Баш дојдов на темава да искоментирам за нив, го земав Brazillian Love и не сум воопшто задоволна. Гранулите се ептен ситни дури и да ги нема, не осеќам ко да прави нешто на кожата.. Можеби затоа што претходно ги користев пилинзите на Organic shop, тие се со покрупни гранули па онака убаво измазнуваат..
Женски здраво Препорачајте ми фирми кои лесно можам да ги најдам кај нас, а воедно сте задоволни од нивните пилинзи за тело. Воедно каде можам да најдам и ракавица? Благодарам и ве гушкам
На зиаја искрено јас ги користам и се топ си имаат свои продавници и во дм ги имаш понекогаш се и нс попуст. А за ракавица има во дм имсм видено убави квалитетни.
Здраво женски, дали користите body scrubs или пилинг било шо? ако да, од каде ги купувате и ако знаете online да се продават дали знаете некои страници на ФБ или на инста да ми препорачате пошо jас никаде не можам да наjдам нешто слично а ми треба body scrub пошо не знам како ама имам поткожни влакна на нозете и никако неможам да ги тргнам слушнав дека со body scrubs излагаат ако знаете страници каj шо се продаваат online пишете ми благодарам
Ми ги имаат доста фалено scrubs од body shop ама се поскапи. Ако вредат нека пише некој што ги користел
Мене пилинзите на body shop не ми се ништо посебно. Мали се зрнцата и доколку сакаш појак пилинг, нема да ти вршат работа. Да не ги имаш пробано пилинзите на Fluff?
Во ДМ ги имаш на Органик Шоп, цена не знам да ти кажам, ама супер се. Има слики од разни скрабови, јас го имам од манго и шеќер, а и тој со малина и шеќер е добар, овде разгледај. Или можеш сама да си направиш, во шолја за кафе ставаш шеќер до пола, после маслиново масло два прста и малку млеко. Со тоа направи пилинг пред туширање, кожата ќе ти биде благодарна. Ептен е мека и мазна после ова, за поткожни влакна е лек.
Користев пилинг за тело убави ја обновува регенерира кожата. Но не сум за постојана употреба. Мислам дека треба да се употребува повремено чат-пат.