Си го зедов гелот за пилинг Phuket од Oriflame пред некој ден ,има многу интензивен мирис што не ми се допаѓа ,ама кожата ја прави перфектно мазна.
На божественот пилинг на Лилит му додадов плус една кесичка цимет и плус етерично масло од лаванда неверојатен е
Јас долго време практикував пилинг на лицето со мед и шеќер. Нешто слично на овој пилинг што го постирала Лилит, со тоа што малку потешко се размачкува, ама многу полесно се мие. Го тријам лицето се додека не зацрвени, а потоа ми е бебешко нежно. Го пробав и пилингот на Лилит, со тоа што јас наместо маслиново, ставив масло од кантарион. Планирам сега да си го усовршам според вкусот, па уште утре ќе одам да купам етерични масла.
Што туку излегов од бања. Го пробав пилингот со шеќер, само што место обично млеко јас ставив чоколадно. Немам коментар, прекрасно! И на лице си ставив и за малку ќе го изедев И мојата цимерка се воодушеви... Прекрасно навистина..
еве сега се спремам да си направам пилинг и ке ве прашам едно глупаво прашање..немојте да се смеете...... сега ставив една шоља шеќер,од око зејтин и млеко,. ама не ми е јасно дали треба да се стопли на огин за да се растопи шеќерот или така само да се нанесе?
(мазни) девојки (како свила), а да го смениме имево на темава - сосема е заслужено после толку воодушевување нели? _____ Некој спомна дека и на лице го користела. Да не греба многу шеќерот?
^ Јас правам пилинг на лицето со мед и шеќер. Го тријам лицето додека да не зацрвени. Гребе малку шеќерот, ама верувај ние девојките сме навикнати и на поголема болка. Потоа лесно се вади, иако е мед во прашање. Само со млака вода се поминува лицето и се вади, а кожата е мекана. Јас овој пилинг го прочитав некаде на интернет, со тоа што, комбинацијата беше со сол. Арно ама, солта ја суши кожата, па затоа ставам шеќер.
Од мое искуство не би го препорачала пилингот за лице ако имате почувствителна кожа. (за тој со мед, не знам, не сум го пробала ) Не е ради болката, туку шекерот е многу јак, а лицето е многу нежно. За мене важи тоа "додека не пробраш, нема да знаеш" па така јас си направив пликови од толку што сум го триела со шекер маслиново и млеко лицето. Два дена неможев да го доведам во нормала. Спојлер А убаво ми викаше мајка ми, прави си го тој за тело, за лице нека ти тој стариот (овој демек нов ми е, и се пофалив што прочитав). -пченкарно брашно, жолчка, маслиново масло и лимонче.
Лилит, Лилит, Лилит... Ти, жено, си најубавото нешто што и се случило на мојата кожа последниве неколку месеци! Да ти даде Господ се што ќе посакаш! Прво се чудев што сите се воодушевуваат и паѓаат во несвес и дали е можно до толку да стане мека и мазна кожата. Неможам да престанам да се галам бре! Мазно, меко, лизга! Како бебешка кожа!
Синтија, ама е двосмислено ова Јас денес планирам пак да го правам, ама се повеќе се плашам дека ќе биде објавен во некое женско списание, а ние сеуште не сме го патентирале
Одличен е пилингот на Лилит, само што јас имам осетлива кожа па ми беше малку груб. Вториот пат шеќерот го заменив со пченично брашно и одлично испадна
Јас го користам пилингот од Лилит и за лице еднаш неделно и потоа си ставам сосем малку од оригиналната павловичева.Комбинирана кожа имам и не ми е груб, повеќе тријам на мрсните делови, најдобро ми ја чисти кожата од сите пилинзи купечки . Инаку јас го правам со оние масла на галафарм, сите се маслиново масло плус екстракт (чичково, ореово, бадемово, итн). И за тело ми е совршен! Се мислам дали да додадам и една лажица мед за на лице, ама се плашам да не е многу лепливо. А пилингот од кафе ли беше за целулит? Како го подготвувате него?
Пофални зборови за Лилитовиот изум! Никогаш не сум користела пилинг за тело, имам мазна кожа, ама не е како пред 5-10 години , си ја пролистав цела тема, и ајт да не останам покуса, се нашљапав цела, да можев и забиве ке ги замачкав, да ги исполирам, хахаха, се шалам - Ефектот позитивен, мека и сјајна кожа, без адитиви , киселини и триста чуда, баш на природна база и башка економичен. Пробав и лицето да го поминам, ама грепка. ( Се смеев кога ве читкав како се галите, а јас не бев поарна по пилингот )
Уште една пофалба до пилингот на Лилит. Со маали измени бидејќи немав маслиново масло, си ставив невеново ама пак супер е, мазно мазнооо, кај стигнав се шлапнав и на лице си ставив да се освежам. Па после и кога си ставив од кремата за тело оргазми се доживуваа All hail Lilit!!! Пилингот на Лилит- затоа што вашата кожа го заслужува тоа
хаха ах девојки ви ги читам коментарите и од срце слатко се смеам, едвај чекам да го пробам и јас пилингот за некој саат време само јас немам маслиново масло па ке го пробам со бебешко масло на Нивеа