Ooo да. И јас го пробав магичниот пилинг на Лилит, и добар е, добар е! Не ти треба млеко за тело, зошто и маслиновото ја хидратира и негува кожата! 10ка од мене.
Место маслиново може обичен зејтин? Се шалам Го испробав, одличен е, сета р'ѓа ми ја извади Пак се шалам ( ) Уште лек за мрсна коса да се измисли и би била комплетна... Благодарам.
Минатата вечер кого го прочитав рецептот за домашен пилинг, сакав да го направам и одма да го испробам ( а само што се бев истуширала) Ама денес го пробав и навистина се приклучувам и јас кон клубот обожаватели на пилингот на Lilit. Малку мирисот на маслиновото од секогаш не сум можела да го поднесувам многу многу, ама на крај се истуширав со Дове гел-крем за туширање и од крајниот резултат сум презадоволна. Кожата мека мека... е сега ќе барам и јас некое друго масло да додам само поради тоа да се неутрализира мирисот на маслиновото масло. Lilit имаш огромно благодарам и од мене
А мори Лилитке, ти советник за убавина да не си и била на Клеопатра во претходен живот?? Го пробав пилингот и имав приватна сесија на восхитување со мојата мека кожичка, мислам како бебето на рекламата од Бекутан ми е. Милион пати благодарам!!! пс. Морам и ова да го допишам....ти ептен си шеќераклија се што правиш со шеќерче .
Лилит има многу такви што не знаат за ова и не веруваат воопшто . Вчера го направив и еве веќе втор ден само се галам и не можам да престанам . Денес во школо раскажував за тоа каква ми е убава и мазна кожата и пак не веруваат дека од пилингов ми е Како и да е , јас видов и верувам , фала ти
Лилит благословена да си Денес го пробав пилингот ама јас плус додадов и цимет прекрасен е а резултатите се По цел ден си се галкам
Се приклучувам на групата "За сите кои го пробале пилингот на Лилит и потоа не можеле да си одолеат самите себеси ". Шала на страна, откако ги прочитав сите пофалби реков ајде да го пробам, и можам да кажам дека повеќе нема да купувам пилинг. Во ова барем знам што клавам, природно си е, а маслиновото масло е тоолку добро за кожата.. Lilith, God bless you
И јас си го испробав,а сега си го практикувам 2 пати неделно!Предобро нешто,меко меко мекано после абе мераци..Одличен е
Гледам сите се фалат од твојот рецепт па да прашам колку време треба да остои пилингот? 5-10 мин може? Инаку јас досега не сум користела пилинг за тело.Користам млеко за тело од Докторс.Многу ја прави мазна кожата Само што имам многу мозолчиња на рамениците и на грбот Цела сум на грбот
Пилингот не треба да стои на телото, туку со него се триеш за да ги отстраниш мртвите клетки и нечистотијата од телото.
Браво бе Лилит бе, си го заборавив Гарниерот во Скопје и сега со што ќе го пилинзирам лицево. Кога ми текна на тоа пилингот, земав го направив, ама наместо маслиново масло му ставив - лимон! Резултат фантастичен, ми иде да се самоизлижам и не можам да се изнагледам колку ми обеле лицево. Значи, две лажици шеќер, малку млеко и цеден лимон. Воааала! п.с. Наредна недела го правам тој за тело.
Лилит, јас специјално од Охрид носев маслиново масло (да не се трошам од тука ) за да го направам пилингот по твојата рецепта Еве вечерва ќе го испробам
Одлично, одлично...презадоволна сум од рецептот на Лилит, го пробав прееска се изнабањав,не ми се излегуваше од купатило цело време си се галев . Лилит, Господ да те благослови
Cи го пробав и јас од кога планирав да го пробам,дури денеска го пробав,прво ми се свига што е од шекер,претходниот ми беше од сол и ужасно ме пржеше и чешаше,плус домашно е,ја прави кожата преубава,и премека A девојки некои наместо маслиново масло ставате млеко,или млекото е плус,или и тоа ако сакаш си го додаваш?
шеќер + маслиново масло + млеко (се од око, колку да се натопи шеќерот ) нема шанси да ја згрешиш смесата
Има еден ептен ситен шеќер, е таков да се погоди, нема промашај, не мора да чекаш да се подрастопи, така убаво лизга и мазни
Лилит душо, Лилит златна, често си помислувам на тебе под туш . Абре ова пилингов ми прави џоа самовила да се чуствувам, ќе се испилингувам, и штом почнам да се туширам секогаш си велам, од ВЦ правец на Фемина да ја поздравам Лилит, ама се заборавав, сега ја видов темава и ми текна да ти изразам голема Благодарност за споделувањето на овој рецепт. А инаку девојки јас прибидејки немам дома маслиново масло, скоро секогаш ставам дали Ореово, дали Чичково, од оние на Галафарм, на коса што ги мачкаме де. И поготово тоа Ореовото ко што има некој симпатичен мирис, уживам самата со себе, се самовозвишувам, се гушкам, се мазам...Уф... срамотилуци како опишав .