Kade mozam da najdam rakavica za piling osven dm? I sakam da prasam dali bi bilo efikasen piling so rakavica i obicen gel za tusiranje?
Јас го земав овој и денес го пробав , многу ми се допадна . Не е многу густ и јак , таман е за честа употреба , мирисот е супер и кожата ја прави многу мека.
Не се топи. Јас редовно правев домашен пилинг од шеќер, маслиново масло и млеко. Нема да чекаш да се стопи. Ги мешаш трите состојки во едно филџанче, до пола шеќер, ладно млеко одозгора да покрие, и малку масло. Кожата е фантастична после тој пилинг. Инаку во план сум да пробам некој од пилинзите на Органик Шоп. Ќе земам деновиве, па ќе споделам искуство.
Јас имам користено од Органик шоп со какао и беше добар , инаку правам домашен 1-2 лажички шеќер може бел но пожелно е кафеав Некое масло кое го имате дома кокосово/бадемово/маслиново Доколку имате мед една лажичка (може но и не е морално) По желба може талог од црно кафе или цимет .
И јас да се вклучам, го користам пилингот со кафе од Органик шоп, презадоволна сум. Мириса прекрасно, и кожата е премека.
Се заљубив во пилингов. Задоволна бев од пилингот на Балеа во ќесички со кафе, ама ме печеше солта на кожата, овој ми е далеку подобра варијанта. Исто како да сум правела домашен пилинг, само што овој мириса на мастики, мирисот му е сон, ама и ефектот врз кожата е одличен. Се мислев меѓу овој и тој со кафе од истава фирма, сепак овој го зедов. Имам екстремно сува кожа, и пилингов помага да ја освежам, секако после си мачкам млеко за тело. Откако редовно користам ваков тип пилинзи, немам враснати влакна, што е голем плус. Исто е добар и за петици, обично пилинзите не помагаат, ама овој е добар како завршница после поминувањето со камен или турпија за пети.
Не знам каде прочитав, можно е на инстаграм од некоја блогерка за skincare дека го користела гелот за миење од True alchemy од Belina со AHA/BHA киселини на телото и дека имало ефект, во однос на body acne. Се мислам и јас одамна да го купам производот. 300мл околу 500денари.
Штом е со мирис на кокос, доаѓа предвид Само што јас имам многу сува кожа на телото... не знам дали ќе ми одговара.
Јас имам екстремно сува кожа, па редовно користам пилинг. Претходно се убивав од чешање. Сега обавезно еднаш неделно, или еднаш на две недели пилинг правам. И не ме чеша телото после.
Благодарам за советот. И јас забележувам дека ме чеша кожата, најмногу веднаш по туширање и бричење. Ќе пробам со твојов пилинг што си го препорачала погоре, па се надевам ќе има некаква корист.