1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилинг на тело

Дискусија во 'Тело' започната од anu666ka, 2 август 2011.

  1. anu666ka

    anu666ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Не најдов ваква тема,но во случај ако има слободно заклучете ;)
    Самиот наслов на темата кажува па повелете ...
    -каков пилинг за тело користите
    -на колку време
    -како
    -колку ве чини и сл.
     
  2. QueenB

    QueenB Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    49
    пилинг за тело

    Веќе подолго време користам пилинг за тело од Vichy многу е добрар, ја измазнува кожата и го отрстранува површинскиот слој на мртви клетки, никогаш ми се нема иритирано кожата, ниту пак ја прави премногу сува.Некогаш знам да си купам и од миризливите пилинзи за тело на Галафарм, многу ми се допаѓаат ;)
     
    На LittlePinky, srcekrsacka и anu666ka им се допаѓа ова.
  3. andromia

    andromia Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    Користев разни разно разни ама не бев нешто многу задоволна и по некое време во една книга од за природна нега прочитав еден интересен рецепт. :o Потребни се околу 70 грама шеќер, две лажици млеко и една лажица зејтин. Тоа се меша кога ќе се туѓираш или бањаш се нанесува на влажна кожа. Нежно се трие и се плакне со топла вода. Мене лично ми е одличен :inlove: особено за долниот дел од нозете каде често ми се случува да имам поткожни влакна од депилација
     
    На Phyramide, anu666ka и QueenB им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Јас дома си правам пилинг,нешто како овој погоре,само што јас земам цела шоља шеќер,додавам маслиново масло од око цел шеќер да се натопи од него,не да плива и млеко исто од око.Имам сува и чувствителна кожа на телото,освен на горниот дел од грбот и од време на време на деколтето на почесто сува е,но сепак,иако е помрсен пилингов не му шкоди на грбот,напротив,немам воопшто проблеми со мозолчиња,а порано се случуваше да излезе по некое,а сега е супер.

    Ниеден купен не ми прија како овој домашниов и не може ни да биде подобар од ова,се е природно и свежо.
     
    На yefua1, crazylady, Elen4e89 и 30 други им се допаѓа ова.
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Јас еднаш неделно си правам пилинг од палента, мед и кисело млеко (ставам се' од око, и промешувам да се добие хомогена смеса, не многу течна за да не се лизга) и нанесувам на лицето, деколтето и рацете, оставам кратко да постои, па полека триејќи нежно го измивам. Кожата ми е ептен мека.
    А за нозете го правам тој од кафе.
     
    На anu666ka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Само што го пробав пилингот и имам само пофални зборови :!:
    Кожата ми е толку мазна, нежна што нејќам да се облечам- само поминувам по неа со раката и се насмевнувам ко луда :tmi: :lol:
    Ќефој сум бре :sun:

    Лилит, ти благодарам што го сподели- јас имам читано и друг пат за природни пилинзи ама некако не ми беше за верување, ама штом е од тебе морав да го пробам и дефинитивно не зажалив :* .

    Само не знам на колку време можам да го употребувам, нејќам да претерам- два пати неделно како останатите пилинзи, или :wasntme: ?
     
    На Sanja16 и Phyramide им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Еднаш до два пати неделно без мука.Јас го оставам вториот пат повеќе да отстои за да се растопи малце шеќерчето,да не гребе многу зошто еднаш веќе со погрубо сум поминала.
    Нели,нели е јако?!Си се галкаш цело време онака и си викаш,да беа нови штикли ќе излезев у град сите ќе ме видеа,ама ова како,како,како?!А сакаш да се фалиш и да ти се воодушевуваат! :rofl:
    Не бе,боље од ова нема.Имам пробано повеќе,не да зборам на памет.Или не гребат доволно или гребат многу,па иритираат или пресушуваат,а ова...абе милина,а знаеш дека стварно е природно без ниту една хемикалија.
    Абе ние ко у времето на Клеопатра сме.Утре ќе почнам кози да си одгледувам за да се бањам у млеко! :D
     
    На Veki4kaa, LittlePinky, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  8. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Леле и јас тоа си помислив- си викам ко кралица сум се мачкам со млеко :lol: .
    А откако се истуширав си ја гледам кожата- исончана, со некој сјај од маслото и премазна и баш како што викаш ми се идеше пред сите да го покажам ефектот :emo: , ама одолеав :D

    Ех што сме ти ние економистите- чкртам трошоци за купечки пилинг, си имам природен 8) .

