Ама нека понесат повеќе храна за ,,гостите,, од грмушките кои ќе чекаат да не ќе се деси нешто...да не огладнат чекајќи
Може звучи смешно,ама јас би го предложила Пеленица (така ако се викаше) во Драчево.И автобус оди само незнам кој број.
Јас еве сега како што гледам на Maps, автобус директно до Марков манастир не иде. Блиску до него има некои села, со селските автобуси може до таму ама после има доста пешки за одење, најдобро со кола.
Водно, Матка, Треска, Скопска Црна Гора, Марков манастир, Пеленица-Драчево...Само проблемот е што обично автобусите до овие места се доста ретки или пак не одат скроз до посакуваната локација па треба плус и пешки да се оди.
Мене ми се оди до езерово козјак наредна недела но како што гледам, автобуси нема. Каде би можела да се распрашам да не има комбе до некоја локација натаму? И за треска кој автобус одел?
За Козјак колку што знам нема превоз, мора со автомобил или крајна опција такси што претпоставувам секако мора да се договориш за земање и имај во предвид дека сумата ќе биде доста висока. А за Треска би требало да врши работа истата линија бр. 60 која оди накај Матка само може ќе треба пешки да се оди напред или назад во зависност од тоа каде е станицата.
На Матка е најубаво за пикник, особено во пролет. И во Драчево на Пеленица исто сме терале со друштво убави пикници. Лошо е што нема автобуски превоз до многу локации што се баш убави за пикник, па ако немаш превоз со кола ограничен си каде може да идеш .
Кај ме потсетивте на местово, одамна не сум била, во основно не носеа на екскурзии. Со автобус се стига до таму, знае некој точно?