1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Јас минатиот викенд пробав еден рецепт и прсти излижавме, прекрасно беше мевцето.

    Пилешко во кари сос
    Пилешки стек или копанчиња, сеедно, што ви се наоѓа (ако имате копанчиња прво ги подварувате малку да омекнат, а потоа пожелно би било да го исчистите месото од коските), а стекот се сечка на парченца, и се става во сад, зачинет со сол, бибер и сенф. Сенфот убаво да ги покрие сите мевциња и така да отстои едно 20-тина минутки.

    Се префрла месото на загреано масло и се пржи. После 2 минути се додава уште сосем малку сол, бибер, вегета и 2-3 лажички кари (по вкус).
    Се пржи уште малку, и се додава една чаша суво бело вино.
    Се остава да се динста додека не испари сосем виното.

    Месото е кревко, меко и сочно, а за вкусот :x ... нема поубаво.

    *Вака изгледа при крајот на подготовката, уште некоја минутка сосем да испари виното.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN2113.JPG
      DSCN2113.JPG
      Големина на фајлот:
      300,5 KB
      Прегледи:
      1.019
    На Libera, mims-89, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Belisima

    Belisima Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    26
    Канелони со пилешко месо:
    1 цело пиле
    1главица кромид
    2 јајца
    200мл млеко
    1 чаша кисела павлака
    кашкавал
    сол,бибер
    1 кутија канелони

    Бешамел сос:
    50гр.маргарин
    50гр.брашно
    500мл млеко

    Пилето се вари .Одкога ке се свари се чисти од коските и се сецка . Се подготвува бешамелот на маргаринот се пропржува брашното се додава млекото малку по малку да се згусне но да несе направат грутки. На масло се пржи кромидот кога ке постане стаклест се додава месото сецкано се пропржува и се дадава пола од бешамелот и се зачинува со сол и бибер по вкус. со оваа смеса се полнат канелоните неварени и се ставаат во пава за печење .во преостанатиот бешамел се додаваат 2 јајца 20мл млеко 1 кисела павлака и се зачинува со малку сол и бибер може и морско оревче и се преливаат канелоните се ренда кашакавал одозгора и се печат. прсти да излижеш
     
    На LivingGlam, Phyramide и eli25 им се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Jас општо не сум љубител на пилешко,и не го јадам, ни како батак, ни печено пиле, ни во сос,ни чукано :rofl: ептен ретко... AMA пилешки прсти............. крај! :D

    затоа ако има некоја фина цурка, да ми каже како се прават, ама нели со пиво и поховани, ама да не бидат меки на вкус, туку да крцкаат :)

    зашто на повеќето места каде што сум јадела не крцкаат, туку ко похована кременадла |(
    Eпе не сакам така, така не јадам, сакам да крцка :D
    дали пивото го прави така крцкаво или?? :$

    едит- во Pамстор имам јадено, и дефинитивно најубавите пилешки прсти :x Kако крцкаа, па со тоа сосот, абре мерак :)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    А Лудо, до кој степен сакаш да КРЦКА мор? :D како го нагласуваш, дури и звукот му го слушам кога КРЦКА!
    Ако сакаш да крцка, јас мислам да не се динста со вода туку онака природно да си се пржи „обвиткано“ со зачини, е тогаш е да речам потврдо на површина и крцкаво. Значи го сецкаш или сеедно не мора да го сецкаш, и додаваш маслинов зејтин, бибер, вегета, оригано, црвен пипер и го обвиткуваш мевцето во сите овие зачини и го ставаш во големо тавче со поклопец на ниска температура да крчка и после и ќе ти крцка :lol:

    Инаку мајка ми прави одлично јадење со пивце, односно и мене ме научи а многу е едноставно. Кога ќе ви стаса киселата зелка трк вадите главица, доволно ви е половина и ја сецкате сосема ситно. Ставате во тавче кромидче, го потпржувате, ја додавате зелкава, додавате ловоров лист и црн бибер (сол не е потребна бидејќи зелката е солена) и го додавате пилешкото месо да се подизпржи малку.
    Потоа истурате едно темно пиво и оставате да се готви на тивок оган. Јадењето е готово кога ќе испари пивото.

