^ Твоите не се баш таблетки од браншата на оние апла пивските, т.е. воопшто не се. Тоа ти се Б-витамини со ред други минерали и додатни витамини. Чим се пијат еднаш, такви се - јас оние малецките Б-комплекс црните ко бони топ ги заменив пред скоро две години со овие и тврдам дека се поквалитетни, ама не се на база на пивски квасец. Инаку, супер се за ноктите и косата, пиј си ги, нема да ти штетат. И се пијат само еднаш дневно.
јас еве пијам скоро 2 месеца али не редовно..првиот месец редовно но сега кога како...и невидов ни килце ни коса нисто...јас ги имам оние германските ..
Пишува на нив Пивски квасец Бетавитамин (со Б-витамини), кога побарав пивски квасец овие пакетчиња ми ги дадоа и жената ми рече само тие ги имаат засега а имало многу врсти, со железо, со цинк ми се чини, во вид на капсули, прав итн. Значи пивски квасец се, само не тој стариот што го знаеме сите. А тој обичниот што пишува само Пивски квасец на него е тој другиот 375 таблети што напишав погоре... Од овие дур ги потрошам решив да пијам по 2 на ден, а ќе ги купам и другите па со другите ќе продолжам овие нека си седат за онака...
jas pocnav da pijam PIVSKI KVASEC od vcera pa da vidime sto kje bide....edvaj cekam inaku sum 168 cm so 40 kg i nemam zdravstveni problemi, a apcinjata gi pijam isklucivo za ZDEBELUVANJE !
По колку на ден се пијат?Инаку ако може некој да ми каже дали се добри од виталиа капсулите со пивкси квасеш?Благодарам..
Пијам јас од капсулите некогаш заборавам,некогаш по 15 на ден,еднаш испив и 20 и нешто.. Ноктите и косата се забележува дека растата побрзо ама тоа е за 1 милиметар за 3 недели,ете кај мене толку,а сакав да прашам , пивкси квасец во прав колку мг да земам и по колку се пие ? Благодарам однапред.
Почнав да си пијам пивски квасец и заедно со него ми се врати и кандидата во голема мера аман веќе.А ми го препорачаа,слабечка сум а и богат е со витамин Б и сега незнам што да правам да го прекинам или не а пресрекна си бев ај реков ке си ставам некое килце
Направив мало истражување во врска со пивскиот квасец и дојдов до следниот заклучок. Во пивскиот квасец го нема целиот спектар на Б комплекс витамините. Тој не го содржи витаминот Б12 (коболамин) кој всушност предизвикува зголемување на апетитот. „Б12 (коболамин). Го зголемува апетитот и помага во превенцијата од анемија. (извор http://www.femina.mk/здравје/витамини-и-минерали/витамини-б ) Одредени производители на пивски квасец дополнително го додаваат витаминот Б 12 во производот за да биде застапен целиот спектар на Б комплекс витамините. Па според некоја логика оној пивски квасец кој нема додатоци односно плус витамини не би требало да предизвика зголемување на апетитот, а со тоа и здебелување на лицето кое го конзумира. Затоа барајте на опаковката точно кои витамини се застапени се со цел да можете да ги искористите придобивките на пивскиот квасец за поубави нокти, кожа и коса, а притоа да не се здебелите. А додека оние кои сакаат да го користат за накачување на телесната тежина нека побараат со дополнително додадени витамини односно витаминот Б12.
јас пиам и има резултати навистина го купив 530 ден. со 500 таблети на Amos Vital,германска фирма го пијаам во енормни количини.. по 10 таблети на ден
Јас го пиев на ESI - италијанска фирма го има во Зегин. 375 таблети се во едно кутивче, и цената е околу 200 и нешто денари.
Значи вака, ја парарелно си држам диета и пијам пивски квасец.Апетит не зголемува барем кај мене.Пијам по 3 пати на ден по пет таблети, што значи 15.Го пијам пред се за косата и ми расне ненормално. ЈА се надам дека до декември ке имам коса до гз, со оглед на тоа дека секој месец косата расне по 3 цм од него пијам мн вода.Само во диетата вика да не внесувам јаглехидрати а во пивскиот квасец ги има и сеа ... Прво мислев нема да функционира, слабеам да , ама мн бавно И ја го пијам тој од Амос Витал го купив 470 ден од аптека со 500 таблети и мислам дека нема никад да го прекинам.Ја и пред тоа си имав нежно лице ко на бебе ама и сеа ми е така , така да ... Пред се го пијам ради косата и навистина е за респект
Ги пијам овие, како додаок во исхраната. Пишува 3 пати по две апчиња, али јас пијам 2 пати по две. Лицето ми е за нијанса почисто, а немам воопшто зголемен апетит. Косата ми расте споро како и обично, а ноктите ги чувствувам поцврсти. Инаку читав дека требало да се пијат 5 месеци за да се исчисти лицето со помош на квасец, така што бидете трпеливи, сигурно истото важи и за другите причини поради кои ги користите
Истиве и јас ги пиев, косата мене ми растеше побрзо, немав зголемен апетит и мислам дека уште повеќе ослабев. Така да, овие воопшто не се за здебелување и зголемување на апетитот. Сега ми е криво што плеснав толку пари за нив, а ми остана цело такво дали 20 испив..