Јас го користам Гарниер 3во1; тоа е маска, гел и пилинг во едно! Го користам повеќе од година дена, идеално е!
Здраво девојки, да ми препорачате некој домашен пилинг за лице. Имам суво лице со акни, и истакнати пори, па сакам малку да ми се ублаже. Еве ќе ја тагна @Biodevojka таа е стручна во оваа област.
Здраво драга наједноставен пилинг е сода помешана со кокосово масло. Убаво чисти, а кокосовото масло омекнува..Пробај.
Благодарам за одговорот, но мене ми е страв да ставам сода на лицето, некоја друг пилинг за мојот случај?
Зошто да ти е страв? Океј е, како нежен скраб делува. Ако нејќеш сода, можеш масло по избор + кокосови трошки, добро е и тоа за сува кожа.
Мишела ми го зеде зборот од уста...и јас би ти кажала да не се плашиш од содата како пилинг или како замена за понежно би ти препорачала кокосово брашно. Поздрав
И јас имам сува кожа, па може да се каже и осетлива и веќе долг период користам сода како пилинг. Не се плаши, само со нежни движења помини го лицето. Можеш да ја мешаш со масло како што ти кажаа погоре, а и со вода како што ја користам јас. Лицето го прави многу убаво, барем на мене ми одговара.
Кое друго масло може освен кокосово, некое по пристапна цена. Инаку кокосовото го инам ми минал рокот само за коса го користам, да го потрошам ќе купам ново? Препорачајте некој пилинг да купам готов, слушам Гарниер имале добар.
Пилинг правам домашен со талог од кафе и сода (некогаш и кафеав шеќер) масирам по грубо,мијам и ставам масло за лице, кожата е премногу мека и има многу убав сјај.
Било кое друго масло...маслиново сончогледово....Доколку едно масло е со истечен рок не треба воопшто да се користи за ништо бидејќи е ужегнато и орави повеќе штета отколку добро...
Препорака за некој многу многу нежен пилинг од тие што имам пробано купени и домашен со кокосово брашно некако како да ми се иритира лицето ми излегуваат ситни мозолчина на челото, не користам често заради тоа....
Кокосот е комедоген кај повеќето создава запушувања на порите= црнки и бубулички. Ама сепак од пилингот се очекува да изфрли на површина некоја мозолка. Побарај некој со салицилна киселина пробај.
јас единствено сум користела пилинг домашно направен со сода. Содата многу поволно делува на организмот. А инаку општо пилинзи за лице не сум користела ама мислам дека е неопходно.
Содата е алкална, а нашата кожа е кисела. Алкално е спротивно од кисело. Ако ти ставиш сода на твојата кожа тогаш си ја правиш кожата алкална. Со тоа ја нарушуваш киселоста на твоето лице, односно ја нарушуваш PH вредноста на кожата. Резултатот е сува кожа.
ама имав мозолчиња брунчиња и мрсна кожа. Ми помогна. Не користев често,еднаш на 10тина дена или одприлика не повеќе од 3 пати во месецот
И јас ја имам користено, не дека не. Лицето ми беше мазно после пилингот. По извесно време почна да ми се первути кожата на носот и околу носот (над усните и дел од образите). Се чудев оти така и упорно си ја користев еднаш неделно. По извесно време налетав на пост дека содата ја суши кожата. Изгуглав, истражував и читав за содата не само од аспект како козметички препарат туку и од хемиски аспект. Така што, слободно можеш и ти да провериш. Откако престанав да ја користам кожата престана да ми се лупи. Иначе не можев ни пудра ни бб крема да ставам. Не можеш ни да си замислиш колку лошо изгледа пудра на кожа што се лупи...тие лушпите пудросани висат натаму-наваму Од мрсна кожа успеав да си направам сува и атопична Еве нешто на брзински што најдов...
Не сум го пробала пилингот, но ја користам кремата за лице и сум многу задоволна. За 5 дена имаше видни резултати. Кремата е со Реиши печурка, ви препорачувам за прочитате за неа.