1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пила (SAW) [2004-2010]

Дискусија во 'Филмови' започната од Doberman, 27 јануари 2011.

  1. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    [​IMG]

    Прекрасен серијал од 7 дела со одлична порака за животот. :!:
    Првиот дел од серијалот „Пила„ (SAW) ислезе во октомври 2004 на „Ноќта на вештерките-Halloween„ и оттогаш секоја година традиционално на Halloween излегува нов дел од серијалот Пила.
    Досега се снимени 7 дела и најверојатно 7-миот дел ќе биде последен.
    Последниот 7 дел е снимен во 3D.

    Овој филм спаѓа во психолошки хорор/трилери и не е за секој бидејќи има многу гадни и потресни сцени (кој го гледал знае за што зборувам) но исто така овој филм ќе ве натера да размислите што всушност значи нашиот живот и колку го цениме,бидејќи кога ќе дојдеме на работ на смртта дури тогаш сваќаме колку ни е мил и колку ни значи животот,но некогаш може да биде касно за да се поправат грешките.

    Од мене имате голема препорака за сите 7 дела и кој не е гадлив нека ги гледа сите 7 дела.
    Филмовите имаат скриена порака и мислам дека секој што ќе се задлабочи во филмот ќе ја свати пораката.
    Јас извлеков поука од овој серијал и ви го препорачувам да го погледнете.
    Ги имам изгледано сите 7 дела и можам да кажам дека сите се фантастични и секој дел си е посебен и убав на свој начин,исто има и прекрасна музика, и секој дел завршува со разврска и буквално ќе ве остави со подотворена уста.

    Нема многу да откривам за што се работи во филмовите,само ќе кажам дека се работи за еден човек кој што замалку има избегнато од смртта и дури тогаш сваќа колку е важен животот,но секојдневно гледајќи ги луѓето околу себе како не го ценат животот решава да ги стави на тест и почнува да игра смртоносна игра.

    Трејлеров е од последниот 7-ми дел.

    http://www.youtube.com/watch?v=nVQZIJr6z2g
     
    На ludoto19, Legadema, Mayyya и 2 други им се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Најдобар психолошки филм на сите времиња! Прекрасен, го обожавам сите 7 дела ги имам гледано повеќе од 2 пати :) Супер е, и секако после гледањево на филмот следи прашањево- Колку далеку си спремен да одиш за да преживееш?Дефинититвно е на 1во место на мојата листа на најомилен филм!

    И да се останува со отворена уста на крај! Жигсав си го обожавам тој човек :lol: Може е психопат, ама ги учи на памет тие грешните :rofl: Не, тој не ги убива, тие самите себеси си се убиваат ако не се ослободат од замката! Топ, мора да го гледа секој што го нема гледано! :) Ако излезе и 8 ќе се посреќам...Зашто како заврши 7от дел, хм, остава простор за размислување, а
    Хофман секогаш наоѓа начин да излезе од го*ната
     
  3. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    Добар психолошки трилер, ми е криво што сеуште го немам 7 дел гледано ...а за останатите немам зборови одлично се смислени, сакам вакви филмови
     
  4. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    483
    Го имам гледано само првиот дел или вториот појма немам и тоа го немам изгледано до крај затоа што ми е малце гадно.Моето слабо срце не би издржало...:$
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.455
    Пол:
    Женски
    Јас го гледав последниот дел т.е го премижав последниот дел.
    Одвратно, гнасно, јас не знам на кој психопатски мозок му текнале такви работи. :puke:
     
  6. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    435
    Допаѓања:
    3.269
    Пол:
    Женски
    Седмиот дел од пила го урива имиџот на останатите шест. Не отстапува од идејата и сценариото на другите делови, ама е со најнизок буџет снимен. Глумата е под ниво и е снимен со многу лоша камера. Не очекував толкава утка, иначе подендакво е крвав како и другите.
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Е ова е нешто што не можам да го гледам. Не сакам хорори и некако ептен ми е гаден филмов. Во Романија, атер на друштвото, отидов да го гледам на 3Д. И верувале или не, на пола филм ја напуштив салата. :$
     
