Што мислите за пилинг од талог од кафе? Пробав 2-3 пати и не ми се иритира лицето па во мисла сум дали си ја врши работата
Многу сум задоволна од двата. Хемискиот пилинг на Неутрогена го користам секој ден бидејќи има мал процент на салицилна киселина, додека другиот го користам 2-3 пати неделно бидејќи е физички пилинг. Кожата ми се подобри доста откако ги користам.
Само пофални зборови за пилингот на Неутрогена! Го користам во комбинација со лосионот за митесери и кремот, ептен ми одговара комбинацијата.
Го има во ДМ, Рамстор да, но поскап е од 270, евентуално членката ако го зела на попуст. Последно кога проверив таму беше околу 350, а јас го зедов од Зегин во ГТЦ 317ден.
Доколку како активна состојка има некоја од овие киселини Glycolic acid (AHA), Salicylic acid (BHA), Lactic acid, односно се меѓу првите во составот, тогаш е хемиски пилинг. А најчесто го пишува тоа и од напред на опаковката. А физички се оние scrubs што имаат во себе некакви честитчки што се погруби на кожата и буквално ги чувствуваш додека масираш. Тука спаѓаат и четките и масажерите за чистење.
Најгруб пилинг досега што сум користела е на Lush Ocean salt , составен е од морска сол може да се користи и на тело
За тело понекогаш го користам пилингот на Афродита со шеќер, а за лице тој на Балеа со праска. Од двата сум многу задоволна.
Фала ти многу, последно се користат овие изрази хемиски/физички пилинг па незнаев која е разликата. Извини ти здосадив Колку пати треба да се користи хемискиот, а колку физичкиот пилинг?
Јас хемискиот го користам секој ден кога го мијам лицето пред спиење и потоа нанесувам крема. А другиот 2-3 пати неделно. Знам дека има и тоници што содржат некоја од овие киселини, но јас се навикнав вака. Не сум стручна, ова го практикувам откако изгледав доста видеа од дерматолози и естетичари и е нешто што мене лично ми одговара и забележувам доста подобрување во изгледот на мојата кожа.
Пред некој месец , по грешка наместо пилинг , сум земала гел за миење на лице. Ме интересира дали од овој производ на Балеа постои и пилинг. Ова преубаво мириса ама за жал не е за мојот тип кожа , па барем пилингот да им го пробам
Пилингот е во кесички, како за две употреби ( реално има производ доволен барем за 4 пати), преубаво мириса, ама според мене шеќерот не е соодветен за лице ( ставот ми е дека воопшто не треба да се употребува физички пилинг за лице, но тоа е веќе друга тема ). Груб е, има остри рабови и кај мене се јави црвенило на кожата, иако доста нежно масирав. Чисто да си имаш во предвид при прво користење да бидеш внимателна.
До сега имам само домашни пилинзи правено, со мед и кокосови трошки ми е најубав и најдолго го користам, барем за тоа можеме до поприродно да се држиме.
Многу сум задоволна од овој пилинг , го земав пред неколку недели и го користам 2 пати неделно . Многу добро ги отстранува мртвите клетки а лицето е многу меко и мазно . Цената е многу ниска за квалитетен производ , топло го препорачувам