И јас се залетав по овој пилинг, ама е само крем, за тело го користам. Добар пилинг е овој подолу што го има ставено девојката, го имам купувано неколку пати, одличен е, не ја пресушува кожата, а ја чисти темелно.
Не мислев дека е толку одличен пилингов, ама пријатно се изненадив. Ја измазнува кожата, ги затегнува и затвора порите и го отстранува непотребниот слој мртви клетки и себум.
Го користев тој со манука неколку пати, ми дадоа тестер кога купував други работи од таму. Мене ми се допадна, има гранули и е баш физички пилинг, од типот на Балеа со праска. Ја остава кожата многу мазна и мека, немав никакви проблеми.
Го има ли некоја користено или воопшто некој производ од оваа фирма? Непозната ми е, а гледам дека им се скапички производите. Ми треба ваков пилинг и е единствен што го најдов, ако знаете некој друг дајте предлог
Дали има некој добар хемиски пилинг што може да го најдам во ДМ ? Освен Неутрогена, тој не ми се погоди...
Овој. Го купував два пати, единствено мислам дека на висока позиција има алкохол,ама општо не ми сметаше мене ми се допаѓаше. Не е агресивен
Девојки дали сте пробале dermaplane кај козметичар,освен што прави добар пилинг на кожата воедно и ги отстранува влакната на кожата на лице. Сакам да закажам но прво сакам да слушнам и искуства??
Прочитав некаде дека можеби попаметно е неколку пати годишно да се прави професионален пилинг на лице во козметичко студио, отколку дома да се икспериментира со секакви производи. Што мислите за тоа? Кои козметички студија нудат хемиски пилинг за лице, колку пати годишно треба да се прави?
Може, јас сум правела. Само внимавај со кокосовото масло, знае да биде комедогено некогаш. Јас лично сум немала таков проблем со него, на моето лице му одговара но не го користам често. Друга алтернатива за кокосовото масло може да ти биде маслиново, или да ги помешаш кокосовите снегулки со мед и млеко.
Kattzia на инстаграм имаше објавено добар пилинг кој се приготвува во домашни услови, чиа семе, активен јаглен и вода. Дали некој се сеќава како беше точно постапката и соодносот?? Постот е избришан од нејзиниот профил.