1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Пилешко, и начини на подготовка

    Наједноставен начин за печено пиле:
    Се што ви треба е пиле и сол
    Во тава се става околу 500 гр. сол и пилето откако ќе го измиете и избришете со крпа, го ставате врз солта-со градите надолу, загревате рерна на 180 и печете околу 1 час, додека не се вцрви...
    Нема потреба да се ставаат никакви зачини одозгора, ниту зејтин или вода, ниту пак да се свари пилето претходно или да се превртува во тек на печење...
    Скептик бев за рецептов али испадна одлично...
     
    На Masnickaaa, Phyramide и marama им се допаѓа ова.
  2. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    2.352
    Викендот ке пробам па ке пишам како излегло :)
     
  3. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    обична сол или морска?
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Јас го направив со обична ситна сол...
     
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Пијано пиле

    Се што ви треба е едно пиле, малку црн пипер и сол и едно пиво во стаклено шише. Најубаво шишето да е од потенките оти полесно ќе ви го бери во пилето. :nod: во пилето. Значи го миете убаво шишето и му ја вадите ектикетата. Потоа го чистите пилето од внатре и го посолувате. Е сега е јакиот дел. Шишето го пикате во пилето, ама претходно истурете околу четвртина од него. Го клавате во мало тавче, затоа што кога ќе се загрее пивото ќе почне да претекува и да го полева пилето па тавчето ви е да ја собира течноста. Печете на 200-220 степени додека се зацрвени убаво. Рецептов е проверен и многуу вкусен. Малце делот со силувањето на пилето е суров ама вреди. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На tace73 и manako им се допаѓа ова.
  6. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Oд мене еден рецепт :)
    -пилешки гради
    -печурки,морков,кромид
    -сос за шпагети,томатело или како ги викате не знам :?:
    Cецкате градите на коцки и ги додавате да се пржат,колку да добијат бела накај златна боја,сечкате кромидот,печурките,морковот и кога се ке испржи,го додавате сосот и оставате уште 2-3 минути да се згусне,после тоа е готово :)
    Mене овај рецепт многу ми го бендисуваат дома,а оди со пире :mm:

    п.с го пробав рецептот на џули77 и има необичен вкус,thaks for sharin it :)
     
    На julie77 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  7. aruba

    aruba Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Најпрво убаво да се одвари пилешкото месо, па потоа се сецча на коцки,
    настрана на оган се запрзува 1-2 главици кромид, се додаваат печурки, па се додава и местото, сол веѓета, црн бибер. Смесата се истура во претходно намрсена земјета тава. на оран се спрема сос: се пржи брашно 1-2 лажици зависи од густината, па се истура млеко и кога убаво ке згусне се истура во тавата со месо и одозгора тавата се покрива со кашкавал .......
    ммммммммм вкусно
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Многу интересни рецепти имате девојки, ќе пробам некој деновиве.

    Нам дома ни здосади од печеното коковче и пилешките прсти, па испробав еден многу едноставен, но вкусен рецепт.

    Маринирано пилешко
    Во обична ќеса се ставаат неколку парчиња исечени пилешки гради заедно со малку брашно, сол и бибер.
    Се протресува ќесата за да брашното и зачините убаво се налепат на пилешкото.
    Се префрла во огноотпорен сад или тавче кое претходно сте го намачкале со сосем малку масло.
    Мевцето се посипува со путер, значи 2-3 лажици ви се доволни и се пече во загреана рерна 25 минути на 230 степени.

    Во меѓувреме ќе си направите маринада, во оригиналниот рецепт пишуваше готова од конзерва, ама јас си направив свежа. Ништо посебно, ниту тешко, 2-3 зрели домати се сечкаат ситно или уште поубаво во блендер ако имате, заедно со свеж исечкан магдонос, лукче, кромид и омилените зачинки (јас ставив сол, бибер, оригано и малку чили).

    После 25-те минути печење на месото, се додава сосот од домати. Се посипува со малку пармезан одозгоре и се допекува усте 20-25 минути на намалена температура од 170 степени.

    Месото е неверојатно вкусно и многу свежо, заради доматите и сите билки и зачини.
     
    На tinkerbelll и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Абе на човека да му се пријаде читајќи ве. Си пуштив по некоја лига - две :lol:

    Еј еве ви и од мене рецепти. Овој првиот се вика „паприкаш“ - јас така го знам од мајка ми :)

    Сецкате пилешки гради (ако некој сака батаци и други делови, може и тие да се употребат). Класично се сецка кромид, се потпржува и потоа се додава буковец па и црвен мелен пипер, бибер, вегета, и се додава пилешкото. Се пржи убаво и при крај се залева со слатка павлака и се додава ловоров лист и цели зрнца црн бибер.
    Се јаде со билокакви тестенини :) Онака да не речам обично, селско јадење ама мене ми е ова превкусно, особено за претстојните зимски денови - со кисели краставички или туршија, мх мх :mm:

    Исто така многу сакам пилешки гради со праз. Место кромид, пржам праз, исто ги додавам омилените зачини, потоа пилешките гради и на крај повторно слатката павлака.
    Со тестенини или со компири ми е највкусно.