    А за одгледување кози- се` убаво, ама не знам кој ќе ги молзе :D
     
    На IamSexyAndIKnowIt и Phyramide им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Ау,посветени селанки,доцна навечер,кога ќе им се собере после пасење тревичка,ќе си седнеш,шц,шц,шц,па ќе им зачистиш со една лопата,да потрошиш калорија и пуниш бањата после ко кралица! :D Иронија на векот,ама никој нема да ја знае тајната,жените завидуваат,мажите посакуваат ефект! :D
    Абе шо се заебавам бе!Прабаба ми што става имала и шо лице имала,шо и фалело.
    Јас се пофалив пред некој ден и лепешки дека ќе пробам,ама уште не сум,викаат делувале антиридно и хидратантно...на дума тешка сум! :D
     
    На Neytiri, sesilija и Phyramide им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Тоа дека јас ве мислев денес цел ден, спремајќи се да си напраам пилинг, затоа сте ми такви мазни и убави :D
    А убаво ви мислев :!:

    Ве исполајкував сите по ред. Уствари уште не го пробав ама еве идам и едвај чекам ^_^

    Него да питам, Лилит - ај едно плавушкасто питање (ehm yes I DO have blond moments too) млекце онакво обично, тетрапак (не козјо де пошто кози немам дома) или млеко за мачкање као на пример Бекутан? :?:

    Дозволен ви е сеир, забрането ви е смеење за прашањево, ама никој не се учел роден :D
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.080
    Допаѓања:
    20.843
    Пол:
    Женски
    :o :o :o треба да се испробаат овие домашниве одма :!: па да се пофалиме.
    Јас иначе го користам Од Авон Планет Спа (тајландски лотосов цвет) мнооогу е убав ;)
    [​IMG]
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Пирамид- јас ставив тетрапак, козите слабо дадоа млеко вечерва
     
    На soffce, Nastjaaa4 и Phyramide им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.562
    Пол:
    Женски
    Ај и јас глупо прашање :wasntme: бидејќи сум алаергична на млеко мислите нешто ќе ми бидне ако ставам на тело? Или само шеќер и маслиново да ставам?
     
  14. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    ^ јас мислам подобро е само шеќер и маслиново масло да ставиш, а ако имаш бадемово масло уште поубаво.
    Инаку, јас пилинг правам домашен, со шеќер и масло ( маслиново или бадемово) или пилинг од млеко и пченични трици.
    А дали некој ги пробал пилинзите на Be Cool на Галафарм? Дали сте задоволни од нив?
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sense

    Sense Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    45
    Имам КОристено најмногу од Авон што се пилинзите и се океј, го даваат посакуваниот ефект-мазна кожа како и било кој пилинг да го користиш.

    Не пробувам многу, многу од овие природните маски, пилинзи и чуда, но кога ве прочитав колку си се испофаливте,
    морав и јас да пробам. И така имав купено шеќер специјално за шеќерната паста, па си викам што да не пробам .
    Мислење: сите што немаат досега пробано, да си пробаат, кожата ја прави толку прекрасна, ма милина.

    И морам да и кажам на Лилит благодарам, ај прво со пастава си се израдував па сега и на пилинзи нема да давам пари. Епа фала што несебично споделуваш и ни ги скратуваш трошоците. :lol: Данкешен.
     
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Леле стварно. Значи прво шеќерната паста, сега и пилингов. Алал да ви е девојки што ме просветливте.

    Вчера го пробав и ми идеше да се избубкам цела од што бев нежна, пренежна. Си се галев, си го наведнував лицето на рамо и ко маче си праев - ооо о о ! :D
    И нозете какви се ау ау. Јас и на бутчињата си ставив делот накај газето, ма ко бебе!

    Стварно е одличен, а јас со сува и осетлива кожа пропеав вчера. Нефертити сум ви реков.

    Клеопатра и Хатшепсут се сеуште на располагање :D

    Одличен е пилингов, најсериозно. Им го препорачувам на сите.

    И да, благодарност девојки :bow:
     
    На agirl17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. unknown

    unknown Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    8
    девојки со што да ја втривам пастата не тело? со сунѓерче или...?
    и дали можам овој пилинг да го користам и за лицето, вратот и градите?
     
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Јас го користам од планет спа, со минерали од мртво море и преубав ми е. Го сакам и заради тоа што мириса прекрасно и мирисот му трае ептен долго..
    [​IMG]
     
    На Veki4kaa и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Ааа, го опитав и јас пилингов, одамна се канев, ама се со купечки се драскав :wasntme: Само, додадов и малце мед, прво си направив каша попара, ама не се каам, кожата ми свети, мазна и свиленкаста, го настрвив дечкото да чека до испратение на теткицава, па да се увери дека и г***в ми е таков ко грбот и раменцата :wasntme: :lol: Најубаво од се ми е што кожава ми е блескава, кај не ми текна да си го истакнам тенов, будала, смотана, заборавена една |( :D
     
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.816
    Допаѓања:
    38.311
    Пол:
    Женски
    Абе каков купички при толку состојки дома :D
    Јас си правам со талог од кафе и маслиново масло тој ми е омилен поради тоа што првенствено демек е за борба со целулитот.Мене за тоа не ми помага ногу, ама кожата ми ја прави мека и мазна, убавини.Исто јас си правам овој со шеќер ама додавам мед и млеко и го мешам и тој ми е убав многу, посебно кога кожата ми е сува од сончање или зимно време.А лето го практикувам оној првиот.Инаку имам и еден рецепт со морска сол и маслиново или бадемово масло ама немам морска сол така да не го практикувам.
    Навистина е мераклиско кога си се намачкаш така целата па и маска на лице и коса од домашни состојки и после кога мислиш дека сите ја чувствуваат природната убавина благодарение само на природни состојки :emo: