Нешто ново сум одкрила .Го печев на тостер и мнооогу фкусно излезе.Предходно два саат стоеше со зачини и после само на тостерот како тост Баш како скара.
Пилешко со ориз Пилешки стек Ориз Кромид Мешавина зеленчук Прво се вари стекот, се сецка на коцки, се вари и зеленчукот. Се запржува пола главица кромид да зарумени се додава ориз по желба, се додава и стекот, сол и вегета и малку вода. На крај се додава и зеленчукот и се става вода да се свари оризот, додека не изврие водата. Се надевам ќе ви се допадне
Ова е мој рецепт за пилешки стек - испробано и многу вкусно Пилешко месо со печурки во сос од павлака Состојки: 500гр пилешки гради, 200гр шампињони, 1 морков, 1 кромид, вегета, кари, бибер и 1 кисела павлака (искрено јас не правам ништо со мера, се` ставам “отприлика“ ) Прво во тава со малку вода се става кромидот ситно исечкан и морковот на коцки па се додава месото исечено на коцки, по потреба се додава вода додека убаво да омекне, потоа се додаваат зачините по вкус (вегета, бибер, кари). Кога е месото при крај се додаваат печурките. Настрана павлаката се меша со малку брашно и вода па се става во тавата кај месото, убаво се промешува додека да се згусне. И тоа е тоа, лесно и вкусно!
Подпржете го пилешкото на коцки исечкано, потоа во истиот зејтин подпржете компир на коцкички исечкано, печурки и кромид. Во тепсија се става потпрженото му ставате златна мешавина плус и два домата излупени и исечени на помали парчиња или повеке зависи од тоа колку стек сте употребиле и една чаша топла вода. Сето се става во рерна да се потпече 30-40 мин. Зависи од вкус дали сакаш по суво или по сочно . Јас го сакам по суво и затоа го печам повеќе.
Пилешки стек и царска мешавина Потребно: 2-3 парчиња пилешки стек 1 пакување царска мешавина(брокула, карфиол, морков) 5-6 големи лажици кечап сол и бибер масло за готвење Пилешкиот стек се сечка на парчиња и се пржи на загреано масло. Во друг сад се вари царската мешавина колку да омекне(но не многу). Кога стекот ќе биде зацрвен, мешавината се цади од водата и се додава во стекот. Се додава сол и бибер по желба и се пржи. При крајот се додава кечапот и се пржи уште 2-3 минути. Наздравје!
Девојки ај малце помош. Денес сакам да правам прв пат пилешко во бел сос. Најдов еден рецепт на интернет што најмалце намирници има и најлесно ми изгледа дека ќе го направам како за прв пат, па имам едно прашање. 500 гр пилешко 350 гр свежи шампињони 30-40 гр путер 150 мл млеко 8 зденки црн пипер по вкус Ова се пишаните состојки, сакам да ве прашам дали може во ова да не го ставам млекото(погоре што сте пишувале ретко која ставила млеко) и наместо зденки да ставам кисела павлака (со што ќе биде повкусно?)? Хелп
Може без млеко, ама наместо кисела павлака, стави неутрална павлака за готвење. Киселата павлака станува како урда кога се загрева и дава многу кисел вкус, мене лично не ми се допаѓа па ја избегнувам во вакви јадења и ставам неутрална за готвење. Поубаво ќе ти се растопат и зденките во неа.
Неутрална павлака и зденки. За да ти се растопат зденките во убав и кремаст сос. Мене не ми се допаѓа кога има само зденки, зашто стануваат како путер, а јас сакам кремаст сос. Затоа е ставено млекото во рецептот, во него да се растопуваат зденките. Наместо млеко, стави неутрална павлака.
Pomos Kako da napravam socen stek da ne e kako kamen dali da go svaram malce prefhodno pa na gril tava ... imase i nesto mislam vo senf da stoi... iskustva?
Јас ги валкам стековите во прашокот од супа од печурки, ги редам во подмачкан плех, ставам малку вода, малку млеко и хопла...сол не, вегета не, оти супата е солена и печам ок0лу 25 мин.
Ако е саламурен ке биде сочен секако.Можеш да го продинсташ продинсташ со бело винце,а можеш и одвечер да го спремиш со сенф.Битно солата да ја ставиш дури пред пржење,оти инаку ке биде суво месото.
Маги кесичка со 4 вида сирење за пилешко,на тивок оган со малце вода и крем за готвење се раствора, додавате по желба што сакате, јас углавном ставам кашкавал, зденки и пеќурки. Многу малце и треба на смесата да се соедини и згусне. Потоа, претходно спржениот стек,исечкан на коцкички го додавам во истата тава да се соедини со сосот, и вуала едно од највкусните ствари што некогаш имате пробано Друга опција, иста постапка со сосот може да се искористи за запечен стек во рерна.
Саламурен стек = стар стек. Обично стекот што им е пред расипување го саламурат за да трае ден - два подолго Исто, не го вари. Варен па пржен е дефинитивно сув. Можеш во сенф, ама единствен трик за сочно пилешко ти е да ме го препржиш/пресушиш. Маринирај го во вино, Балсамико, јогурт, зачин за пилешко масло и вода. Опции имаш колку сакаш.
Го запржуваш кратко и после додаваш околу 100мл бело вино,и на тивко оставаш да крчка,кога ке испари ако сакаш можеш да додадеш и малку вода, да поврие и на крај засили ко огинот да се запржи убаво. Еве ти убав рецепт вака имам правено само копанчиња. http://gotvi.mk/2018/01/28/pilesko-so-vino/
Devojki pravev denes peceno pilesko prvo wo folija malku izvri vo rerna posle ja trgnav folijata i malce da se zapeci boja da dobie..se vkusno ubavo amq mnogu suv stekot edvaj se dzvakase.. sto da napraam za sleden pat
Најдобро да го измаринираш во лимонов сок и вегета малку, доколку сакаш сенф додади си,но сенфот го менува вкусот,не го омекнува месото