Јас го користев тој со макадамија, го имав купено надвор од МК. Кога ми се потроши сакав пак да го купам, го барав ко луда ама не го носеле тука. А толку се добри пилинзите на Dove и за ексфолијација и за мирис, да знаев ќе си направев залиха.
Препорачајте пилинг од ДМ од кој сте задоволни, а да е на некое ниво како тој на Dove if possible Или барем кои да ги избегнувам Однапред благодарам на одговорите
Ти ги препорачувам овие два, до сега најзадоволна сум. Убав пилинг прават, измазнуваат кожа, барем мене ми вадат некои поткожни влакненца што со други пилинзи не ми се ваделе што е најбитно и немаат мрсна формула. Конкретно од Зиаја ги имам пробано и другите два (lemon cake и marshmallow) ама многу се мрсни, тешко се мијат, не ги препорачувам.
Епа мене баш ради тоа ми се допаѓаат помрсни бидејќи имам сува кожа и ептен ми одговарат после тоа не ставам лосион,а мирисот е ммм како колачи
Баш на колач со лимон, мирисот е совршен. И јас имам сува кожа ама не ми е убаво чувството од мрсен пилинг.
Да ми го препорачате најгрубиот + мрсничок пилинг од Organic Shop? Ми треба да ја одржам мазна кожата меѓу депилации, за "кокошкина кожа", едни досадни брунчиња што ми се појавуваат на надлактицата и подлактицата и за вадење на поткожни влакна. Некој ми спомна дека тој со кафе бил доста ефективен, ама слободно препорачајте ми и некој друг што може да е подобар.
За кокошкина кожа, мене лично најефикасна ми се покажала комбинација од тонер од гликолна киселина и лосион/крем со барем 10% уреа.
Користам и хемиски пилинг помеѓу депилации, особено на местата кај што ми е поизразена кокошкината кожа, тие црвенила и брунчињата кај подлактиците (Revox 30 AHA) и супер ми делува, ама мало е пакувањето и не ми е секогаш ефективно за поткожните влакна, па барав и пилинг конкретно за тоа.
Јас тонер со гликолна киселина од ординери го ставам во шишенце со пумпица и речиси после секое туширање шприцам на афектирани делови, па оставам да се впие и после следува лосион со 10-15% уреа. Физички пилинзи користам од време на време ама како оваа комбинација ништо подобро не се покажа.
Дали си задоволна од гликолната киселина на ordinary? Дали има некој воочлив ефект или нешто минимално? Сакав да ја порачам, си имам мака со кокошкина кожа и јас.