Форумџика на годината 2019: НОМИНАЦИИ

Пилешко и начини на подготовка

Дискусија во 'Рецепти' започната од Fearless, 4 октомври 2010.

  1. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    901
    Пол:
    Женски

    го имам правено, но не ми беше убаво, многу силно беше од крем супата
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. malecko5

    malecko5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    235
    Јас го правам на ваков начин пилешкото и премногу е вкусно ☺
    Значи земате стек(количина во зависност за колку особи правите). Прво го чукам стекот па го сецкам на коцки и го ставам во тенџере со вода малку да се свари околу 10минути откако ќе почне да врие водата. Во друго тенџере ставам малку масло и ситно сечкан 1 кромид и 1-2 ситно сечкани чешниња лук и ги запржувам малку потоа додавам печурки претходно исцедени(јас купувам 2 кесички од кам) и пржам се заедно додека не се испржат печурките, во меѓувреме во тавчето во кое потоа ќе се пече стекот со сосот го ставам стекот и му ставам 1 кесичка сенф и го жешам убаво и го распоредувам стекот во тавчето. Во тенџерето откако ќе се испржат печурките ставам 2 лажици брашно и малко промешувам и почнувам да налевам топла вода по малку и мешам со жица за матење да се разреди но внимавајте да ви биде погусто,потоа додавам малку рендано сирење и една мала павлака и мешам убаво да се соединат состојките, потоа ставам зачини и мешам уште малку, потоа го преливам целото пилешко со сосот и го ставам да се пече околу 20 до 30мин.
     
    На iloveyou29, Mariangel, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. peperutche21

    peperutche21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2015
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    901
    Пол:
    Женски
    Стек се пржи---> при крајот на пржењето се додаваат печурки (од тегла)---> се става хоплата и многу кари...па наздравје, можете да го јадете со динстан компир или златна мешавина..
     
    На Acka22 и joy1 им се допаѓа ова.
  4. Mi-Ma

    Mi-Ma Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2016
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.122
    Пол:
    Женски
    Stekot go seckam na kocki stavam sol, biber i senf i ostavam cela nok vo frizider. Utredenta stavam kromid i luk da se proprzi, go dodavam stekot pa pecurki, hopla i mnogu kari :) Vo megjuvreme secam na debelo kompiri stavam sol, biber, origano, senf, prezla i mnogu susam i kapka maslo gi mesam so raka i se pecat (bez voda) :) Prevkusno
     
    На Actualized, Asja, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. medus

    medus Активен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Pilesko vo sos od pavlaka 500g Pileski gradi 2 kiseli pavlaka 1senf Malo pakovanje 1kecap malo 300g pecurki sol crna piper vegeta Kari i1glavica kromid so prolog makaroni. Podgotovka:worried:e sece pileskoto na sitni kocki se proprzuva i se vadi nasrana vo istana tava se proprzuva kromidot da omekne se dodavat pecurki i tie da omekne i se stava pileskoto i ubavo se promesuva pa se stavat pavlakata senf I Kecap i se zacinuva po vkus se ostava da povari 10min I se trgnuva od ogan mnogu e vkusko za sos za makaroni prijatno jadenje
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Chanell*

    Chanell* Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    2.323
    Допаѓања:
    17.282
    Пол:
    Женски
    Стекот го сецкаме на подолги парчиња.
    Го ставаме на пржење.
    Кога е готов,земаме ватростален сад (некој србизам е ова :D )
    Претходно испржениот стек се реди најдолу во садот, врз него се става млечен кашкавал, и се повторува постапката се додека садот не се наполни.
    Одозгора се става неутрална павлака, и се става во рерна колку да се растопи кашкавалот.

    Многу е вкусно! Добар апетит :D
     
    На iloveyou29, crazylady, kuc и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Poppins

    Poppins Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Женцкиии ајде некој нека сподели рецепт за стек со крем супа од печурки и златна мешавина ..
     
  8. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    35.858
    Имате рецепт за пилешко во тавче со печурки?
     
  9. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.924
    Допаѓања:
    3.460
    Пол:
    Женски
    Не сум печела кокошка или копан/надкопан, па ве молам посочете ми како, колку, конкретно копан со надкопан...
     
