Пилинг на тело

Дискусија во 'Тело' започната од anu666ka, 2 август 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Јас овој го имам и многу ми се допаѓа и веќе ми е при крај скоро и би сакала и друг да земам.
    Кожата после е мека и мазна.
    E82BAD59-819B-4485-B4F8-D3AFB0F7BD53.jpeg
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    1.724
    Колку пари се во ДМ пилинзите на Алверде и Балеа?
    Јас си го купив тој од Стокомак 120 ден е, многу ефтина се надевам дека е добар, иако поради цената не знам колку ќе е добар.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.855
    Допаѓања:
    202.964
    Пол:
    Женски
    За тој од Стокомак не знам, ама на Балеа најубав пилинг или скраб ми бил овој
    [​IMG]

    Околу 60тина денари беше една ќесичка. Е сега, имај предвид дека овој е со сол и знае да пече малку, а една ќесичка е доволна за двапати да направиш пилинг на цело тело. Инаку е одличен, кожата после него е мека и мазна, поткожните влакна целосно излегуваат.
    Од другите пилинзи за тело на Балеа и Алверде не сум нешто задоволна, а овој одамна не можам да го најдам во ДМ, па се префрлив на пилинзите за тело од Органик Шоп што може да се купат во Белина, ама и во ДМ, истиот ефект го добивам како погоре спомнатиот скраб на Балеа.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
    За цената е супер тој од Стокомак.
     
  5. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    6.796
    Пол:
    Женски
    Стокомак е предобар, остава и така малку мрсничко на кожата и нема да имаш потреба од лосион потоа. Нежна и мека ја прави кожата, не е многу груб. А и мирисот е супер.
     
    На malinnnnnna, Cherry blossom89 и NPN им се допаѓа ова.
  6. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    1.724
    Дали се става на влажна кожа додека се тушира или после тужирање?
     
  7. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    6.796
    Пол:
    Женски
    Јас додека се туширам на влажна
     
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.929
    Допаѓања:
    16.933
    Пол:
    Женски
    Може на некој ќе им е смешно. Јас си правам сама со кафе и масло од кокос, а може да се стави и шеќер. Сум користела, на орифлејм, авон, од дм, но овој со кафе ми е дефинитивно незаменлив. Кожата ја прави хидрирана, мека, нежна како на бебе.
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    488
    Пол:
    Женски
    Влажна.
     
  10. Hortenzija

    Hortenzija Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2019
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    15.451
    Пол:
    Женски
    Moze slika?
     
  11. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    6.796
    Пол:
    Женски
    stok.jpg
    Два имам забележано во Стокомак еден со поротокал и цимет, другиот е црвен, јас тој со портокал го земам
     
    На Hortenzija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.287
    Допаѓања:
    1.724
    Како го правиш, со кафе обично или талог од кафе и колку ставаш од сите продукти, за еднаш го правиш или повеќе да имаш?
     
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.929
    Допаѓања:
    16.933
    Пол:
    Женски
    Со талог од кафе. Немам некоја мерка, правам за еднаш.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    81.691
    Пол:
    Женски
    Пилинг со кафе можеш да си направиш како сакаш така. Секако си има бенефит. Јас обично си варам турско кафе, го пијам на раат и кога ќе остане само талогот не го фрлам туку си го претурам и така го користам, само талог.

    Ако правам филтер-кафе во мока пот, тоа ми е некако покрупно и малку грубо за кожата и ете тогаш ставам лажица-две маслиново или кокосово за да "омекне" малку и мешам. Ништо посебно, не можеш да згрешиш, а кожата потоа е навистина убава и мека.
     
  15. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.165
    Допаѓања:
    9.300
    Пол:
    Женски
    Досега немам правено никаков пилиг, па прилично непозната ми е оваа тема.
    Дали ќе може да ми предложите нешто за пилинг на нозе, имам доста поткожни влакна и сакам да пробам со пилинг да ги редуцирам.
    Исто така, би било убаво и ако ми кажете како се употребува.
     
    На izabela.nik и the_queen15 им се допаѓа ова.
  16. the_queen15

    the_queen15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2020
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Јас си правам домашен пилинг и мене ми ја прави убава кожата. Ставам кафе, шеќер, кокосово масло и малку гел за туширање. Го користам 1 или 2 пати неделно.
     
    На Star_dust му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.339
    Пол:
    Женски
    И јас си правам домашен пилинг за тело, не купувам.
    Талог од кафе, додавам и малку сол некогаш и имам Сатва за против целулит купено пакување и недотрошено, па место масло тоа го ставам во талогот.
    Секакви модификации на "рецепт" можете со талогот од кафе да си направите, а навистина има ефект и веднаш се забележува колку е мазна кожата. Не дека баш верувам 100% дека е до тоа ама навистина и против целулит талогот од кафе има некој минимален ефект, краткотрајно. Можеби и самиот пилинг и масажа помагаат за подобра циркулација и помазна видлива кожа ама лично кај мене сум приметила разлика.
     
    На the_queen15 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    8.965
    Пол:
    Женски
    Зашто смешно, баш е паметно. И јас користам таков пилинг, плус користам и ситна морска сол, мелен овес (маска од овес многу ми прија и на лицето, па го користам и за тело, со млако млеко), дури и пченкарно брашно понекогаш, од поситното за да не биде грубо, секогаш со малку масло (јојоба, кокос, ленено, што имам дома) или млеко. И супер е.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  19. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    12.130
    Пол:
    Женски
    Изгледа само мене не ми се допаѓа тој од Стокомак, два пати само ставив, вториот пат на сила, ај викам до мене може е, многу лошо ми мириса :|
    А и кожата ја чувствувам како немиена со него.
     
  20. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Јас правам домашен пилин за тело и го користам преку 2 капења, т.е. кога не ме мрзи многу хаххах:rofl::tmi:.
    Знам дека пилингот е супер и здрав за кожата, која после капење е мека, премека, нежна и стои таква до наредното капење.:nod:
    Еве јас како го правам:
    • 1 и пол супена лажица шеќер (пожелно е кафеав, но ако немам ставам и бел обичен)
    • 2 мали лажички кафе
    • 1 голема лажица кокосово масло (сум користела и други масла кога во моментот сум немала кокосово. Прва замена е маслиновото, но може и други масла кои ги имате. Кокосовото го сакам најмногу заради мирисот, а и некако поубаво се чувствувам со него.)
    Цело ова го размешувам и потоа на влажна кожа го нанесувам. Откако ќе завршам со пилингот, го оставам да поседи (додека да завршам со остатокот од капењето, како коса, пети, лице и сл.) и потоа го плакнам. После тоа, нанесувам на сунѓер за капење од гелот за туширање (btw: од неодамна започнав да користам еден од брусница и е предобар), и се мијам со гелот за туширање но не многу грубо, сакам да ми остане малку од мрсно од кокосовото масло, но не премногу:!:!! Плакнам и тоа е тоа! После, маслото си се впива постепено и кожата е прееемека и преубава. Ептен ми е soft:inlove: