1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилатес

Дискусија во 'Фитнес' започната од Viiiiip, 11 јануари 2010.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    За тоа оди си во теретана. И пилатесот оформува но дава резултати дури после пола година како дефиниција на такви мускули како што сакаш ти дури и една година и повторно нема да се познаваат интензивно. Но тоа не значи дека нема да бидеш затегната и дека нема да имаш никакви ефекти од пилатесот. Во теретана можеш да согоруваш повеќе калории и побрзо да добиеш дефиниција на мускулите. Но кога вежбаш на пример раце во теретана вежбаш само раце, кога вежбаш стомак вежбаш само стомак, додека во пилатес за секој вежба користиш повеќе мускули, од различни алги ги обликува и го истегнува целото тело. Плус пилатесот ќе ти донесе и психолошки придобивки, не е напорен тренингот.
    Сега бирај :)
     
  2. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Па јас мислев ако одам на пилатес,и по дома да си ги правам стомачните што си ги правам веќе неколку месеца,а од теретана и тоа што викаш само еден дел ќе ми се зацврсти од телото,а не целосно...ќе видам ќе одам неколку часа на пилатес,а успат ќе ѕирнам да видам како е со теретанава...сепак фала :)
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас бев живи радости кога успеав да го направам конусот и тоа серија од 10 влечења.
    Многу ми беше тешко да одржам баланс и најчесто се тркалав како топка :wasntme:
    [​IMG]
    Вака изгледа лесно да ја влечеш и пушташ топката со стапалата кон градите, ама е многу тешко.

    Со одмориве изгубив кондиција, ама уште утре планирам да почнам дома со вежби. Стомачните не ми се баш омилени, ама тие за нозе и задник воопшто не ми се тешки, дури и забавни ми се.
     
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    се мислам помеѓу пилатес и аеробик? што мислите што би било по ок за мене со оглед на тоа дека и немам баш некоја кондиција :?: :?: :?:
     
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Одел ли некој на пилатес во Црниче кај Св. Петка? Го меркам одамна местото пошто ми е близу, ми изгледа дека е добро :?:
     
  6. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас официјално почнувам од понеделник со пилатес и сакам да ве прашам дали стомакот се израмнува од пилатес,за дефинирани стомачни ќе си правам по дома вежби од јутуб,ама дали ќе ми се израмни стомакот од пилатесов? :?:
     
  7. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Колку што разбрав од мислењава што ги прочитав, се слабее ама минимално, затоа што првенствено вежбите се за затегнување, истегнување и рамнотежа. Не е толку сконцентрирано на трошење калории.

    Мислам дека би било совршено кога ќе се додадат 2-3 кардио тренинга во неделата ако сакаш малку да ослабеш некој дел од телото. Дали трчање, дали точак или нешто слично.
     
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Па си мислев по дома да си правам кардио,ама со тие вежби нема само стомакот да ми ослабне туку и други делови од телото,а јас веќе сум си слаба,52-3кг сум,само за стомакот ми е ептен малце да ми се израмни,не се ни приметува,сите ми викаат дека ми е рамен,ама сепак јас си приметувам.
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Giovana јас одев таму долго време, планирам од Октомври да почнам пак. Местото е супер средено и ги има сите потребни реквизити. Чисто е и климатизирано, ги има сите услови за вежбање, а и девојката што ни беше тренер - Ана е супер. Не се ни скапи така да go for it :)
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  10. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас и сестра ми веќе неколку месеци вежбаме пилатес - сестра ми малку поактивно од мене. :$

    Сестра ми ги најде вежбиве на нет и доста се ефикасни. Мене некои ми се тешки за правење, а воедно и не се осмелувам поради тоа што сум оперирана на клучната коска и ме фаќа паника да не се повредам.
    Како и да е, доста се корисни за подобрување на сколиозата.

    Видете ги овие вежби, добри се:

    http://www.youtube.com/watch?v=mcc0x-pqjDM
     
  11. rosonerka34

    rosonerka34 Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    Девојки сакав да ве прашам да не знаете дали има пилатес некаде во Ѓорче или Влае :)) читав низ предходните страници ама неможев да најдаммм!!!
     
  12. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    ^
    Во Влае нема, ама во Ѓорче во пожарната што се просториите (одма карши црквата) има часови по аеробик па би требало и пилатес да има. Т.е до некаде сум сигурна дека држат и такви часови, само да не зборам без везе, најдобро ќе биде да отидеш на лице место :D.
     
  13. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Сакам да прашам колку кила издржува пилатес топката? :^) :^) :^) :^) :^)
     
  14. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.486
    Допаѓања:
    5.839
    Пол:
    Женски
    Издржуваат не се секирај ;). Плус има различни големини, ќе си земеш од поголемите. ( А ако планираш да си купуваш за дома, ќе прашаш во продавницата, ма да мислам дека нема врска ) :)
     
  15. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Јас не сакам да ослабам драстично... сакам да го намалам вишокот кој го имам на стомакот (не е голем) и сакам да ги зацврстам и обликувам останатите делови од телото.

    Дали при вежбање на пилатес, би го постигнала ова, без да внимавам на исхраната?

    Не јадам мрсна или пржена храна, претежно јадам варени и печени работи.... ама, откако почнав да вежбам, почнав да чувствувам грижа на совест откако ќе изедам 3 кришки :tmi:

    Инаку, пилатесот е супер. Првите часови ми беа многу тешки, ми се тресеа нозете по вежбање... ама сега некако многу лесно и исполнето се чувствувам :)
     
  16. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Јас мислам дека се ослабува.Мајка ми оди на пилатес двапати неделно веќе година ипол и ослабена е бајаги а и многу подобро се чувствува.Поисполнето,поактивно,посвежо,препородено.Си јаде се што сака(а она не јаде многу,таква е) и пак полека,полека си слабее :) Мислам дека има ефекти ;)
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Пилатесот многу добро го оформува телото јас одев едно време и баш бев зацврстена,ама сега ме има фатено мрза па имам баталено.
     
  18. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Дали само мене ми е потешко на часовите по пилатес мат од оние часови кога имаме пилатес на топка? Што мислите вие? Досега бев само на еден час по пилатес мат и имам во план на тоа да не идам. Многу ми беше претешко. Се мислам да си продолжам само на пилатес ball, аеробик и зумба.

    Јас искрено сум презадоволна од Топформа - http://www.votopforma.com.mk/.
    Пред се секогаш е чисто и групите не се многу големи. Е сега може е така бидејќи одам од сабајле. Исто така да ги пофалам и инструкторите. Добро ги покажуваат вежбите и секогаш кажуваат кога нешто правиш погрешно. И ептен професионално ми изгледаат. Нема некои безвезални муабети. Стриктно влегуваме и вежбаме. Може некој не трпи таков начин и сака малку џа бу муабети, но верувајте ако сакате да ослабете или да постигнете било какви резултати ова е тоа. Барем според мене.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    ^^
    А, да не се откажуваш?
    Баш затоа што е напорно има и резултати :)

    Не мораш да правиш целосна серија од вежбите, прави по 5, па ќе успееш и по 7 и по 10 и за некое време ќе правиш онолку колку што треба :)

    Од мене имаш зелено светло, за да продолжиш да одиш и на мат пилатесот ;)
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.171
    Фала за предлогот. И јас сакам да издржам и да одам ама :?: . Мене искрено најмногу болки ми се појавија кај прстите на нозете од вежбањето. Другите болки во мускулите ги издржувам некако ама овие кај прстињата ми се ужасни. Ај ќе бидам упорна.