Девојки, предлог места во Скопје за пикник? Не многу далечни (негде каде се оди оди со такси или бус). Некое мирно, изолирано место, за со саканиот да избегаш еден ден од гужвата.
Да, размислував на Козјак, ама некако мн е далеку за со такси - 40km е, а и јас незнам дали има автобуси што идат натаму...
Езеро Треска. Имаш автобус до таму, ама незнам број. Прекрасни сенки, имаш и масички дрвени со клупи за да си седнеш. Чиста трева. Има посетители, ама слабо е, нема гужва и културна дистанца меѓу ,,чергите,, Има вода (чешми), има два мали ресторани за кафе и сладолед. Има и отворени места за да седиш а има и скришна ладовина за ,,гугање,, Ова е за пикник. Предлог за ручек на интимно место далеку од сите -Регент клуб -Марков Манастир. Имаш и до таму автобус. Има базен со лежалки. Отмено и луксузно место со пристојни цени
Ова пристојни цени да споредиш со некое место во Скопје? И ме интересира претпоставувам треба да се резервира маса за викенд, посебно сега, гледам дека е баш убаво местово.
Матка е преубава, ама има премногу гужва, особено за викенди е хаос. Јас барам некое мирно местенце во природа за пикник
За мене е убаво и мирно место Бродец и има едно етно ресторанче,не ми текнува како се вика....ама ми се бендиса
Да си знаеш дека ако одиш викенд на Матка со автобус, за назад автобусите што ги пишува не тргаат од горе, ако е премногу гужва и има мн автобуси и коли. Од искуство. Викендов моравме пола саат пешки да одиме за да сфатиме дека е предалеку станицата и си отидовме стопер...
Јас со кола бев,а има и автобуси од тие селските.Тоа е на Скопска Црна Гора,а Бродец е нај високо.Ресторанчето се вика вила Елена,ги разгледав сликите и ми текна
@strelec231992 За жал, автобус има само до с. Побожје, а до Бродец има уште 5-6 км кои треба пешки да се изодат... Не е баш изводливо... Единствена опција ви е кола. Ако сум грешка нека ме поправи некој.
1.Бродец 2.Кучково 3.Марков Манстир Матка не би ти ја препорачала има премногу гужва,и не е баш за пикник