Јас вежбам пилатес имам Max 3 од Т-Мобиле и таму имат бесплатно да ги гледаш и ти да вежбаш како нив и така вежбам по 2h днево сега не знам со учењево дали ќе имам време
Аа многу е убаво а и пари не трошиш многу месечно евтино е баш ќе прашам и ќе ти кажам ако не ела лп ќе ти кажам
Јас планирам деновиве да почнам со пилатес.Ама кажете ми дали се слабее од пилатесот? Пошто тоа е последното нешто што ми треба,бајаги сум слабичка
Па, не. Има многу други подобри алтернативи за слабеење, од пилатесот. Пилатесот според мене е за затегнување на мускули, на некој начин размрдување на целото тело...Јас секогаш после пилатес сум се чувствувала како препородена, како нова. А не сум забележала дека сум слабеела.
девојки препорачајте кај да вежбам пилатес, некаде во центар? ( и притоа ако може цена да ми кажете) фалаа однаппред
Powerhouse Pilates, позади пазарчето Буњаковец. Месечно е 1000 ден, одиш три пати неделно. https://www.facebook.com/POWERHOUSE-PILATES-by-Irina-Mitevska-43089327534/timeline/
Скоро година дена вежбам пилатес и сум презадоволна. Телото целосно ми се обликуваше и сите мускули ми се зацврстија. Јас сум доста слаба, и пред да почнам да вежбам не бев толку затегната, а сега сум и слаба и со мали стегнати мускулчиња. Само од пилатес и ништо друго, ни теретана, ни вежбање кардио. Значи го препорачувам, а освен тоа е и многу забавно и тој еден час вежбање не го ни чувствувам колку брзо ми поминува.
Веќе две години вежбам пилатес и многу ми се допаѓа. Забавно е, и ДА, некогаш ми беше многу напорно, но откако сменив студио ми е супер. Можам да кажам дека претставуваше прилично малтретирање во претходното, со дерење со сè, и реквизити кои мене лично не ми одговараа. Кога почнувам во септември секогаш слабеам, но потоа се навикнувам и се стабилизирам, па како што напишала девојката во постот погоре, си уживам во стегнатите мускулчиња и големата самодоверба.
Јас вежбам пилатес и многу ми се допаѓа Одам веќе 3 месеци,и за кратко време има резултати секако ако ги правите вежбите правилно,што порано почнав со вежбање тоа поубаво мислам Веднаш некако почнав да се "обликувам" што би се рекло ми се појавија и abs имам два стомачни мускула на стомакот,слабо се гледаат ама ефективно е најмногу ги сакам стомачните вежби. Нема поубаво од пилатес
Кое е тоа студио каде што си дозволуваат да се дерат на вежбачите? Барем да знаеме ние останатите кога ќе бираме, и така ова е анонимен форум
сакам да се запишам во пилатес студиото на ирина митевска во дебар маало дали е добро, има ефекти и може да се ослабе и зацврсти телото и дали ти даваат совети за исхрана таму ? ако знаете било каква информација пишете за таму
Јас имам одено пред неколку години. Мене ми беше супер. Напорно е вежбање, особено ако редовно не вежбаш. Ми се допаѓа тоа што користат различни реквизити. А за ефекти има, ама ако редовно одиш .
епа јас сум пуничка и сакам да ослабам и по можност да се зајакнам и ме интересира за колку време ќе има ефект и што исхрана би требало да имам?
Мислам дека ќе ослабиш а и ќе зајакнеш. За ефект, по 3 или 4 месеци минимум. Во однос на исхраната внесувај повеќе јаглехидрати (зеленчук, овошје), протеини ( пилешко, риба, мисиркино).
Се работи за студиото на Ирина. Имав прекрасно искуство со една нејзина инструкторка, но замина во странство, па дојде она да држи. Мене лично ми пречеше што многу малку време се посветуваше на загревање и што се немаше основно разбирање дека не можеш секогаш да вежбаш со ист интензитет. Зборувам за денови со циклус, кога си преморен и тн. Плус што го запоставија најновото студио и не носеа реквизити во него за разлика од другите 3 студија. Не е фер, на сите четири локации плаќавме исто. Значи не го напаѓам студиото, само кажувам свое мислење На секој му одговараат различни работи. Откако сум во друго студио се преродив. Воопшто не ми е напорно, а имам подобри резултати.