1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Ова многу добро ми звучи. Ќе го направам денеска, ама ќе го ставам во тортиља, заедно со марула и ситно сецкани домати.
     
    На TSS му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    Палачинки со пиле
    Тесто за палачинки
    3јајца
    Сол
    1/2л млеко
    1лажица пециво
    1/2л вода
    100мл масло
    Брашно по потреба
    -се вари едно мало пиле кога ке се олади пилето се одвојува месото од коските и се мели. Во друга тава се потпржува две главици кромид се додава пилешкото и се пржи се додава сол,црн пипер 1лажица сенф и неколку кисели рендани краставички .
    Палачинките се полнат со филот и се виткат како сарми се валкаат во јајца брашно и презла и се пржат додека добијат златна боја . :)
     
    На Angel4eeee му/ѝ се допаѓа ова.
  3. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    А каква павлака користиш, обична или онаа што е за готвење, т.е солена хопла?
     
  4. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Може и го има ама јас не го видов на оваа тема....
    Ми го кажаа дека е пилешко карбонаре- шо не мора да значи дека е, нели? :D
    Пилешки стек парчињата се подваруваат до фаза да се боднат со виљушка.
    Во меѓувреме во тавче на рингла се пржи кромид 2 помали глаици (по можност млад кромид со се опашки- во зависност од сезоната), рендан или ситно сецкан морков 1-2 парчиња, пиперки по можност и црвена и зелена се сечкат на ленти, 2-3 парчиња (сецкањето е до ствар на субјективен вкус за изглед), свежи шампињони, исчистени (јас и ги мијам убаво, а некои викат немало потреба), и исецкани на листови и еден изрендан домат или 1-2 лажици доматно пире (може ама и не мора)
    Сето тоа се пропржува заедно и му се додаваат зачини, сол, вегета, црн пипер чубрика или оригано...кој што милува :D .
    Во тавче за во рерна се реди
    прв ред - кашкавал по цела површина (иделна дебелина е како за ордевер)
    втор ред - пилешкото (може да го расчупате а може и како тенки кришки да го насечете и ставите врз кашкавалот), исто долж целата тава
    трет ред- пропржениот зеленчук- долж целата тава
    се реди до толку колку што имате материјал
    отакако ќе се испече, ставете уште еден слој - ред кашкавал одозгора и вратете го тавчето во рерна, но исклучено од струја.
    Се сече во коцки и се сервира по желба со сезонска салата.
    Иако изгледа долго воопшто не одзима многу време или стоење со саати на шпорет и е лесно за подготовка.
    Убав апетит
     
    На Angel4eeee, silk, malecka91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    96
    Вчера купив стек во саламура е сега бидејки не сум баш вична во кујна не интерсира дали пред пржење се мие стекот од саламурата и дали се додаваат зацини т.е сол или е доволно солено од саламурата. Ве молам помагајте многу ми е битно да излезе како што треба.
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Не не, нема потреба од миење, баш саламурата е за тоа да не го спремаш ти дома, а плус и месото е убаво меко и зачинето.Ништо не му ставај,ни сол ни ништо, само зејтин во тава и на пржење. Или на печење, како си сакаш. И убав помин ;)
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Моите омилени јадења од пилешко
    КРОКЕТИ
    Потребно:
    600 г пилешко бело месо
    25 г путер
    1 лажица брашно
    2 дл млеко
    1 кг компир
    Мешан зачин, кари
    ● За похување:
    2 јајца
    150г брашно
    150г презла
    4 дл масло за јадење
    Подготовка:
    ● Пилешкото бело месо обарете го во солена вода, па процедете го од вишокот течност.
    ● Изладеното пилешко ситно исецкајте го.
    Во помало тенџере истопете путер, а потоа додајте лажица брашно и кратко пропржете. Постепено додавајте млеко и постојано мешајте додека не згусне. Пред крај на готвењето зачинете по вкус.
    ● Во сецканото пилешко постепено додајте го бешамел сосот и мешајте додека не добиете смеса погодна за обликување.
    ●Нанесете малку масло за јадење на рацете, па од смесата формирајте крокети.
    ●Крокетите извалкајте ги во брашно, јајца и презила, па пржете ги на врело масло додека поруменеат.
    ●Компирот излупете го и исечете го на како за помфрит, па испржете го и послужете како прилог со крокетите.
    --------------------------------------------------------------------------------
    ПИЛЕШКИ СТЕК
    Потребно:
    ● 1 до 4 пилешки гради без коска
    ● Сол и бибер
    ● ¼ шоља брашно
    ● 1 голема лажица свежи зачини по желба
    ● Маслиново масло
    ● Малку путер
    Подготовка:
    ● Пилешкото исечете го на парчиња со иста големина и малку истолчете го со чук за месо, па малку посолете и забиберете.
    ● Малку бибер и сол измешајте со брашното во еден сад. Потоа секое парче пилешко извалкајте го во брашното.
    ● Загрејте маслиново масо во кое ќе го додадете парчето путер, па огнот намалете го на средна температура.
    ● Печете го пилешкото по една минута од секоја страна, за да добие златна боја, а потоа намалете го огнот, покријте ја тавата и оставете месото да се динста 10 минути.

