Maгнолија- не верувам дека вежбањето дома ќе го има истиот бенефит како вежбањето во сала со група и инструкторка која ќе ти посочи како правилно да ги правиш вежбите, но не губиш ништо ако пробаш. Јас ти советувам дефинитивно да купиш топка- ние сите вежби ги правиме со топка (некои ги правиме плус со тегчиња) и јас немам зборови да опишам колку полесно се вежба со нејзина помош и колку е поголем ефектот, не можам да поверувам колку сум позатегната, навистина. А нервозата- ја нема Девојки, запишете се на пилатес- препорачувам, ептен!
Епа ок , фала... Е сега да не знаете кај има пилатес во аеродром/центар, па и ново лисиче?[/quote] Има во Љубен Лапе во аеродром и Лазо Ангеловски во ново лисиче за други места не знам
Не знам број ама види на старанава може ќе најдеш тоа шо ти треба http://www.fitone.com.mk/Lokacii/Blaze.html
Пилатес, Аеробик, Зумба во Аеродром Дали некој знае каде во Аеродром се одржуваат часови по аеробик, пилатес или зумба? Ако можете кажете и број или време на термините. Фала однапред
везбам пилатес неполн месец-со мала пауза , и навистина е супер малку има болки во коските и мускулите(што е нормално) за почеток ама сепак вреди да се проба
Па во продавници за спортска опрема. Со сигурност ја има во Топ Шоп, а топ шоп има во Рамстор, во подрумот доле.
Купив топка, ми беше мерак и вежбав 2-3 дена, после оставив. Сега ја скакам угоре, удоле само ми смета.
^Татко ми ми вика да си купам топка, тегови, ластици и сите потребни работи, ама никако да сфати дека не е само до опремата. Знам дека и да ги купам - дома нема да вежбам. А кога ќе отидам на пилатес, многу е поинаку. Собрани жени во една соба, муабети, смеење, а таму морам да вежбам. Се натпреваруваме која повеќе ќе издржи
Да, да дома немам никаква инспирација. Немам ни каде да одам, кај нас нема никакви пилатеси, аеробици и други активности. Кога би можела, би одела постојано.
Девојки а колку пати неделно одите на пилатес? Дека во сите школи во аеродром се оди 2 пати неделно и некако малце ми изгледа..