    Еј, многу е вкусно! :geek:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Аааа прстето ли сакаш да ти крцка? Па што не кажеш бе?! С’г ќу да ти објасну :D

    Епа сите крцкаат на почеток, нормално си го поховаш прстето со следниот редослед, брашно, јајце со млекце, презла со сусам, ставање во жежок ама ептен жежок зејтин.
    И после крцкаат бре!
    Овие вториве се отстоени некое време и не се тазе него се ко Харибо. Тие НЕ крцкаат! :D

    Не знам, мене секогаш ми крцка прстето. А дали имам некој secret ingredient кој ја зголемува крцкавоста, не знам баш.
    Му праам ху баба ху и од страв крцка! :D

    ЕДИТ. Сега ми текна бре, за гарантирано крцкање истолчи си малку corn flakes и додади во презлата, со нив обвиткај го прстето - е тек тоа како ќе ти крцкааа! :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Кога многу ми КРЦКААТ :D , мене ми е знак дека премногу се зејтиносале. Поим немам зошто, ама такво чувство имам.
    Ставам малку сусам во презлите, за да не се напијат многу масло. :lol:
    Лудо, еве ти еден рецепт, и јас ќе го пробам, во случајов овие се печат на хартија во рерна и по некоја логика може да се покрцкави. :?:
    Ќе пробам и ќе ти кажам, ако не си расположена за експерименти. ;)
    http://gurman.mk/recepti/za-ubav-ruchek ... chili-sos/
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    ти сигурно до сега веќе си го дознала рецептот ама еве и јас ќе постирам еден
    Пилешко со кикирики на кинески
    - 400 гр. пилешки стек
    - 50 гр. кикирики
    - 1 црвена бабура
    - 1 главица кромид
    - рендано морско оревче
    - 100 гр. ориз
    - 1 свежа зелена пиперка
    - брашно
    - соја сос
    - рендан ѓумбир
    - 1 лажица шери
    - масло за јадење
    - сол и црн пипер

    На даска за сечење пилешкото месо се сече на коцки. Парчињата пилешко месо се ставаат во керамичка тава. Месото се полева со шери и се ачинува со ренданото морско оревче. Зачинуваме и со ренданиот ѓумбир. Се промешува.
    Зовриената вода во тенџерето на оган се посолува. Потоа во тенџерето се става оризот да се вари. Се промешува. Го покриваме тенџерето со капак. Кромидот ситно го сечкаме. На бабурата и се отстранува рачката. Потоа бабурата се сецка на тенки кришки. И на зелената пиперка и се отстрануваат рачката и семките и се сече на поголеми парчиња. Во тава на оган ставаме масло за јадење и ги ставаме излупените кикирики да се пржат. За време на пржењето промешуваме. Потоа во тавата го додаваме соја сосот. Промешуваме и ја протресуваме тавата. Ја тргаме тавата од оган.
    На оган ставаме друга тава во која ставаме масло за јадење да се загрее. Претходно исечканиот кромид и пиперки се собираат на чинија. Потоа ги ставаме во тавата на оган да се пржат и промешуваме и посолуваме. Зачинуваме со мелен црн пипер. Повторно промешуваме. Ја покриваме тавата со капак.
    Потоа во тавата ги додаваме претходно испржените кикирики во соја сос. Промешуваме. Ја тргаме тавата од оган. На оган повторно ја враќаме првата тава. Во тавата додаваме масло за јадење. Во загреаното масло го ставаме пилешкото месо да се пржи. Промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Го тргаме капакот.
    Ги превртуваме парчињата месо за да се испржат од сите страни и ја покриваме тавата со капак. Во тавата со испрженото месо го додаваме преостанатиот соја сос. Промешуваме и ја протресуваме тавата. Потоа во тавата додаваме 1 лажица брашно и повторно промешуваме. Налеваме малку вода. Повторно промешуваме. Уште еднаш налеваме вода. Промешуваме. Во тавата ги додаваме испржените пиперки и кикирики. Промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Откако оризот е сварен го тргаме тенџерето од оган. Потоа и тавата ја тргаме од оган и ја ставаме на работната маса. Со црпалка во форма на куп на средината на чинијата го ставаме оризот. Околу него со голема лажица во форма на венец го ставаме пилешкото со кикирики на кинески начин. Украсуваме со гранчиња француски магдонос. Парче домат го сечкаме на ситни коцки. Парчињата домат ги ставаме врз купот од ориз. Декорацијата ја завршуваме со ситно сечкан магдонос.

