Јас денес пак го правев Што да кажам освен дека знам дека ќе им помине рокот на купечките затоа што не планирам веќе да ги употребувам, овој домашниов е врв, незаменлив
Лилит мојата кожа и јас те поздравуваме најмногу на светов Ти не си свесна каква услуга си ни направила со тоа што ми го кажа рецептов за овој одличен пилинг. Никогаш во овие 25 години кожата не ми била ваква, а што се не имам пробано... Тенкју вери мач
Штом толку го фалите рецептот на Лилит, еве само што си го запишав на ливче (не дека не паметам, ама да ме потсети, бидејќи сум прочитала повеќе од 736282 различни рецепти за пилинг приготвен во домашни услови) Па, во најскоро време ќе биде пробан
И јас си правам по дома со талог од кафе, ама сега ќе го пробам и овој со млекото шекерот и маслиновото масло. Не се сомневам дека е одличен, секогаш сум била позадовална кога нешто вакво дома ќе си приготвам. Туку едно глупаво прашање, ама ај пак да си прашам јас - Какво маслиново ставате од оние од маркет за готвење или од тие Галафарм, Фитофарм што се малите шишенца од аптека
Го направив тој со млеко и шеќер и си ставив по неколку капки бадемово и маслиново. Сега сум џоа бебенце. Од млекото сеуште не сум се исфрлала па се надевам и нема. Е фала ви!
Правам 2 вида на пилинг, и од дватта сум презадоволна и ми се незаменливи. 1-(најпогоден за лето)- малку кисело млеко/јогурт и пченкарно брашно. Се меша да се добие густа смеса. (Пола филџанче е доволно за лице). По потреба за погруб пилинг, додавам малку палента. 2-(најпогоден за зима)- топло млеко, лажица мед и пченкарно брашно. По желба може да се додаде неколку капки масло, но зависно од типот на кожата. #-Груб пилинг - го правам преретко. Палента и мед - се прави топчиња со кои се жулиш.
И јас кревам две прстиња кон групата обожавателки на шеќерниот пилинг на Лилит. Го пробав денеска, ама немав маслиново, ставив шеќер, малку кокосово масло, малку чичково и млеко. Смесата мирисаше преубаво, стоеше малку на парното колку шеќерот да попушти, но не и сосем да се стопи. Кожата е сон, мириса преубаво, мазна и сјајна, од утре ќе се опремам со маслиново масло, плус некое етерично масло за уште поубав мирис, како ванила или лаванда и мислам дека повеќе нема да купам купка или пилинг за тело... барем не наскоро. Одлично е. :up:
Ќејф сум кога вака ве читам,искрено! Треба да извадам уште некој продукт од мојата домашна лабараторија!
Jaс за набрзинка го користам оној што го постирала Џуси, не е лош, ама не ми е мазна кожата како со овој Лилиткиниов Ама за тинтрање кога имам цел бољер на располагање, уууу, дури и по два пати се тријам од што не можам да се изнауживам Маслиновото масло само за тоа го користам и онака не го јадам И и го кажав и на другарка ми, па и кажала на другата другарка, и сега и таа го користи, што значи се шири епидемија на мазна кожа и наскоро ќе има дефицит на масло
Лилит и треба да ти е! А тек на нас како ни е ќејф! Значи прво фино не измазни со депилацијата и после не направи меки, миризливи и галежливи Сериозно секаде по пријателки па и пријатели, и на работа им го кажав пилингот и сега се од младо до повозрасно да не речам до старо го прави пилингов и ме фалат и ме тапшаат онака - од кај ти текна? Си велам не ми текна мене!!! Копирајт Лилит. Ли-кој? Небитно. Ништо не сум рекла. Битно е добар Жими све се чуствувам ко Хатшепсут. Па сега си имам плус и гел за туширање од козјо млеко абе....мераци бре мераци. Ах ах. Дај уше некој рецепт! Оно, не знам дали сфаќате ама станавме за степен посамоуверени и посамозаљубени благодарение на пилингов бе! Она - if I were you I'd fu*k ...егрр, овај, want myself too!
И јас сум презадоволна од пилингот на Lilit. Почнав да го користам во тек на бременоста, незнам дали е до пилингот или што ама освен бадемово масло и пилингот ништо друго не сум користела, стомакот после месец дена од породување ми изгледа ист како и пред бременоста, мазен без ниту една стрија.Јас од се срце им го препорачувам на сите идни мамички, ем природно, ем ефикасно. Јас и го фалам и препорачувам на Лилит пилингот на оваа страна на светот, на кого му го имам препорачано сите се благодарни и задоволни, нема повеќе потреба од купување пилинг,ја имаме добитната комбинација, пилингот е хит на повеќе континенти. Thank you Lilit
Еве дигам два прста, чекам за нешто ново! Пастата и пилингот одамна се дел од мојата козметичка колекција!
многу убав домашен рецепт за пилинг е пилинг со талог од кафе ...пр го собираш неколку дена талогот од кафето и потоа го помешуваш со хопла чисто да се замеша ,да стане хомогена смеса ..и си правиш пилнг ,резулатите се феноменални ,а плус го уништува целулитот
Па после толку фалење на пилингот редно е да го пробам . Постовиве ќе те натераат да го пробаш колку и да си скептик за пилинзи . За резултати ќе бидете накнадно известени.
Го пробав тој пилингот со талог од кафе ...малце лом се прави све ама ПРЕУБАВ Е мнооогу е мазна кожата после....најзадоволна сум .... газето ми е мазно ... мора да пробате ...едноставно МОРА