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    грешка си! баш за 7от дел е потрошен најголем буџет.и плус е на 3д! A сега ако ти си го гледала на нет, и е со лоша снимка тоа значи дека е сниман во кино, т.е кино снимка било
    за 1от сав беше потрошен само 1 милион долари, а заработи преку 115 милиони
    во просек за останатите сав делови е трошено од 3-8 милиони, освен за 3д, мислам дека беа потрошени некои 17 милиони! :)
     
  9. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    179
    Не сум го сеушто гледала, но судејки по вашите коментари, се гледа дека е добар. Ајде ке го гледам ако си најдам друштво за да се дереме заедно а ако не пак, сама :D
     
  10. ohoho

    ohoho Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    100
    уффф страва е филмов адреналин 100 !!! Баш ми е криво што ги немам гледано 6 и 7 дел ама овие 5 што ги имам ми се едни од омилените филмови.Обожавам психолошки хорор/трилери !
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Сум ги гледала првите четири дела и останав ваква :o .
    Дефинитивно еден од најдобрите филмови што сум го гледала, се е одлично смислено и навистина некои работи се одвратни, ама сепак одличен филм.
     
  12. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Не сум ги гледала сите делови, ама многу се интересни, и кога гледавме, мајка ми се зачуди-како гледате?! :D
    Ама многу интересни се, со важни пораки за животот...
    Дефинитивно омилен хорор/психолошки филм. :clap:
     
  13. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    По одвратен филм мислам дека немам гледано. Па тоа крвишта насекаде, ама сепак ми се допаѓа начинот на одвивање на дејствието. Арен е ама не е за луѓе со слаб стомак.
     
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Мене вакви филмови не ми се страшни. Всушност, јас сакам да глеам крв. Мислам, како да кажам, не ми е гад од тоа и баш ми е интересно.

    Ноо, имам гледано само 1 дел, и тоа беше или IV или VI. :D Сум заборавила. Знам на почетокот, кога требаа да си сечат дел од тело, кој стави повеќе, т.е. поголема тежина ќе се спаси. И девојката ќе си ја отсече раката. Ај нека ме потсети некој кој дел е... :?:
     
  15. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на црнката што ќе си ја сечи раката, тогаш мислиш на VI. :)
     
  16. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    ме остави без зборови :worried: :worried: :worried: иако е малку повеќе крвови касапења и слично :x
     
  17. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Еден од ретките толку оригинално и успешно снимени филмови. Ги имам гледано сите седум дела, и голем фан сум. Али океј, разбирам ако на некого не му се допадне филмот, сепак е за тие со поспецифичен вкус кога се во прашање филмовите, а посебно вакви, со крв насекаде. :) :)
     
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Одличен психолошки филм.
    И психопатски. :D
    Музиката е нешто особено добро сработено. Како мава во мозок, ау.

    Џигсо.
    Каков психопат е тој, алал му вера.
    Не ми е страшен филмот, ама многу ми е гаден и потресителен. Си плачам на него де. :$
    Никогаш нема да ја заборавам сцената кога еден е притизнат меѓу 2 ѕида. Нешто така. Полицаец или не знам што беше. Одамна ми е гледан. :)
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Aniston

    Aniston Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    234
    Најдобар филм во изсотријата на филмската индустрија :inlove: Малку ми беше гад, но приказната за секој дел ми е едноставно... :inlove: Најомилени ми се 1 и 2 дел :)
     
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.577
    Првиот дел ми беше впечатлив, но иако секој нареден дел имаше нови моменти и нов расплет самиот вкалапен концепт на одвивање на дејството - група луѓе на тесен простор се борат за својот живот кој им е максимално загрозен по сценарио на болен психопат на умирање, прави да ми бледее ентузијазмот, ги имам изгледано повеќето делови, добра е пораката која се пренесува околу (не)вреднувањето на сопствениот живот и не сум многу вознемирена од сцените бидејќи како љубител на овој жанр сум видела далеку поесктремни, иако не се за потценување крипи моментот и блади сцените и овде.