Зависи колку е враснато влакното, некои излегуваат, некои треба малку да ги стиснеш за да излезат надвор, ама во принцип после пилинг полесно се вадат.
Вчера пробав домашен пилинг тој со шеќер масло и млеко се од око и да ви кажам пре пре пре задоволна сум.
Јас ги користам пилинзите на Body Boom . Некако ме мрзи да подготвувам сама пилинзи, па полесно ми е вака, на готово . Пилинзите се од кафе, хималајска сол, кафеав шеќер, бадемово масло, макадамово масло, арганово масло, какао прав, витамин Е... Во суштина, на природна база. Има повеќе видови, но заклучив дека ист им е составот, се разликуваат само по мирисот . Го користам 2-3 пати неделно, и тоа за целото тело + лицето (само нормално, понежно триење на лицето). Текстурата му е сува, поточно не е течен како некои од пилинзите што ги споменавте погоре, така што да, малку е неуредно, но веднаш се чисти и не остава дамки. Ги има во dm во мали пакувања од по 30 g (original - мирис на кафе, coconut и mango), кое стигнува за околу 5 пати користење ако го користите за цело тело, или можеби пак јас премногу ставам ? Неодамна открив дека имаат и официјална страна на fb (https://www.facebook.com/bodyboom.macedonia/), од каде што баш сега им порачав пакување од 200 g со мирис на јаготка . Официјалната (полска) страна на Body Boom пак, им е https://www.bodyboom.pl/en/, каде што детално се објаснети состојките, и имаат одговори на некои почести прашања . Искрено, мене овој ми е всушност првиот (и единствениот) пилинг што почнав да го користам и го одбрав исклучително бидејќи знаев дека кафето е добро за кожата, па тој ми се виде прв во dm . Ама не зажалив бидејќи ем навистина ја омекнува кожата, ем преубаво мириса. На почеток не бев ни сигурна дали се користи за лице, но кога беше зимата, кожата ми беше пресува и ми се лупеше, па си реков ај да се пробам, и кога излегов од капење, скроз нормална ми изгледаше кожата . Е сега за цената.... Во споредба со тие што ги споменавте е посолено: 260 ден. за 30 g. Меѓутоа, според мене, мноооооооооооогу повеќе се исплаќа да се земе од 200 g (890 ден.), односно да се порача од страната на fb (доставата е бесплатна), бидејќи се добива 7 пати повеќе производ за помалку од 4 пати од цената за 30 g. Но секако, за тие што повеќе сакате да си правите дома, можете да пробате со состојките што ви ги набројав
Crush пилингот ми е дефинитивно најдобар,ама па и малце скапичок ми е... сакам да си купам еспресо кафе,робуста и арабика вреќите во кафичи што ги мелат,само да ми го сомелат прилично крупно. Масла и витамини по мој избор и ете го crush или bloom пилингот.
Јас го купував од DM Markt Drogierie, али сега го немам видено од дамна, сепак провери си... Јас во меѓувреме се префрлив на MYPIEL производите,ги има само online и во Србија, вредат за секој денар што го трошиш на нив
Може да ми кажете каков е овој пилинг од Lilit дали се купува или се прави домашен пилинг ме интересира ви благодарам многу
Домашен. Маслиново масло, млеко и шеќер. Мешаш во сооднос да се растопи шеќерот, ама да не биде претечно за да може зрнцата да направат механички пилинг.
Препораки за добар пилинг за тело, по пристапна цена. И да не биде од ДМ оти немаат продажно место во мојот град.
Најубав пилинг, шеќер, ако имаш лажица мед, мешаш и ете ти Ако немаш мед, само шеќер, си го мешаш со гелот за тело.
Јас си правам домашен во тегличка. Голема лажица мед, голема лажица кокосово масло и шеќер од око. Поубав пилинг не сум нашла од овој. Убав е и со кокосови трошки наместо со шеќер, поблаг пилинг е. Ско некој има поосетлива кожа и реагира на зрнцата од шеќерот, кокосовите трошки се супер замена.
Да, не се препорачува шеќерот за пилинзи на лице/тело. Задоволна си ти, и јас ќе го пробам ама со кокосови трошки.
Маслото го омекнува шеќерот и не е воопшто груб. Мене ми е супер и така и така. За механички пилинг на лице попаметно е да се користат кокосови трошки, но за тоа одамна немам потреба па не користам.