Одам во Ѓорче кај Бранимир и Бранкица. 900 денари е двапати месечно, а 1000 три пати месечно. Можеби салата не е екстра, ама затоа тренерите се супер, а тоа ми е важно.
Дали има некој искуство со пилатес растегливите траки и ако некој знае каде можат да се набавт и колку пари се ???
Не проверив дали има таква информација на темава...Дали некој знае каде има центар за пилатес во битола?
Си добив пилатес топка и и се мерачам да почнам да вежбам. Е сега ме интересира дали некој знае некој добро вежби кои може да си ги симнам. Јас се утепав по барање од интернет и не најдов ништо интересно. Благодарија.
^^^ Повели Ова се серии на вежби и траат подолго, околу 20-тина минути, ама затоа се повеќе од ефективни Пробај ги, па пиши како иде http://www.youtube.com/watch?v=mcc0x-pqjDM http://www.youtube.com/watch?v=-rjdpSew ... creen&NR=1 http://www.youtube.com/watch?v=h8FYg2If ... re=related http://www.youtube.com/watch?feature=en ... vFeA4&NR=1
Сега правам два месеци пауза, заради обврски со испитни сесии, ама здравје од февруари планирам пак да почнам. Прв пат на пилатес отидов лани, по препорака на другарка и одев се до летниот период кога паузираа со часови. Па наесен почнав пак. Има ефекти, не само за зацврстување на телото, туку и ослободување од стресот. Се чувствувам толку олеснето кога ќе дојдам дома после часот. Одам три пати неделно и плаќам смешна сума од 700 ден. А и многу сум задоволна од инструкторката. Постојано не набљудува дали правилно ги правиме вежбите, затоа што инаку не би имало ефект. И ни препорача во шишенцата со вода што ги носиме, да ставаме неколку капки лимон, за побрзо да се топат маснотиите
Исти ве вежби јас ги правам на фитнес, и не ми се баш многу лесни пилатесов бара континуирано вежбање зошто е напорен, а кај мене на фитнес часовите што ги одам ми се комбинирани(еден час аеробик, па зумба, па пилатес и на крај кондициони вежби) Иначе девојчето што не вежба вика дека пилатесот е една од најубавите работи, така да убаво е да се поседува пилатес!
Се одржуваат .Еве ти ги на фејсбук http://www.facebook.com/pages/POWERHOUSE-PILATES-by-Irina-Mitevska/43089327534
Praski4e ќе можеш ли да ми дадеш контакт од инструкторките/от ? јас сум во ново лисиче па ми одговара на 15 мин сум до сан сет... а и не е скапо 800 ден за цел месец Или можам туку така да си се појавам на некој термин и да продолжам да си идам кога сакам ? Тогаш.....кое време се одржуваат часовите?
Девојки, има ли некоја информација дали има некој пилатес центар во автокоманда или во близина Таму ми е најблиску ама не сум многу запознаена И уште нешто, дали може кој месец сакаш да се уклучиш во група или постојат одредени термини кога примаат нови клиенти? Не се смејте на моето незнаење .. конечно решив да пробам, се надевам ќе го биде
Јас одам на пилатес и аеробик во Аеродром, часовите се одржуваат во просториите на училиштата Блаже Конески, Љубен Лапе и Лазо Ангелески За термините види си на страната на fitone А инаку вака да ти кажам дека планирам да не одам на пилатес, бидејќи немам никакви ефекти, не се изморувам...но од аеробикот морам да се пофалам ;D
Топки за пилатес незнам каде има во Охрид ама во Скопје има во Џамбо по 299 ден. се, ако имаш роднини тука порачај им...
Не се исти тие од Џамбо и тие што се продаваат во продавници за спортска опрема - овие од Џамбо се многу лесни, за разлика од овие на Кетлер на пример . Со потешка топка има повеќе ефект вежбањето, вака со лесна, лесно ќе ги правиш вежбите, ама послаб ќе биде ефектот врз телото.
Имам пробано со вакви топки,еднаш летоска 2011 на камп. Напорно е мора да се признае,можеби по напорно од теретана...сложени се вежбите треба да се навикнеш дур постигнеш ефект.Лошо е како и да е
Дали некој ја имаа топката од орифлејм? не е скапа, 600 ден е, а мислам дека оди со пумпа гратис. Башка топката е така тешкичка, не е ко балон., Само не знам дали би била убава за вежбање. Некое искуство??