Јас вчера почнав со пилатес, и се чувстував преубаво- не осетив кога помина еден час вежбање. Вежбавме со топки, и некако поинтересно ми се виде од аеробикот. Дефинитивно ќе продолжам
Одев на пилатес лани ова време и вежбав околу 5-6 месеци. Морам да признаам дека е одлично за подобрување на кондицијата и еластичноста, но мене ми беше потребно да симнам некое килце па затоа и прекинав. Во секој случај го препорачувам за оние кои сакаат да се размрдаат, да се тегнат, да се шират и слично...
Јај одам на пилатес. Почнав зимото одев пола година, кога заврши летото пак почнав. Супер ми е, доколку ги правиш вежбите точно, болат мускулите значи има ефект и стварно се чуствувам убаво. Ќе одам цела година до летото па здравје ќе ви кажам дали има резултати. Иначе јас одам за да се стегнам и најмногу за стомакот пошто малце ми е надвор од нормала а не за да ослабам.
Пилатес почнав да вежбам лани, а оваа година продолжив пак. Првенствено тргнав заради слабеење и зацврстување на мускулите, но подоцна продолжив затоа што се чувствував прекрасно после секој час. Како да ја истурав целата негативна енергија со вежбите. Бара многу кондиција, но има видливи ефекти за многу брзо време.
Дали знаете каде можам да најдам опрема за пилатес за да си купам? Топка, тегови, ластици и такви чуда?
Eве ме мене на темата после 2 недели. За пилатесот можам да кажам дека е најдоброто нешто што сум го направила за себе во последниот период- се чувствувам прекрасно, немам веќе болки во грбот, негативната енергија излегува од мене, а јас сум насмеана а богами и многу позатегната. Овие резултати ги немав од аеробикот- задникот ми е многу поцврст, дури и целулитот ми се поднамали. Јадам дури и повеќе од порано, а не се дебелеам. Што да кажам освен да го препорачам за сите кои чувствуваат некаква болка во телото од неактивност, нервозни се, и сакат да направат нешто добро за сопственото тело Јас дефинитивно ќе продолжам, па макар надвор било -30
Јас веќе година дена го практикувам пилатесот, имам вежбано се и свашта и ова ми е најдоброто што сум го одбрала до сега затоа и најдолго се имам задржано на тоа Вежбите воопшто не се напорни и не замраат, можеби дека јас и претходно имав кондиција. Вежбањето многу ми помогна за подобрување на мојот кардио систем.
Дали има некој искуство со пилатесот во Fit One? http://fitone.com.mk/ZaFitOne/ZaFitOne.html Сакам да почнам со обичен пилатес, не power-пилатес, па да го комбинирам со зумба кај дечкиве, но би сакала прво да прочитам нечие искуство и колку е задоволен. Часовите ги држел дипломиран ДИФ-овец, малку повозрасен маж. Не е на одмет ако има некоја да ми предложи и друг клуб каде што има обичен пилатес, а да сте задоволни.
Јас сум одела во POWERHOUSE PILATES и супер ми било.А можеш и еден час бесплатно да вежбаш да видиш дали ти се допаѓа.Се вежба со топки,со медицинарки,имаат различни реквизити
Јас одам веќе еден месец во FitOne и супер е, задоволна сум сега за сега, па ќе видиме понатаму резултати дали и какви ќе има
Јас одам на пилатес во fitone веќе 5-6 месеци и сум презадоволна. Резултати забележав после првиот месец, позатегната сум ама не ослабев. Добро јас не ни сакав да ослабам, таман сум само сакав да се затегнам па затоа не ни пазев на исхрана Ако те интересира уште нешто слободно прашај
Незнам колкава си , ама јас имам 15 години и јас сакав да се запишам, ама ко што гледа се постари идат....имаат врска годините или?
Нема врска. Спорт е тоа, ништо страшно Колку порано толку подобро. Идат постари зашто чекале прво да фатат целулитче, салце, килце некое па да почнат да работат на случајот
Навистина ли постои нешто што ќе ми ги намали болките во грбот и нервозата? Морам и јас ова да го пробам, кај нас нема пилатес, па дома ќе вежбам. Треба ли да си купам од таа топката или постојат и вежби без неа?