Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.668
    Допаѓања:
    1.011
    Пол:
    Женски
    Kako peceniot stek da.ne mi bide suv???
     
  2. Belgin1

    Belgin1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    596
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Стек ретко печам, освен со ориз или компири.
    А за пржениот стек да не е е сув треба да го пржите на помала температура ем нема да ви прска.
    Пример јас електричниот шпорет го пуштам на 3 да се загрее, стваам и масло во тавче да се загрее потоа го намалувам на 1 и ставам парчиња стек и се пржат полека, кога ќе заруменат малку ги вадам и така се многу убави и сочни.
     
  3. lost123

    lost123 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    1.715
    Допаѓања:
    25.793
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам, денес сакам да правам пилешко во сос со сино сирење и неутрална павлака, па ме интересира дали ќе биде убаво за јадење за утре? (Сакам да направам повеќе за на работа за една блиска личност)
     
  4. bella24

    bella24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    563
    Допаѓања:
    788
    ситно сецкано пилешко се пржи се додава лукче и сол, се додава 2 лажици брашно се запржува се налева 200мл вода 300 мл млеко, се згуснува, па се додаваат пола пакетче варени макарони, се вари уште 4 5 мин заедно, бибер по желба а може и рендан кашкавал.. ручек готов за 30 40 мин
     
    На Николаниче и SunnyGirl2 им се допаѓа ова.
  5. Ciel

    Ciel Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Пилешко бело месо во мајонез
    Потребно е:
    1,5кг пилешко месо
    800г руска салата
    300мл мајонез
    200мл аспих
    80г моркови
    Една главица целер
    Пашканат
    Кромид
    Ловоров лист
    Сол
    Мелен црн пипер
    Магдонос
    Маслинки
    ‘Рдокви
    Приготвување:
    Бело пилешко месо се става да се вари, при што се додаваат моркови, целер, пашканат, ловоров лист, црн пипер во зрна, кромид, корен од магдонос. Вареното пилешко кога ќе се олади се сече на еднакви парчиња или во цела форма, декоративно се реди на однапред формирана подлога од руска салта и се шемизира со растопен аспих. Од страните се гарнира со мајонез и ситно сечен аспих. Се декорира со маслинки, листови од магдонос, ловоров лист.
     
  6. Nalla

    Nalla Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2018
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    Најдобрата рецепта за слатко кисело што ја имам најдено на нет.

    ЗА МАРИНАДАТА ќе Ви треба:

    Половина кафена лажичка сол
    Половина кафена лажичка соја сос
    1 супена лажица пченкарен скроб
    1 супена лажица студена вода
    1 жолчка

    ЗА ЈАДЕЊЕТО ќе Ви треба:
    400 грама пилешко месо
    1 црвена пиперка
    2 мали моркови
    1 главица кромид
    3 кругчиња ананас

    ЗА СОСОТ ќе Ви треба:
    4 супени лажици оцет
    4 супени лажици кечап
    4 супени лажици шеќер
    5 супени лажици студена вода
    5 супени лажици сок од ананас
    3 кафени лажички пченкарен скроб
    1 супена лажица сол
    Сол, бибер и маслиново масло

    Чекор 1: Прво однапред ќе ја направиме маринадата… Сите состојки измешајте ги заедно во длабока чинија… Жолчката ќе им помогне да се врзат и да го покријат месото.

    Следно ставете го пилешкото. Добро покријте го со сос и потоа ставете го во фрижидер најмалку 30 минути… Подобро е ако тоа одстои преку ноќ, но и 30 минути ќе и овозможат на маринадата да го постигне својот ефект.

    Чекор 2: Исечкајте го зеленчукот… Исечете ја црвената пиперка, потоа излупете ги морковите на ленти и исечкајте го кромидот на кругови.
    На крај исечкајте го ананасот на коцки…

    Чекор 3: Следен ќе го правиме сосот… Ставете ги сите состојки заедно во длабок сад и добро измешајте ги… Овие состојки ќе ги искористиме на крајот на готвењето.

    Чекор 4: Време е за готвење: Загрејте ја тавата И ставете го пилешкото во маслото и пржете го со мешање... Кога месото ќе добие боја тргнете го на страна… Ставете малку масло и зеленчукот пржете го со мешање неколку минути за да омекне…

    Прелијте го месото со сосот и продолжете да го пржите за сосот да се згусне и готови сме со подготовката...
    Чекор 5: Направете подлога од ориз и врз оризот ставете го слатко киселото пилешко со лажица...

    ПРЕВКУСНО!:clap:
     
  7. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.289
    Допаѓања:
    10.631
    Пол:
    Женски
    Овде претежно од пилешко сте користеле стек,а нешто рецепт со копанчиња да кажете?
     
  8. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    740
    Ги мачкаш копаните со зачини. Ние обавезно кари ставаме. Ги ставаш во плех, додаваш зеленчук по желба. Може компир, кромид, тиквичка, лук, морков. Полеваш со зејтин а може и со пиво или вино. Покриваш со фолија , печеш час до час и половина на 180 степени.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.430
    Допаѓања:
    4.207
    Пол:
    Женски
    Одвечер маринирани,со бело вино лук и др зачини,наредниот ден ги валкаш во црвен пипер и сусам,и така ги пржиш.Или одвечер да киснат во пиво,зачини и мед растопено,нареден ден ги редиш на плех,и ги мачкаш со медот што се сталожил во садот со пивото и ги печеш.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Broken♡

    Broken♡ Активен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Има ли некој рецепт за пилешки прсти без презла
     
  11. jasbi

    jasbi Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    6.654
    Пол:
    Женски
    Napravi sos od pivo, jajca, brasno i zacini(sol, biberce). Gustinata da e malku pogusto od palacinki smesa. Iseckaj pileskoto na dolgnavesti parcinja i stavi gi vo sosot i ostavi da odstojat najmalku barem eden cas. Vo zagrean zejtin, no ne na mn jako stavaj da przis so viluska vednas stom gi vadis od sosot. So istiov sos i istata postapka mozes i fileti riba da przis, no ne mora da odstojat. Mozes kako gi stavas vo sosot ubavo potopeni, vednas na przenje.
    Se nadevam ti pomognav malce.
    Pisi kako ti se dopagaat na ovoj nacin ako gi pravis.
     
    На Sexybaby86 и Broken♡ им се допаѓа ова.
  12. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.645
    Допаѓања:
    15.792
    Пол:
    Женски
    Рецепт да ми даде некој,за пилешко во бел сос?
     
  13. nevermet18

    nevermet18 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    4.627
    Пол:
    Женски
    Јас вака го правам:
    Најпрво го сечам месото на коцки и го ставам да се вари сѐ додека не изврие водата (не му ставам многу вода, колку да го покрие). Заедно со него ставам и зачини. Откако ќе изврие водата додавам зејтин и го запржувам, не многу. На крај ставам павлака или млеко и брашно, а може да се додадат и 3-4 зденки и кога сметам дека е доволно густо го тргам од оган. Со него обично правам компири или ориз, а најчесто заедно со сето тоа и печурки.
     
    На Sexybaby86, Аргентина * и k.frosina им се допаѓа ова.