^^ Колку што можам да прочитам во ситниот опис, топкава е 55ка, што значи за пониски луѓе е. Пилатес топките имаат големини, така да кога купуваш треба да внимаваш да биде соодветна за твојата висина. Незнам со каква пумпа иде во комплет, но јас мојата кога ја пумпав господ го видов во пижами кога пробав прво со пумпа за точак. Видов не бива така и фино лепо си ја напумпав со компресор за кола, иако и така почекав може 20-30мин додека да ја добијам соодветната големина (мојата топка е најголема). Ја купив од една продавница за спортска опрема спроди влада во блокот (одма до семафорите) за 750 ден.
Најблиску до Кисела Вода е МАГНУС, веднаш над подвозникот во новата зграда. Тел бр 072 222 222 или www.magnus.com.mk
Здраво Јас веќе четири месеци активно се занимавам со пилатес и сум презадоволна. Оваа година после мојот роденден решив да си се почастам и да си купам топка за пилатес. Размислував дали да се запишам на некој од фитнес центрите во мојот град, но кога се распрашав ми кажаа дека пилатесот со топка ретко го практикуваат и дека кога го практикуваат цело време се зезаат. Затоа почнав сама секој ден околу 45 мин да правам пилатес вежби со топка, искомбинирани од тука на фемина, од разни магазини и од на јутуб и знете што? Чувството е одлично. После секоја сесија се чувствувам преродена, болките во грбот ми ги снемува и добивам насмевка. Покрај лек за телото, пилатес е и лек за душата. Eдни од поомилените вежби ми се овие http://www.youtube.com/watch?v=mcc0x-pqjDM, после завршувањето можеш да почувствуваш промени. Уживам во пилатесот, и и јас мислам дека не мора да одиш во фитнес центри за да го практикуваш, се што ти треба е топка, убава просторија, релаксирачка музика и листа на вежби.
Девојки ги читав вашите постови на темава и некаде прочитав дека имало и пилатес вежби без топка. Каде можам да ги најдам на интернет. АЈ ако може некој линк ако знаете...
Повели http://www.youtube.com/watch?v=fdMptxZv4hQ http://www.youtube.com/watch?v=UKFOCo0Y ... ure=fvwrel http://www.youtube.com/watch?v=ZkTTv3Gj ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=lCg_gh_f ... ure=fvwrel
Во последно време гледам вакви топки за пилатес со боцки. Што е нивната предност, а што е негативност кај нив?
Постабилни се при вежбање, на пример неможе да ти бега топката лево - десно додека вежбаш. Мислам може ама не колку што може онаа без боцки. Јас така имам приметено каде што одев на пилатес, некогаш ми се погодуваше ваква топка и поубаво ми беше што неморав да се замарам многу за лизгањето на топката.
Ваљда се постабилни .. баш вчера прашував во една продавница по колку пари се и овие со боцки се по 1200 ден а тие што се без по 400 ден.
А во која продавница праша, некоја за спортска опрема или обична? Зашто јас видов вакви топки во Орка пред некое време и беа 600 денари.
Од овие со боцки имаше во дуќанот каде што ја купив мојата, беа 850ден, а обичната беше 600 или 700, не сум сигурна. Продавницава за спортска опрема е на ќошот во блокот спроти влада.
Луѓе дали некој ги земал топката и ластиците од џамбо дали се ефективни?? Не се скапи али дали вредат за вежбање??? Или кој земал топка и ластици од други места да ми кажете каде во скопје и цена отприлика??ви благодарам
Ги земав само ластиците со рачки биле онака добри се за растегнување низ стан... за топката сепак не се одлучив најдобро да почнам прво негде да се запишам зш дома нема да вежбам 100%
Ја прочитав цела тема и кога видов дека помага при болките во грбот, а и за сколиозата, реков дека одма ќе ја пробам. Ќе ги правам вежбите без топка кои ги постави Шери .. Спојлер .. но не знам колку време вежбање би било доволно за прв пат. Знам дека нема да осетам ако се префорсирам, тоа ќе го осетам после неколку часа, па затоа прашувам. Не сакам да има некои последици па поради тоа да баталам нешто што навистина може да помогне.
и јас да се приклучам, јас цел живот се бавам со спортови (од одбојка, пливање па до тае бо, аеробик, пилатес...) откако го повредив грбот лекарот ми препорача само пилатес, јога или пливање и јас пробав пилатес и најискрено не сум видела толку добар ефект ни од тае бо ни од аеробик, буквално секое мускулче на телото се тонира...а плус и ми помогна многу за грбот така да Л-енна ако имаш проблем со грб/половина јас ти препорачувам да идеш ..јас лично повеќе преферирам да идам некаде организирано оти дома никогаш нема да почнам
Јас изгледа неделава ќе почнам да одам на пилатес и планирам цела година да ја одам,ама се мислам и за во теретана,бидејќи сакам да ми се познава мускул на рака,стомачни...ова може ли да се постичне со пилатес или сепак да си одам јас во теретана ?