Потребно е време за да видите резултати и секако упорност. Еве на пример ако користите крем кожата ќе ви биде нахранета, ако не нема. Исто и со глината ако се користи вади нечистотии ако не се таложат и остануваат. Ова секако зависи и од кожата, кај масната лачењето е зголемено, меѓутоа според мене е едно од најприродните и најбезболните решенија. Ви препорачувам да биде пропратена од добар производ за миење и секако од добар крем кој ќе негува без да прави нечистотии. Доколку се користат креми со силикони или нафтени деривати кои ја запушуваат кожата, не е ни чудо што се појавуваат повторно црнки. Или пак доколку се користи крем кој не е соодветен за кожата (може да биде и најубав органски а да не одговара на вашата кожа) таа повторно ќе се полни со црнки. Кремот може да познаете дали одговара ако откако го намачкате после два часа кожата светне на челото, брадата или образите во тој случај е премногу масен и може да доведе до појава на нечистотии. Доколку кожата остане убава и не излезе вишок маснотија, во тој случај кремот одговара. Се надевам ви помогнав. Поздравче до сите три.
Да добра е. Ставај ја на Т зоната не на цело лице оти комбинираната е сува на делови. Ако сакаш на цело лице тогаш ти советувам расул која е за нијанса понежна а сепак корисна. Поздрав.
Може некој да ми објасни како се употребува зелената глина и кој гел е најпогоден за мрсна кожа склона на акни?
Зелената глина се употребува во вид на маска помешана со други состојки (во зависност од типот на кожата) и се држи на лицето додека да почне да затега. Потоа се чисти со сунѓерче и млака вода и на крај се измива со поладна вода за циркулација. На пример може маска со зелена глина, мед и зелен чај или ако е лицето почивствително да се додаде и малку масло. За второто прашање зависи од коата. Секоја кожа е различна така да еден производ не може да одговара на сите.
Извини, не те сфатив каков расул? Инаку, многу ти благодарам за препораката за пената за лице од Балеа, тоа е одличен производ за мојата кожа и баеги трае. Исто така сакав да пробам и некоја маска од тие за една употреба што се лупат( освен црна маска).
Супер, баш ми е мило за пената. И мене многу ми се допаѓа. Инаку расул е мароканска вулканска глина која може да се користи за маска но и за миење на кожата еве ти оставам линк од статијата за да не препишувам сѐ овде. http://biodevojka.blogspot.it/2017/07/rhassoul.html Во секое време.
Во врска со кремот, што мислиш за Byphasse kремот? Јас правам пилинг од кафе/какао, млеко и мед ( по 1 лажичка). Дали е тоа ок за комбинирана кожа?
Ова е се што поседувам. Најчесто со нив го мијам лицево. Кремата која ја користам е оваа подолу на нивеа. Имам 27 години. Дали за да ја видам состојбата на кожата ќе ми помогне ова нивеа 3 во 1 на сликава. Или на друг начин да дојдам до неа. Исто така би сакал да те прашам кој гел за лице да го земам и дали да го ставам веднаш после третманот со глина/ расул Имам и мед дома па можам да го земам расул или глинава.
Кремот не го познавам ако може декларација за да видам за што станува збор. Инаку пилингот е супер, само што јас наместо млеко би ти препорачала јогурт кој е подобар за комбинирана кожа/ Поздрав. Здраво Никола, јас би ти прпорачала за миење пената на Балеа во плаво пакување. Според мене е една од најдобрите за комбинирана до масна кожа. Многу е евтина околу 140 мкд. Расулот е одлична доколку сакаш слободно земи ја. Како крем може да го користиш или оној на алверде аква 24 кој ја нормализира кожата и ќе те прочисти од силикони (околу 200 мкд), или евентуално ако имаш повеќе пари на Гамарде себо контрол која е 900 мкд. Веќе ти одговорија. Фала драга што се вметна во муабетот оти јас не знам каде е на промоција. Фала ти многу. Доколку ја земете расул еве ви видео како да ја подготвите. На овој начин нема да ја суши кожата и косата. За било што тука сум слободно прашувајте. Поздрав.
Cleanser е чистач за лице. Се користи најмногу два пати дневно. Може да биде гел, пена, сапун и намената му е да го исчисти лицето од шминка и останата нечистотија. На влажно лице се масира и потоа се плакне. Exfoliator е пилинг и се користи најмногу два пати неделно. Содржи гранули кои го прават погруб од чистачот и поради тоа се користи поретко од него. На влажна предходно исчистена кожа се става колку зрно грашок и се масира лицето. Намената му е да ги излупи мртвите клетки од кожата и да и’ даде здрав сјај. Колку се поситни гранулите - толку е понежен пилингот. Прво се користи чистач, па пилинг, па тоник и на крај крема.
@Biodevojka драга дали за пилингот што е со мед и портокал може за комбинирана кожа..?Имам многу пори претежно под очите тој дел и црнки по носот.. Користам маска од глина еднаш неделно Сакав да те прашам и за некој добар крем убаво да хидрира