    Ми изгледа дека ова трае подолго и треба мрцварење ама мислам дека вреди да се испроба.
     
    На mims-89 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    :D
    ммм супер , ке го пробам уште утре ;)
    јас правам пилешко со кари ама на следниот начин:
    Пилешки стек со кари сос
    Потребни состојки:
    -половина килограм пилешки стек
    -печурки, 200-300 грама
    -една павлака
    -зачин кари
    -кисели краставички(една до две, по желба)
    Најпрво пилешкиот стек го подваруваме малку. Потоа го сецкаме на мали парченца, а истото го правиме и со печурките
    и киселите краставички. Потоа на загреано масло го пржиме стекот, па ги додаваме печурките и киселите краставички, и се така заедно пржиме уште некоја минута. Најпосле ги додаваме павлаката и кари зачинот, и на крај се така измешано добива специвична жолто-зелена боја( кај мене не се гледа убаво бојата на сликата:) и прекрасен вкус!
     

    Прикачени фајлови:

    • 9.JPG
      9.JPG
      Големина на фајлот:
      258,2 KB
      Прегледи:
      851
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    јас си купувам од мега готови пилешки прсти, испоховани и само си ги прзам дома, ама во мн загреано масло и после тоа ми се крцкави, и си ги јадам со ориз ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC0000124.jpg
      DSC0000124.jpg
      Големина на фајлот:
      27,2 KB
      Прегледи:
      834
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Е фала ти Трендафилке за пилешкото во кари, превкусно е ;)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    *Медитерано*
    (го гледав вчера на тв, денес го подготвив,брзо и вкусно е навистина)
    -250 гр пилешко
    -50 гр говедска пршута
    -150 гр кисела павлака
    -неколку шери домати
    -малку магдонос и бибер
    -како додаток-обарен карфиол,брокула,гарнир од зеленчук и пекарски компир
    Пилешкото се сече на парченца, и се става да се пропржи.Откако ке зарумени,се додава пршутата исто исецкана на парченца како и месето(иста големина отприлика).Се пржи заедно.Се додава палваката и се остава да подинста со пилешкото и пршутата.Се додаваат и шери доматите,исецкани на поголеми парченца,и накрај и магодноносот и малку бибер.Се остава уште 3 мин заедно на рингла и се сервира.
     
  13. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Еве едно мое скромно рецептче.

    Состојки:
    1. стек
    2.печурки
    3.павлака
    4.сенф
    5. сол и црн пипер-бибер :wasntme:

    Затоа што во глобала не сум љубител на стек, многу ми е сув си го правам со сосче. Евтино е прилично и брзо. Значи се пржи стекот, претходно зачинет со вегета и бибер. Се прави сос за кој се потребни: печурки, павлака, сенф, бибер и сол. Количината искрено ја правам од око, зависи дали само за мене, или за сите дома (ова поретко се дешава :wasntme: ) така да за две средни парчиња стек помалце од полна дланка печурки, половина павлака од чашка, 2-3 лажички сенф. Нормално по вкус, јас сакам со повеќе сенф, дома моиве ги сакаат повеќе павлакести ( :^) ) Се сецкаат печурките ситно и се ставаат да се пропржат, ама со многу малце зејтинче и на потивок оган, се посолуваат за да пуштат побрзо и повеќе сок. На страна се соединуваат павлаката и сенфот, се додава бибер по вкус и многу малце сол, тука често утињам се случува и да ги пресолам, бидејќи и стекот е зачинет и печурките и ова, ама ок јас обожавам солено така да се јаде :D Откако ќе се пропржат печурките се додава сосчето и се меша на тивок оган 3-4 минутки додека не се добие потечна смеса, може да се остави и минутка да продинста без мешање. Потоа стековите се преливаат со сосот и толку!
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Потребно за еден (што не јаде многу :lol: ):
    1 пилешки стек
    1/2 чаша зелка исецкана како за салата
    1/2 морков
    2 полни лажици павлака

    Во рецептов можете и да додадете или одземете што сакате, главните состојки се стекот и павлаката. Што значи може да ставите и брокула, печурки,грашок, пиперка можеби... што имате по дома...