    --------------------------------------------------------------------------------------
    ПИЛЕШКО ВО СОС ОД ПОРТОКАЛ
    Потребно:
    ● Пилешко месо по желба
    ● 2 портокали
    ● 1 лажица кафеав шеќер
    ● Маслиново масло
    ● Путер
    ● Сенф
    ● Зачини по желба
    Подготовка:
    Пилешкото филе (или други делови од пилето) посолете го со зачини по желба а по 10 минути премачкајте го со сенф.
    Во подлабока тава загрејте масло со малку путер, па пропржете го пилешкото месо од двете страни по околу 8 минути. Откако ќе се испржи месото извадете го од тавата и во неа додајте уште малку путер, сок од 2 портокали, кафеавиот шеќер и 1 ситно сецкан портокал. Промешајте и оставете малку да проврие.
    Потоа зачинете по вкус, вратете го пилешкото во тавата и послужете.
    Како прилог предлагаме да подготвите ориз.
    --------------------------------------------------------------------------------------
    ПИЛЕШКО СО МЕЛЕНИ БАДЕМИ
    Потребно
    ● ½ шоља мелени бадеми
    ● ¼ шоља интегрално брашно
    ● 1 ипол лажичка мелена пиперка
    ● ½ лажичка сецкан лук
    ● ¼ лажичка сол
    ● 1/8 лажичка бибер
    ● 1 ипол лажица маслиново масло
    ● 2 белки од јајце
    ● 400 г пилешки гради
    ● Масло за јадење
    Подготовка
    1. Во блендер ставете ги бадемите, брашното, пиперот, лукот, солта и биберот и миксајте неколку минути. Во текот на миксањето додајте го и маслото.
    2. Изматете ги белките па прво во нив извалкајте го пилешкото, а потоа и во смесата од бадеми. Ставете го месото во тава за печење обложена со мрсна хартија и попрскајте со масло. Печете 20-25 минути на 250 степени.
     
  8. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Еве и од мене еден убав рецепт
    Во тава се ставаат 2 главици сецкан кромид и 400 гр маринирани шампињони и ги оставаш да се запржат.Сецкаш на помали парчиња 1 кг стек и го ставаш во печурките и кромидот, ставаш 2 кесенца сенф, зачини и на крајот ставаш вода колку да се залие стекот. Се покрива со фолија и се остава да извари водата, откако ќе извари водата го оставаш колку да добие боја стекот. Повкусно од ова нема верувајте, сенфот дава толку одличен вкус.
     
