... море ако, не се жалам, презабавно беше! Мада мислам дека вечерва ќе биде најубаво од сите вечери...Петар Грашо