Nelche, прашај во La Mond, спроти Тинексот кај Трудбеник трговскиот. Мислам дека таму имаше едно време, не знам дали уште има. Тоа е секако фитнес и аеробик клуб за жени. Имаше и пилатес. Јас кога одев, инструкторката беше на породилно отсуство, па одев само на фитнес и аеробик. Немој да си се зезнала со аеробикот, нема инструктор, ти пуштаат само видео касети, што ми е малку глупаво. За така, и дома знам да си вежбам. А справи имаше добри, па си вежбав на нив, без поголемо оптоварување и со инструкции од газдарицата.
Пилатесот не е вежбање на справи.Има пилатес на повеќе локации преку ФИТОНЕ www.fitone.com.mk и кога држи Милица вреди да се оди мислам дека е 1000 ден поз
Значи обожавам пилатес.Мислам дека дури повеќе почнав ова да вежбам,отколку што вежбав фитнес и аеробик порано.Супер е и мислам дека е најдобро за зацврстување на телото.
ех вака сега тие што вежбаат пилатес да кажат дали се опасни вежбите со топка, бидејќи слушнав дека некои од вежбите се многу тешки а и видно многу ризични како на пример превртување преку топка... што јас очигледно нема да го направам никогаш а друго имам искривување на кичмата и дали овие вежби нешто помагаат во исправување на грбот, правилно држење итн.
Првиот пат кога бев на час по пилатес, се скапав од туфкање дека за џабе си ги фрлив парите. Се ми беше така статично и чудно. Другиот ден кога се разбудив сабајлето ме болеа мускули кои не ни имав појма дека постојат на мене Денес обожавам пилатес, си купив и топка за дома, баш ми ја препорачаја за тоа што имав проблеми со грбот. Иначе само се зацврстуваат мускулите, а за зголемување на обемот сепак фитнесот е најдобар.
Идев една година на пилатес и ми текнува првиот пат на топка смешки беше,немавме појма како што и само паѓавме,летавме над топките,ама се се увежбува,ако се некои вежби ептен тешки не те форсираат,а и кога е почетник некој,нагласуваат кои вежби да не ги прават,битно има ефекти од пилатесот,после секои вежби осеќав како секое можно мускулче и ковче ми е истегнато,особено после мат пилатесот.
екстра е пилатесот, јас вежбам веќе 2 месеци, на прв поглед изгледа многу наивно, али воопшто не е, баш фактот дека вежбите се прават споро мислам дека се потешки..... резултатите се очигледни во однос на истегнување, раздвиженост, обликување, после секое вежбање се осеќам екстра, едноставно ве полни со позитивна енергија, јас дефинитивно уживам во пилатесот и не би го мењала за ништо
Ако мислите дека ќе ослабете...подобро е фитнес или аеробик нешто такво. Пилатесот е само за зацврстување мусклили и оформување. Има примеси на јога (зависи кој пилатес го вежбате, некој повеќе некој помалце) така што после секој час јас се осеќам мнооогу добро, а имам и резултати, ми се познаваат мускулчињата (не е нападно) после 2 месеци вежбање 2-3 пати во неделата. Супер е!
За тешки, тешки се вежбите на топка, но со тек на време, малку по малку, ќе се навикнеш, ќе стекнеш поголема концентрација и рамнотежа за да можеш да ги изведеш. А никако не се ризични, бидејќи вежбаш под надзор на инструктор. Најстрашно што може де са деси е грч во мускул, ама ќе си пиеш магнезиум и по малку вода за време на вежбањето и нема гајле. А што се однесува до искривувањето на рбетот, пилатесот е нешто најефикасно што можеш да го примениш (од искуство ). Јас имам сколиоза веќе 15 години (од основно негде) и што се не испробав......вежбање во козле, пливање, фитнес, физикална терапија со масажи и ништо. Пилатес вежбам 3 месеца веќе и осеќам мноооогу големо подобрување, почнуваат ковчињата и мускулите да си доаѓаат на место
Штом се зацврстуваат и оформуваат мускули, може да се ослабне, затоа што така формираните и цврсти мускули ќе ги трошат масните наслаги за енергија. Затоа и пилатесот е добар за слабеење без билдање.
Дали некој има информации за пилатес во Кисела Вода? Се утепувам од пешачење до салата каде што вежбам моментално и нон-стоп се распрашувам за некое студио во близина, али најдов само аеробик и фитнес, пилатес никако. Дај помагајте?
koj saka da vezba aerobik i pilates neka poveli, vo nas lisice ima sekoj den casovi. informacii na tel.070986601
Cакам да се запишам на пилатес,ама после Hова година,сега гужва ке има,кнап ми е се надевам ке има резултати,многу сакам да ослабам
моја дамнесна зелба ми е да посетувам цасови по пилатес но финансискиот дел ми е за сега колапс се надевам на подобро, па мозеби во иднина ли на аеробик латино денс аеробик и двете знам дека се супер, и еве каде мозес да прасас LAMBADA - има и аеробик(латино денс) и пилатес, и латино, и румба, и хип хоп модерни игри и микс аеробик и после породилен аеробик. Еден месец за аеробик и за пилтес е 1200 денари, мене ме интересирасе па си прасав а се наога на ул. Алберт Ајнстајн бр9/1-1 кај Вардар Мебел од спротива.
Женски давајте моб. телефон, адреси, веб сајтови и сл. Сакам и јас да се запишам во аеродром/ Ново лисиче
к-а-т-е-н-ц-е- одам во топ форма, карши универзална сала и сум презадоволна, можеш да ги најдеш и на интернет и на фејсбук, во зависност од тоа дали одиш само на пилатес или комбинираш аеробик или латино фитнес цените се од 1500-2000 месечно, 6 пати неделно