  10. Belgin1

    Belgin1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    4.708
    Пол:
    Женски
    Јас го правам вака.
    Стекот го оставам да се размрзне прво убаво целосно после го посолувам со сол и вегета отстојува пак малку и го пржам. Правам и сос од хопла (таа зелената што е за готвење)
    Прво во ептен малку зејтинче запржувам печутки, па додавам хопла и мешам со дрвена лажица за готвење додека не се згусне малку хоплата. Сосот го ставам врз пржениот стек и оди убаво со пржени компирчиња или печени и салата или пак царска мешавина (варен зеленчук).
     
    На joy1 и Acka22 им се допаѓа ова.
  11. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Aj помош и рецепт ако знаете. Како да направам ориз-рижото со парчиња пилешко...
     
  12. Belgin1

    Belgin1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    4.708
    Пол:
    Женски
    Јас го правам вака и ми испаѓа вкусно.
    Во едно тенџере со вода ставам сол и го ставам стекот да се вари. Кога ќе се свари стекот го вадам и го оставам да остине. Во една тавичка (зависи за колку лица приготвуваш, јас правам во помала) ставам зејтин и кромидче да се попржат 5 минути, после додавам и морковче и бркам така некое време. Додавам и грашок една рака (ако има) и после тоа ставам ориз колку мислам и мешам се заедно едно 5 минути на шпорет. Стекот откако ќе остине го сечам на поситни парченца и го ставам врз оризот. Потоа одозгора ставам топла вода со вегета, одприлика над оризот половина треба да биде. И го ставам да се пече на 200 степени. (Многу е важно водата да е топла, зошто ако е ладна оризч кашест ќе ти стане) Ќе гледаш кога ќе испари полека водата одприлика треба да е готов, Се надевам дека добро објаснив.
     
    На Meckicja, bebaa, Leo-nora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, ке засукам ракави викендот :P
     
    На Belgin1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.039
    Пол:
    Женски
    Ако немате време да се задржувате во кујна,а сакате крцкаво пиленце еве ви совршен рецепт.
    1кг сол обична ја истурате во тавчето поеамнувате, попрскувате малку рузмарин и врз тоа го ставате пилето(одмрзнато неготвено).Се пече околу 2часа на 180.Јас го премачкувам со путер прикрај кога е,инаку во рецептот не се става ништо .
     
    На Meckicja и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. СноуБол90

    СноуБол90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    825
    Пол:
    Женски
    Мн едноставен рецепт тоа црвеното е сечкани чили пиперчиња не ставаат лут сос туку само соја сос. Мислам Кунг Пао се вика рецептот на јутјуб.
     
  16. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    девојкии ајде јас ко тазе млада невеста подучете ме..кажете вкусен рецепт за кари сос ? :P
     
  17. Belgin1

    Belgin1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    4.708
    Пол:
    Женски
    @Leo-nora има по маркетите околу 100 денари хопла, зелена еве слика, можеш и таква да користиш преубава е.
    08.jpg
    Јас обично оваа си ја користам кога сум слаба со време, во комбинација со печурки.
    А за кари сос еве јас како го правам. Ставам во еден сад 300 мл млеко, 2 лажици големи брашно, 3 лажици големи кисела павлака, 1 лажица сенф и зачини по желба. И сето тоа убаво се меша.
     
    На bebaa и Meckicja им се допаѓа ова.
  18. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.039
    Пол:
    Женски
    За да биде кари сос,на сето ова плус и зачин кари мора,не по желба,вајда испушти тоа да кажеш.Јас само павлака и кари зачин мешам заедно или хопла за готвење и кари и тоа е тоа.Еднаш по рецепт од интернет му ставив и лук и црн бибер и небеше тоа тоа,а баш за гости правев.Лукот и биберот го убија карито не се секаваше.
     
    На Belgin1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.566
    Допаѓања:
    959
    Пол:
    Женски
    Znaci 300 ml mleko ili hopla za gotvenje( od dvete edno), 2 golemi lazici brasno, 3 lazici pavlaka,,senf-mora a i nemora i kari taka... seto se mesa na ogan istovremeno, se dodeka ne se zgusne taka ? ili ima red vo sostjkite ?
     
  20. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.356
    Допаѓања:
    4.039
    Пол:
    Женски
    Јас не ставам брашно,а колку павлака или хопла зависи од колку месо има и за колку луѓе.Искрено јас одкутура ставам.Го динстам пилешкиот стек исецкан на парчиња после го запржувам и на крај истурам павлака или хопла за готвење,сол и кари.И оставам уште малку да се крчка така.Сенф не ставам.Ама колку количински незнам да ти кажам.
     
    На Luminary и Leo-nora им се допаѓа ова.