@Biodevojka да те известам дека ги пробав и пилингот и маската онаа за комбинирана кожа и многу сум задоволна.Лицето после пилингот ми беше прекрасно, меко, чисто, мазно , се препородив.Јас се триев со она силиконското розевко што е за пилинг од Евелин и супер ми излезе таман не се замачкав со раце.Би си правела еднаш неделно ваков пилинг ептен убаво ми дојде.Потоа ја направив маската со чоколадо, мед, глина и наместо портокал, бидејќи немав во моментот ставив една мала лажичка лимон, бидејќи знам дека и тој е богат со витамин Ц и луѓе го користат за избелување на флеки па се надевам не смета.Потоа си ставив тоник и крема и сега лицево ми е како бебешко газе Благодарам уште еднаш, баш мислам дека ќе ми стане неделна рутина пилингов и маскава *Кога ја измивав маската имав како слој крема да сум ставила на лицето, така како помасно лизгаво, не знаев од што е ?
Здраво, баш ми е мило и јас си го правам овој третман често. Во последно време експериментирам со нешто ново кое е одлично за комбинирана и масна кожа и во јануари че напишам што е и како да се прави. (да го испробам уште два три пати. Лимонот исто така е добар како и портокалот не си згрешила воопшто. Пилингот со мед кога го правиш над пареа уште подобро делува затоа што убаво ја чисти кожата. Оваа идеја ја добив од еден спа центар во Рим каде лицето и целото тело се мачкаше со мед и шеќер и цела така влегуваш во турска бања или сауна (кој каде издржува) После кожата мека како свила. Маската е одлична затоа што во исто време делува за акните, омекнува, чоколадото има убаво дејство врз кожата, со еден збор храна за кожата. Уште еднаш мило ми е што ти се допадна.
Презадоволна сум јас од овој од ибеј си порачав 2 и еднаш месечно се ставам во едно такво има за 2 паѕи ако го мачкате цело лице 30 мин го чувам и потоа како најлонче се вади и е 150ден (3 долари) едно а кај нас ги продаваат по 3900
Презадоволна сум јас од овој од ибеј си порачав 2 и еднаш месечно се ставам во едно такво има за 2 паѕи ако го мачкате цело лице 30 мин го чувам и потоа како најлонче се вади и е 150ден (3 долари) едно а кај нас ги продаваат по 3900 Види го прикачениот фајл 275365
Јас овој го користам и сум многу задоволна Има многу нежен мирис и малку покрупни гранули од оние пилинзи за лице што сум ги користела, а кожата ми ја прави ептен мека На попуст го начекав, ама и вака не е многу скап.
Девојки, препорачајте пилинг за лице кој има многу гранули и е поинтензивен? Не сакам од оние за честа употреба, премногу ми се благи...
@Madlina ако имаш масна/комбинирана кожа пробај го од Авон Clearskin зелениот, баш е гранулест и по миењето чувствуваш ефект на ладење исто како да ти замрзнало лицето. Вака изгледа:
Измешај капсула активен јаглен и малку кокосово масло (или било какво друго органско масло) и со таа смеса направи си пилинг. Честичките од јагленот се прилично груби, па верувам дека ќе ти се допадне ефектот. Исто така можеш да пробаш со овесни снегулки (грубо иситнети во блендер) измешани со мед. За сува кожа е феноменален - нежен и ефикасен.
Имам многу сува кожа ама мислам дека секако ќе ми одговара.. До пред 10тина години користев еден пилинг од Авон кој беше баш како што го опишуваш, само амбалажата беше поинкава.. Ако е барем сличен како тој ќе бидам пресреќна! Сега уште да најдам некој што работи со Авон, се размислувам и не познавам никој Ќе пробам и ова што го предложи Мишела ама стално кога ќе влезам да се бањам ми текнува да правам пилинг па подобро е готов производ да го имам при рака Благодарам на помошта!
И Боржуа имаат face scrub, преубав е и мириса на портокал. Не е ниту премногу груб, ниту премногу нежен. Би требало да го имаш пробано (иако не знам дали го има кај нас, сум го купувала од страна), ама јас пак да ти го предложам.
Пробан е секако Ги имаше и кај нас, но престанаа да ги произведуваат и ретко да се најде некаде во продажба.. Само не е тоа што барам, ми треба баш hard core пилинг да правам еднаш во неделата или на две недели... Мислам дека овој од Авон ќе биде супер, најдов на ФБ некои што продаваат и одма им пишав, па ваљда бргу ке го добијам..
Ми се појавија брчки околу очите , па кажете што да зеам да користам .... Си правев пилинг со млеко , палента и сода но почнаа да ми излегуваат мозолчиња ...
Јас мислам дека пилинг не се прави на делот околу очите.. Пробај да го хидрираш/третираш со некоја убава крема.. Инаку ми стигна пилингот од Авон, што да речам, убавини! Баш е интензивен, вчера си направив пилинг, па ставив маска, лицето како свила
Во никој случај пилинг на делот околу очите. Таа кожа за греота толку е нежна и сува што последно нешто што и треба е пилинг. Негувај ја со убави богати креми или уште подобро чисти масла. Поздрав.