Кај мен епивскиот квасец нема некое влијание врз апетитот, ама ми ја прави кожата на лицето многу убава
јас почнав денес да ги пијам кажуваат дека се добри за кожата и косата а на килажата кај сите различно кај некои варира за нагоре кај негои за смалување па ќе видиме кај мене како ќе биде можеби нема да забележам ништо на килажата бидејќи постојано вежбам но ќе осетам според апетитот сепак велат дека се мн.добри па вреди да се пробаат а и воопшто не се скапи...
Девојки една моја другарка на школо земаше пивски квасец и од слаба се направи дебела. Затоа внимавајте.А таа го земала со цел да има поубава коса и нокти. Е сега нерви си кине поради тоа што наеднаш се здебели.
влијаат многу врза апетитот јас престанав да ги пијам и покрај тоа што вежбам качив некое кило уффф ама го мразам тоа сега сум на диета мора да си ја донесам килажата како што треба оти ми смета и неубаво се чуствувам девојки внимавајте...
ги пиев еден месец во врска со кожата не ми помогнаја лицето ми се исчисти од хлорамфениколот сега само си го негувам а и на ноктите и косата не осекам некоја разлика важно апетиот ми се зголиме многу цело време имав потреба да грицкам нешто да јадам што никогаш не ми се случвало главен оброк ми е ручекот поручвам кога како и речиси никогаш не вечерам многу ретко ако го прескокнам ручекот додека ги пиев апчињата дури оброците ги зголемив имав апетит голем и во теретана одам 3 до 4 пати во неделата и пак качив 3 кила ужас ме фати ги прекинав и повеќе нема да ги пијам никогаш ако си за зголемување на килажата повели верувам дека ќе имаш ефект
Јас сакам да се здебелам едно 10 кила дали брзо се дебелее или многу е споро?? и дали брзо се забележува ги читав погорните постови и сеа не ми е јасно дали е за дебелеење или за слабеење. Јас прашав во аптека и ми кажаа дека е за дебелеење. Ако знаете уште некој друг начин за брзо здебелување ве молам кажете иначе јас имам многу слаб апетит ве молам кажете незнам веке што да правам
Една девојка знам дека пиеше пивски квасец и мислам дека и помогна, за месец и пол имаше качено килажа
Јас скоро почнав да го пијам. На пакувањето пишува да се зимаат по 2 таблетки, 3 пати на ден. Ама јас не се придржувам до тоа, и пијам само еднаш на ден по 2 таблетки. Не сум приметила промена во апетитот. Може е рано. Ќе продолжам да ги пијам уште некое време, па ако забележам разлика во нешто ќе пишам.
да прашам за овие апчиња потребно е да се со препорака од доктор или може во аптека само да се оди и да се купи, а досега ги немам пиено ... фала однапред позз
Мене ми требаат за здебелување, да се здебелам едно 10 кила и за нокти пошто ми се листаат од утре ќе почнам по 3 на ден, за колку време ќе има резултати?
Каде го купувате пивскиот квасец ама во прав? Последниве 5 дена го барам по маркети и аптеки и никако да го најдам Help!
Јас досега многу пати сум пиела пивски квасец и се беше во таблети, значи поголемки така, со некој чуден мирис. А пивски квасец во прав, искрено, не сум сретнала, а може и има незнам, јас секогаш земам таблети.
Не го оправдувам користењето пивски квасец, ама го ублажив мислењето дека е штетен, па си купив зошто ми треба и за коса, нокти и кожа а најмногу за дебелеење. Е сега, од аптеката кај што купив имаа 3 врсти јас го зедов пакетчето со витамини Б, Бетавитамин се вика. Има 40 таблети за 125 денари и пишува дека се пие 1 таблета дневно. Чудно! Некој што се разбира нека ми објасни, нели беше 3х2=6 таблети дневно? Во друга аптека пак, големо пакување 375 таблети имаше за 200 и нешто денари, се зезнав. Кога ќе ги потрошам овие, тоа ќе го купам. Упатете ме како да ги пијам таблетиве, испив 2 за денес но дали да пијам уште 2пати по 2 или треба 1 како што пишува? Збунета сум, а планирам да ги пијам континуирано до крај на април.