    На Madalina му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Пилешко и печурки со кари сос

    500 гр пилешки гради
    500 гр свежи печурки ( шампињони )
    5 супени лажици кисела павлака
    250 мл неутрална павлака
    1 кафена лажичка сенф
    зачини ( кари, сол, бибер, црвен пипер, лук во прав )

    На загреано масло се пржи пилешкото месо, претходно исечено на мали еднакви парчиња.
    Кога добро ќе се испржи, се додаваат печурките. Кога печурките ќе ја сменат бојата и ќе потемнат, од прилика знаете кога се готови нели, се додава сенфот и киселата павлака. Се промешува.
    Потоа на крајот, се додаваат неутралната павлака и зачините и се остава да проврие околу 10 минути, за да се згусне сосот.

    Рецептов е добро познат нели, ама овој конкретно е лично мој, според мој вкус и зачини и се. :)
    Сега го правев за ручек, еве слика:
     

    Прикачени фајлови:

    • rr.jpg
      rr.jpg
      Големина на фајлот:
      52,1 KB
      Прегледи:
      403
    На Nana19, cooll, Dulceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.421
    Пол:
    Женски
    koj jade luto moze da proba da go przi pileskoto uvalano vo cili pa vo brasno.Jas taka go pravam cesto i e prevkusno :)
    [mod-kirilica:1q4jjn9n][/mod-kirilica:1q4jjn9n]
     
  11. Goddest

    Goddest Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    42
    Нешто што посебно ми се допаѓа е пилешко во тефал тава (ВОГ тава) но може да се спрема и во обична малку подлабока тава

    Исецкајте го пилешкото месо на коцки (средни) и во тава со малку зејти или путер запржете го убаво. Потоа додадете мешан зеленчук ( јас обично користам готов замрзнат) и запржете го пилешкото со зеленчукот. Кога кје биде добро запржен зеленчукот додајте малку вода и оставете да повари. Кога водата ќе испари исечкајте еден домат и додајте го пропржете убаво. Додајте сол, црн бибер, вегета и лукче по желба. Добар апетит
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
    Kинеско пилешко во соја сос

    пола кило пилешко
    1 бабура жолта
    1 бабура црвена
    1 тиквичка
    1/2 зелка
    неколку моркови

    за сос
    1мала чашка
    за ракија
    - бело вино
    1мала чашка - соја сос
    1/2чашка - оцет
    1лажиче шеќер
    1/2лажиче сол

    Пилешкото се сече на ленти и се остава 30минути во соја сос и малку скроб. Месото се пржи и се трга настрана.
    препорачувам вог тава
    Зеленчукот се сече на ленти и се става во тавата каде претходно се пржело месото. Се додава малку вода и кратко се динста за да омекне зеленчукот. Кога ќе биде и тоа готово се додава претходно припремениот соја сос , се додава и пилешкото и сето тоа убаво се меша.

    За прилог може да се користи ориз .

    Bon appetite
     
  13. lovely-pretty-girl

    lovely-pretty-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    6
    Може не е за овде, но да ве прашам, дали некоја знае, колку пари чини испечен пилешки стек(готов) купен од месара, и дали го даваат на кило или може и на парчиња (250гр. / 500 гр.)? фала :)
     
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Денеска правев пилешко во салса сос. Можда ви е познато, ама нема штета да го споделам...

    Потребно е:
    - Две парчиња пилешки гради ( не мерев, претпоставувам се 500гр )
    - 500 мл доматен сос
    - една чаша бело вино
    - една поголема главица кромид
    - три пиперки ( оргиналниот рецепт е со бабури, но јас ставив обични зелени пиперки )
    - лук
    - зачини ( сол, бибер, црвен пипер, лук во прав и оригано )
    - две лути пиперчиња - така е правилно, да е луто, но доколку не сте љубител скокнете го овој дел

    Пилешкото го исеков на ленти, ма да тоа е по желба, ако сакате цели стекови или мали парченца, ваш избор. Се пржи, се трга настрана и во истата тава се ставаат покрупно исечкани кромидот, пиперките и лукот и се пржат 5 минути додека омекнат малце. Потоа им се додава пола чаша вино и се пржи уште 5 минути, па се додава доматниот сос, зачините и останатото вино. Кога ќе почне да врие претходно испрженото месо се враќа во тавата со сосот и се остава уште 10-15 минути, за месото убаво да омекне и да испари вишокот течност...