    Стекот се сецка на коцкички и се зачинува со вегета и бибер ( и кари по вкус), се става на загреано масло да се пржи, се става и морковчето исецкано на тенки кругчиња.
    Месото не треба премногу да се пржи па да се здрви целото, туку баш да биде меко и сочно.
    При крај на пржењето се додава зелката, се промешува, и се става павлаката. Се меша и се остава уште некоја минута додека се соединат другите состојки со павлаката.
    Одлично иде со грашок како гарнир, а може и грашокот да го додадете внатре.

    Време на подготовка - не повеќе од 15 минути. Брзо, но вкусно. Добар аптетит
     
  15. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Како да направам копани ? :?:
    Сама сум дома а ми се јаде нешто готвено,гледам има околу пола кило копано останати во фрижидер а и убаво би било да ги изненадам моите кога ќе дојдат од работа уморнни ете бар да им ја олеснам работата. :)
    Вака,прво да ги ставам да се варат и кога да знам дали се сварени и што понатака? :$
    И нека не биде некој многу сложен процес на подготовка нешто најлесно наједноставно пошто и немам којзнае какви зачини дома или што знам што ..На располагање е зелка,кромид,моркови,имаше и печурки ама многу малку и тоа би било тоа,ајде чекам што побрзо да пишете. :*
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Тркни до најблиската продавница и купи Маги сочно од рерна за пилешко. Стави ги во кесата , сипи ги зачините, и испечи. Ем наједноставно, ем највкусно. Нема шанси да не им се допадне на твоите. Проверено ;)

    И да, не сум слушнала никогаш дека се варат копани, за да се варат треба прво да им се отстрани коската, ама па варени не знам што би им правела после.
    Ако не ти се свиша идејата со Маги ќе треба да ги печеш. Зачини ги и стави ги да се печат.
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Најлесно и наједноставно. Свари ги копаните. Со вилушка кога ќе ги боцнеш треба месото да се кине, сфати нели. После излупи компири, исечи ги на парченца, нареди во тавче и додади ги копаните. Стави зачин и на едно и друго, поли зејтин. На крај додади водичка во тавчето од онаа во која се вареле копаните за да нели се испечат добро компирите.
     
  18. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    И мене ми текна на маги имам пробано и многууу е вкуснооо мјаммм,инаку сега дојде тато па се договоривме за маги да купи па да ги јадеме копаните со маги,па ако ништо друго барем мама да ја изненадиме. :)
     
  19. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Ајде шефови мои покажете се, ми се пријаде пилешко со портокал, ама guess what не знам како се прави :) па ако има некоја домаќинка што ќе ме просветли ќе и бидам благодарна до крајот на животот :) :) :)
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Пикантно пилешко во сос од лук:
    800 гр пилешки гради
    магдонос
    2 чешниња лук
    1 лажица црвен пипер
    100 гр мајонез
    1 лажичка вегета
    200 мл кисела павлака
    масло за јадење, сол и црн пипер
    Пилешките гради се сецкаат на тенки долгнавести парчиња се наросуваат со црвен пипер и вегета. Во тавче ставаме зејтин се пропржуваат и потоа се додава 150 мл вода и се остава да се динстаат. Во блендер се миксираат лукот и магдоносот со додаток на масло за јадење, а потоа се додаваат палваката и мајонезот и сето тоа убаво се меша. Одкако течноста од тавата ќе изврие се вадат пиешките гради и се преливаат со сосот.

    Необични пилешки крилца:
    1,5 кг пилешки крилца
    1/ лажичка чили
    2 лажици соја сос
    2 чешниња лук
    50 гр мајонез
    50 гр сенф
    масло за јадење, сол и црн пипер
    Пилешките крилца се сечат на половина и се пржат во поголема количина на зејтин. Во сад се ставаат сенфот, мајонезот, соја сосот, чилито и чешнињата лук (изгмечени со алатка) и сето тоа се мати додека состојките не се спојат. Испжените крилца се оставаат на чинија обложена со хартија за да упие мрснотијата, а потоа се додаваат во садот со сосот и се покриваат со капак. Тоа треба да постои кратко време додека да се упијат зачините.

    Добар апетит. :)