Дефинитивно најдобар избор за мене беше втората вечер, целиот концепт беше одличен - ги фатив само последните минути на Crossroad, ама нив ги гледав лани во Пивница скоро рекој викенд, па не сум пропуштила многу. Супер се дечките. Влатко Стефановски беше и повеќе од расположен, прилепчанец си е човекот по потекло, нормално дека ќе отсвири одлично пред домашните му; Есма - мало срцкасто топче, во првиот зелен фустан блескаше како лампионче, а после бидна невеста во бело. Мене многу ме расположува Есма, ме фаќа смеа од самата нејзина појава, и ме тера да играм, едноставно шири смејалче, односно позитивна енергија и колкомешање; нејзиниот подмладок, Елена мислам дека се викаше девојката испеа дури и поубаво, нормално помлада, пожива, со повеќе енергија. И изборот на песни им беше супер, бајаги траеше настапот на Есма со компанијата. А Кирил Џајковски беше цреша на шлагот, вистинска ѕвезда за гордост, звучи светски, а делува мошне скромно за талентот кој го поседува, со музиката и придружбата, сите тие светла, атмосферата која ја создаде беше магична, јас би го вброила во 5те најдобри настапи кои сум ги погледнала во живо досега. Овој состав му е перфектен, девојката посебно, TK Wonder, каква Ники Минаж, какви баркачи, девојката растури буквално, целата нејзина појава е занемувачка. Додека излезат поубави снимки од Прилеп оваа година, еве еден настап од 2008 од Загреб. Кај нас беше нормално подобро. http://www.youtube.com/watch?v=KNeRJk2T ... re=related Инаку што е до мене, ок е, една вечер нека се посвети на шабанерија, народот сака да слушне и тоа, по дифолт најдобро оди со скара и пиво , ама два дена мислам дека се премногу. Требаше Џеј, Брена и уште некој шабан да се стават во еден ден, а последниот ден да биде нешто поспектакуларно и поквалитетно. Убаво, многу убаво, јас сум презадоволна од Прилеп, можеби дека и фино се наредија коцкичките. И пивото евтино. Би отишла пак.
Суупер поминав сите вечери до сега Посебно вчера најдобро беше со Жељко Јоксимович♥ Аа за денеска немам коментар .. едвај чекам да ја видам Лепа Брена ♥♥♥
Повесела ми беше атмосферата во четвртокот Жељко напрај уба атмосфера, ама дека побавни песните и некако не ми беше погодено. А Џеј... кузнеј на шо беше
Да можев да одам со некого, ќе отидев, ама вака сама не одам. Сакам да го посетам Прилеп, да видам каков град е и што се случува таму за време на Пиво фестот, ама ај следна година ќе биде и тоа можеби. Иначе се изненадив колку многу скара се изело и колку пиво се испило, па тоа е многу бре. Колку моторни возила дошле и си отишле... рекорд се постигнало . Најпознат фестивал бил на Балканот, па убаво е тоа бе. Во Македонија се случува. И нас по нешто добро да не зборат луѓето.
Ја гледам Брена на канал 5, прво помислив на момент Лејди Гага дека настапува, ама откако ги тргна наочарите ја препознав, иако тешко ми беше од светкавото комплетче, али ја познав. Ај ќе спечали добра сума на евриќи и ќе си има битно пари за цела година за пластични операции, ич да не му се секира.
Мамо, мамо, кога ќе пораснам сакам да сум Лепа Брена. Шала на страна, како се држи жената за годините, каква нога, боооо... Тука се некаде со годините со Мадона, оваа ја шие комотно у згодноќа.