    И толку. :)
     
    На julie77, srcence1607 и Meredit им се допаѓа ова.
  15. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    896
    Hе знам колку пари е стекот. Hо можеш да си купиш колку сакаш парчиња. Tи ја мерат тежината .
     
  16. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Мојот омилен начин :$
    Го сакам и пилешко во грне, но поретко го правам бидејќи е со хопла калории ова, она :lol:
     
  17. Damiana

    Damiana Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Пилешко во бел сос (бешамел сос)

    Потребни состојки:

    -Пилешки стек
    -Кромид
    -Путер
    -Брашно
    -Млеко
    -Сенф
    -Вагета, црн пипер, кари

    Најпрво кромид се става во загреана тава со зејтин малку да омекне, па потоа се додава пилешкиот стек исечен на коцки.
    Откако пилешкиот стек ќе се запржи, се додава вагета, црн бибер и малку кари. Потоа, се налева вода (колку да го покрие стекот), температурата на ринглата се намалува и се динста.
    Во меѓувреме, во друго тавче се подготвува белиот сос-бешамел. Се става една лажица путер (од оние лажици кои ги користиме за јадење супа) да се стопи на тивок оган. Откако ќе се стопи, се додава една лажица брашно( треба да се меша убаво за да не се напраат грутчиња), па се налева млеко (јас додавам една чаша за кафе) и малку сенф за вкус.
    Кога пилешкото ќе се издинста, се додава белиот сос, се промешува и се трга од оган.
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Можеби не е за тука прашањето,ама ме интересира дали некој има јадено пилешко во сос од бадеми во Да Винчи,Велес?
    Еднаш јадев и многу ми се допадна,ама срам ми падна рецепт да барам,а сега ми се уфрли во главата да го направам.
    Ако некој знае за што зборувам,нека пиши рецептот.Грациас :D
     
  19. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.137
    Нез дали било нешто слично ама еве еден рецепт што го најдов на нет. инаку не сум јадела во Да Винчи
    http://ubavinaizdravje.mk/%D0%B3%D0%B0% ... 0%BC%D0%B8
    :*
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Пилешко со пиво и мед

    На маж ми му се уврте во глава дека сака месо со мед готвено и јас нормално му го спремив :D За петорица имав 8 кратки батачиња и исто толку парчиња стек, може и нешто повеќе да беше не се сеќавам точно.

    потребни состојки
    -пилешко месо
    -микс за пилешко, или си го правите дома сами од зачини, јас го направив со сол, биберот на Вегета, лукче, шарена сол и малку пченкарно брашно
    -сенф
    -чаша пиво / 150мл
    -една лажичка мед

    Пилешкото месо сосе кожа го намачкав убаво со сенф и со зачинот и го пропржив од сите страни убаво, стекот го пржев посебно како на скара. Значи прво батачињата, после стекот. Готовите батачиња ги наредив во огноотпорно, стекот на страна. Во тавчето го сипав пивото и медот, убаво изври и го додадов во огноотпорното, печев 30тина минути затворено, после го тргнав капакот и ги наредив одозгора стековите и уште 10тина минути така. Месото од батачињата се распаѓаше, само се двоеше од коските и беше феноменално. Стековите беа сочни и баш како од сликине од познати ресторани, му ја најдов финтата на стекот, откако ќе се испржи убаво се остава во рерна значи, америве на каналите за готвење викаат да одмори малку. Како прилог компирче печено со морковче, нема промашај. Направив и два соса, еден стандард оној што е за пилешки прсти ама маж ми го сака секако, сенф со мед и еден со јогурт и магдонос исецкан, малку сенфче, ладно од фрижидер душа дало за врз компирчињата. Имавме ручек ипол, татко ми кој е голем критичар остана без зборови.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.