Дали сте пробале wall pilates? Често ми излегуваат реклами на Инстаграм. Ама се е со плаќање, па не знам дали да пробам. Или можеби знаете некоја бесплатна програма, YouTube видеа или сл.?
Дали некој знае некаде да има термини од сабајле? Било кое време до кај 16 часот зашто после тоа имам обврски со децата.
Hey, Во Фитнес Авенија има утрински часови за пилатес,пишете им слободно https://instagram.com/fitnessavenue.sk?igshid=MzRlODBiNWFlZA==
Јас ги контактирав ама некако ко да немаат формирано групи и мора најава претходно дали ќе одиш или не, во колку часот, ваљда инструкторите доаѓаат посебно за клиентите уште…
Пилатес имаат во 8часот и 12часот. Јас со другарка вежбав во 08 часот ама се изротирав покасно поради работни обврски.
Здраво, може ли да ми препорачате некое пилатес студио, тотал боди, околу универзална сала, дебар маало. По можност да имаат почетнички или средно ниво на групи. Поздрав.
Најде некое местенце? Јас пробувам демек дома да вежбам ама ... За да останам со здрав памет, сакам да идам некаде и луѓе да има со мене вака цело време дома.
Како да прочитав негде дека е отвоено студио за пилатес или тотал боди нешто такво, на Ул. Македонска Бригада во трите згради на Голден арт сптори Дион во Аеродром. Дали некој има инфо кое студио е? Или препорачајте студио за пилатес во Аеродром?
Јас одам во Фитнес Авенија, ги препорачувам. Fitness avenue се на инстаграм, можеш слободно да им пишеш, жената што ги води часовите е ептен фина.
Ѕирнав сега на кратко, мислев фитнес со справи но гледам часови за пилатес држи изгледа. Ќе и пишам за повеќе инфо, ептен ми одговара локацијата. Ти благодарам
Знам дека имаат и функционални тренинзи тотал боди и пилатес. Јас на пилатес одам и супер е, се потам исто како во теретана два саати )
Каде одиш ти? Видов имаат нова локација кај Прота зградата. Не ми одговара таму а немаат слободен терминод 18:00 часот, затоа не ги контактирав.
Во аеродром се, карши блок или палма кафичот исто ти се фаќа во зградата. Пиши им најдобро за да ти кажат и термини и каде се наоѓаат точно.