Значи цел живот ќе ми биде криво шо не појдов на лепа брена значи жената е врв ја гледам од тв и ми се плачеше шо не бев таму ја обожавааааммм ЈЕДНА ЈЕ БРЕНА
Бев во првите борбени редови (само синоќа) и супер си поминав. До душа, Биоритам малце развеселија до некаде, а Грашо не заспа. Едвај го дослушав. Ми се допаѓа како пеач, инзвореден глас има, НО не е тој за вакви манифестации. За Брена немам коментар. Се сложувам со коментарот на Трендафилка, ја шие Мадона За гужвата не коментирам. Уште пред почетокот си фативме место напред пред самата бина кај она издолженото пред кранот што снимаше и не осетив дека има многу народ. Но кога тргнавме да си одиме-страшно. Едвај жива глава извадив. Витаминка и гратис чипсот што го делеа, летаа како алва
Преубо си поминав, Грашо не го слушам многу, и му знаев само 2 песни, а ми се чинеше како луѓето најмалку да му ги знаеа песните, Брена царица жими све, прејако беше , а исто така и на Жељко П.с ТЕК ЈЕ ПОЧЕЛО
Дефинитивно сношти беше најдобро. И плус овај пиво фест беше најдобар од сите досега. Имаше за сите по нешто а Брена беше јагода на шлагот. Подобро звучи во живо отколку на мп3. Големо браво за организацијата
Ексклузивно на 10иот роденден на пивофест 4та вечер гостуваше Лејди Гага .. то ест Лепа Гага ... овај дееее Лепа Брена! Како и да е 3та вечер беше дааааааааалеку подобра од вчерашната. Фала Чао!
Присуствував на сите вечери,во целост беше супер.Само не ми се допадна настапот на Лепа Брена Исто како Лејди Гага да настапи Настапот на Жељко најмногу ме бендиса,свака му част.И првата вечер ми беше забавно.Џајковски убаво се претсави.И то би било то
Бев и годинава на Пиво Фест, во саботата, кога пееја Жељко, Џеј и Мирослав Илиќ и искрено не ми беше ништо посебно. Можеби дека не ја слушам нивната музика, па се чувствував како од Марс падната во распеаната толпа . Првичниот план беше да се оди во четвртокот или во петокот, ама едниот ден фати невреме, па немаше шанси да се тргне, а другиот ден не се договоривме навреме и искрено ми е и малку мака за петокот, ама ајде, помина. На крајот испадна друштвото да сака за во саботата, па ајде да не сум уништувач на забави, отидов. Мислам дека лани на концертот на Чолиќ беше подобро, барем јас си поминав поубаво. Спојлер (не сакам да навредам некој што си поминал убаво, тоа е сепак вкус, затоа кажувам само мое мислење ) Здравје, да видиме догодина како ќе биде.
И јас си бев на ПИВО ФЕСТ !!! ОДЛИЧНО, Јас лично многу убаво си поминав! Првата вечер ми беше најдобра,немаше толку многу гужва ,па така да си имавме со екипата моја едно добро местенце и си се изнаскокавме ! Втората вечер исто ми беше одлична,посебно Кирил и третата вечер можеби среќа што отидовме покасно,па го пропуштивме настапот на Џеј,ама затоа пак Жељко.... ..многу ме расположи! Е последната вечер не можев да присуствувам,ама барем се наполнив со енергија од изминатите вечери! Како и да е едно големо браво за Прилеп и се надевам дека од наредната година ќе им прерасне во уште поголем фестивал!
Јас бев сите вечери , ама најдобро си поминав со Жељко Јоксимович и Лепа Брена ...Имало и подобри години но оваа година е меѓу најдобрите .. Преемногу се забавувавме со друштвото BTW: -Кај беше на пиво? - Во Прилеп Ебаго
многу било јако,за жал за мене и за сите што не бевме во можност да бидеме таму а сакавме,ама пак за тоа има секогаш наредна година еве неколку видеа што ги најдов на you tube http://www.youtube.com/watch?v=VgShOqlC ... re=related прес конференцијата и дел од атмосверата со Жељко(типот призна дека овој му е еден од нај добрите концерти во неговата кариера,и еден од нај многу бројните) http://www.youtube.com/watch?v=d9d2IpokBnw http://www.youtube.com/watch?v=z56_q1t0iJI http://www.youtube.com/watch?v=KHpzR6hlRDo