    Оваа павлакава ми е алфа и омега за пилешко како што гледам :D Ама вкусно ми е, ептен :)

    Исто така ако сте љубители на мувлосано сирење а ла рокфор, а јас сум, пилешките гради ги преполовувам односно ги полнам со сирењево и со игла ги „сошивам“ на страна и ставам на тавче да се пржат - или на скара уште поубаво. Сирењето внатре ќе се стопи, абе м!
    Варијации може да си правите со што сакате.
    Како сос може да си направите билокакво по ваш избор, мене најмногу ми одговара некаков бел сос, евентуално со печурки.
     
    На eli25 и Fearless им се допаѓа ова.
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас сега брзо научив ептен брз рецепт за подготовка на пилешко.
    Стек одмрзнат, му влегувам со чеканчето да го ослабам, го сечам на правоаголници мали, и редам еден ред стек, еден печурки, посолувам со цол и црн бибер, и пак така. На крај поливам со еден филџан млеко, и го ставам да се пече. Последниот пат пробав со крем супа од печурка наместо млеко уште поубаво беше.

    Ааа да и уште еден нов, тиквички издлабени, се полнат со смеса од обарен стек кој е измешан со настрана запржени домати со кромид. Се посолуваат и им се става оригано, и се ставаат да се печат. Пред 5 мин пред да се готови, одозгора им се става кашкавал да се стопи, и преубави се.
     
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    ја со пилешкото одам од една во друга крајност.
    вака општо не го сакам баш, мирисот најне, ама во пилешки прсти пример се давам. :D


    и сакам да прашам ако некој јадел Пилешко Во Бел Сос во Аlo-Аlo на Кеј или има на форумов некој што работи таму да ми каже рецепт како се прави? не сум пробала нешто повкусно на светов. а секој ден по 240 ден. не ми се дава. :)
     
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    да не знае некој рецепт за саламура за пилешко месо?
     
  13. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Јас од пилешки стек правам пилешки прсти со тартар сос,а инаку од пилешки копани го правам следново:
    Ги чистам копаните од коски и ги зачинувам со кари.Ги оставам да одстојат во фрижидер да примат убаво од карито.Потоа ставам на масло да се пржи кромид,лукче и кога ќе се зацрват додава печурки од тегла и морков (обарен) сецкан на кругови и месото.Го пржам сето тоа заедно додека не се испржат убаво печурките и месото и додавам зачини(сол,бибер,оригано,чили).При крај додавам доматен сос и го оставам да се крчка.
    Многу е вкусно ;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Рецептот е одличен, и јас го имам пробано. Нема нешто повкусно
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Уште еден рецепт од мене за вкусно пилешко месо :)
    Потребни состојки:
    Пилешки стек или копани
    Кашкавал
    Печурки
    Кромид
    Кари и други зачини по вкус
    Подготовка:
    Најпрво пилешкото се вари.Одкако ќе се свари се цепка на ситни парчиња.На масло се пржи кромидот и печурките,а кога ќе бидат прикрај се додава и месото(и зачини).Одкако ќе се испржи,на страна се прави бешамел сос(3 лажици брашно,масло и млеко да зоврие и да се згусне).
    Во тавче се реди пилешкото,па бешамел сосот,па кашкавал.Постапката се повторува додека имате од месото.Се потпекува 30 минути,и спремно е за јадење :)
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.020
    Девојки јадев пилешко со сос од јаболка,минатиот викенд на гости па ако знае некоја нешто околу ова нека ми пише рецепт-а :P
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Барем беше вкусно? Немаше благ вкус дека со јаболка? А со што беше послужено немаше ништо друго во сосот со јаболка? Прв пат слушам за сос од јаболка интересно звучи(ама немам идеја како се подготвува) :?:
     
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.020
    Па беше минимално благичко,и тоа сосот беше врз кокошката така се печело ваљда и кога ми кажаа што има за ручек си реков :puke: ,али кога пробав срам -несрам исчистив чинија :lol:
    Ајде ако се јави некоја со рецепт го правам јас и ве канам :bow:
     
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Моите бивши цимерки печеа така пиле во релна,ставаа во неа насецкано јаболко и лимон и уште некои зачини ,исто и надвор околу него и испаѓаше супер.Па пробај така :) Кога ќе комбинираш со зачини,нема да се осеќа благ вкус :)
     
  20. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    моето пилешко:

    Пилешкиот стек се сече на лентички и се посолува сезачинува со вегета бибер и малку сенф и се оставаат да одстојат потоа се пржат на врело масло и кога ке поруменат се додава малку вода да омекне месото .штом ке испари водата се става печеница сецкана или друго пушено месо и на крај се додава неутрална павлака и оригано малку да прокрчка и се вади. Прекрасно е
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.