Обожавам пижами со некој интересен принт и понекогаш сакам и цел ден да си го поминам во нив, кога немам обврски.
Не сум голем љубител на пижами од причина што многу и не ми е важно што ќе облечам за спиење. Сепак еве нешто и од мене
Обожавам пижами со мечиња, мини маус... слаткички така. Али си имам и едни црни скроз со мече на горниот дел, и тие многу си ги сакам. Исто тука се и свилените секси пижами. Абе сите за различна пригода. Само никако не можам да сфатам како некој сака да го помине денот во пижами. Јас станувам ќе поседам 10 минути во пижами додека да се измијам, и одма се пресоблекувам. Како прво јас не се чувстувам убаво ми се чини како цел ден да сум го преспала ако останам подолго со пижами на мене. И да сум станала во 9 сатот а се преоблечам во 12 ми се чини тогаш сум се разбудила. Најубаво ми е да си се преслечам, да се измијам, и да си пијам какао во домашна облека. Како второ нити ми е па хигиенски да се шетам по цел ден со пижамите, сакам само во чиста постела да си бидам со нив. А уште повеќе не можам да ги сфатам оние кои дури и до продавница одат со пижами, мислам ало. Сите бактерии од надвор во постела, и ко некој гаштар ке се пафтам надвор со нешто што е стриктно за дома. Абе ајде.
Сакам Пижами ако немам обврски можам и цел ден да го поминам во нив... еве некоја слика... моите се нешто слични...
Нема ништо поубаво од пижами! All day, all night. Вчера те барав цело време,цела вечер сакав да те почувствувам на моето тело но после морав да одам со друга в кревет каде беше моја ПИЖАМО?
Девојки сакам вакви целосни пижамчиња, а не сум сретнала до сега. Ако некој видел, моли лепо да ме извести .
Спојлер Не сум видела нигде.. Но имав како помала едноделни пижамчиња, и со нив се маскирав. Ама од кај ми беа, Господ знае.. Еве слика од тие, и јас во нив. х)
Јас имав таква ко имав 14-15 години со шарки на жаба. Со куси ракави и со куси панталони цело, ист модел како на сликите, со копшета. Многу го сакав, зш ми беше слатко, али многу незгодно. Ми сметаше, кога одев во вц. Мораше да соблечам горниот дел ( а обично под пижама не носам ништо друго ) и во вц бев гола и ме нервираше тоја факт. Од ладното се расонвев и ежев... Јас многу сакам пижами. Обевезно 100% памук! Си бев купила една лани од Бугарија-многу лесна, тенка, а пак топли, нежна на допир, бојата е бебешко лилаво и ми е омилена во моментов
Нешто најмногу што не сакам да носам тоа се пижами. Едноставно не ги трпам, посебно не долги. Убави ми се да ги гледам, сакам повеќето да ги имам, ама склет ме фаќа кога ги носам. Никогаш не спијам во пижами, секогаш носам кратки шорцеви и маичка по прерамки не битно дали е лето или зима. Имам само еден пар пижами со долги ракави кои си седат во плакарот и чекаат да бидат облечени кога ќе одам на село, инаку така си стојат еднаш-два пати дали се облечени, можеби и ми се смалиле.
Си имам 2 пара нови за зимава и уште сакам Едните ми се од Стружанка (не ми се веруваше дека има толку убави таму(на моделот мислам)) розевки. Горниот дел е како блуза, а долниот кариран со широк ластик. Тесни се, слатки и ефтини. Другите од Екстрим интимо, ги обожавам, колку се само меки Иначе не седам по дома во пижами. Едноставно сакам кога ќе си легнам да си имам слатки, удобни и чисти пижами.