Јас порано правев една мешавина од кафе, шеќер и кокосово масло. На интернет видов, ми се свиѓаше. Кожата мазна ми беше после ова неколку дена.
Не најдов соодветна тема. Да ми препорача некој пилинг за чуствителна кожа? Подкожни влакна, црвенило, и доста сува кожа. И што после пилингот? Масло крема млеко?
Балеа секогаш имаат по некој нежен пилинг за тело во актуелните линии. Ѕирни во ДМ, обично не им се многу агресивни пилинзите па ќе ти заврши работа штом кожата ти е осетлива. Мене број 1 продукт за пилинг ми е сапунот Dove со пилинг. Честичките се многу ситни и многу е нежен, а одлично вади поткожни влакненца. Ти го препорачувам него, не е ни скап. После пилинг јас стандард си ставам лосион за тело и толку. Можеш да намачкаш некој алое гел за смирување на кожата, и тоа е одлична опција.
Јас користам пилинзи на Organic Shop, одлични се за поткожни влакна. Моментално го користам овој од кокос. И јас имам многу сува кожа и не ми ја суши дополнително, баш ја чувствувам хидрирана и после после пилингот. И обавезно после туширање ставам лосион, моментално Неутрогена во плаво шишенце.
Заборавив, да можам да го најдам по аптеките зашто моментално немам дм во близина а онлине не ми се чека. Тоа маслото на бидерма добро ли е за туширање?
Дали некој го има користено овој пилинг кој е наменет за лице, за тело? Инаку единствен пилинг кој го најдов по аптеки. Аха бха сте користеле за време доење? @koritsaki
Низ сите аптеки и маркети го има, во ДМ исто. Јас најчесто од Зегин го купувам дека најуспат ми е. https://zegin.com.mk/mk/dove-gentle-exfoliating-sapun-za-nezhna-eksfolijacija-90-g
Лее шо имам еден англиски бренд е, каков пилинг човече! Не да чисти... Не да мириса... На кожата останува дури и после две туширања мирисот. Невероватно нешто. Ме мрзи да одам да видам шо марка е.