Леле. Сите ве частам. Посебно Лилит. Пилингов нејзин дефинитивно е откритие на годината. Јас си го шлачкав пилингов и на лице и веќе после 2 недели 90% од мозолките ги снема, а и флеките почнаа да бледнеат! Сега баш сабајлево, станувам, одам во бања, и онака полека со страв се поткревам на огледало да си ги видам мозулките и да им кажам добро утро, кога гледам, што да видам! Во живот почисто лицето не ми било! Како се израдував појма немате! Ко мало дете си поскокав, дури заборавив да се помочкам. Да живее Лилит! Лилит за претседател!
Не сум користела пилинг за тело. Обично го користам само оној за лице, но ќе го пробам и овој за тело..
Малце поодамна ми излегоа брунчиња на челото. Не беа црвени, како акни, гноеници, туку мали сите и она низ цела десна страна. Земав талог од кафе и си истргав лицето. И баш после тоа се бањав и стоев над пареа од чај од камилица за да можам полесно да ги истискам црнките на горната усна. И од тогаш верувајте, немам ниту едно брунче (пу, пу). А овој рецептот на Лилит ми изгледа баш примамлив. Ќе го пробам некој ден. ... Femina.mk cosmetics, by Lilit.
Значи моме Лилит, Господ да ти даде само бистар ум да смислуваш уште вакви изуми ме воодушеви едноставноста на пилингов, а совршеноста која ја пружа.... го обожавам.........
Јас го пробав.... И се приклучвам на воодушевените феминки од пилингот на Лилит Стварно кожата е мека, сјајна и плус е многу економичен. Пилингот од Фрутини ќе го дотрошам и поќе ич не купвам, ќе го користам домашниот пилинг
A Лилит да те прашам јас,може ли да ставам нешто друго наместо маслиново масло...оти немам дома,имам кантарион,зејтин...може ли едно од овие две да употребам? и млекото треба истотака да се стави колку да го покрие шеќерот? Ах да,и де кажи бе и некој пилинг за лице,од овие твоиве
Лилит, а може да се користи масло со поминат рок? Или некое друго во замена на маслиново,на пример од тиква или кикирики?
Откако увидов дека немам маслиново масло, а телово толку многу ми посакуваше пилинг се одлучив на ова: шеќер + Eldena = одличен пилинг, премека кожа од самото трзање и млекото за тело кое само по себе си е доста мрсно (со бадемово масло). Спојлер
Можете кое масло сакате да го користите,а пилинг...па пилинг не отстојува на кожата,се триеш со него темелно и плакнеш. И не ставајте многу масло и млеко,туку токму колку да се навлажни,а не да плива шеќерот во него и да се стопи. А со поминат рок...не знам што да ти кажам. Зависи дали е жегнато,дали мириса непријатно...поим немам. Јас строго со маслиново си го правам,со тоа што сега после бањање,се мачкам со бебешко масло,си стојам 5 минути така,па пак под туш да го исплакнам вишокот,со пешкир убаво се бришам потоа и ...убајна. А за лице,обично си купувам,ама ми се силни,ми го сушат лицето многу и место да немам лупешки,мене цел нос ми е бел од кожички,ужас.Ако има некоја да ми предложи пилинг за лице за сува и осетлива кожа,би била благодарна. А по дома последно што правев беше со мелени бадеми,маслиново масло,млеко, убаво е не викам не,ама немам секогаш непечени бадеми дома,па и да имам,процес ми е да ги мелам,ама ете така инцидентно може понекогаш.
Пченкарно брашно + маслиново масло + цимет(за да не мириса на палента) За понежен пилинг од оној со шекер.
Пилинг си направив вчера со Бекутан масло, шеќер и сол малку. Сестра ми ме зезаше салата дека правам Се зезнав пред два дена се депилирав ама ми останаа многу поткожни влакна. Вчера со пилингов сите излегоа и сега пак депилирање
Кафеав шеќер+маслиново масло+лимон+мед=на најубавиот пилиг против поткожни влакна, црвенила и сува кожа.
Талог од кафе Јас пред некој ден пробав и се изненадив , колку е мека и нежна кожата .. Прочитав и дека помага против целулит.
Јас два пати неделно си правам пилинг, 2 лажички шеќер, 2 лажички кафе, 1 лажичка сол, и мааслинов зејтин, прво се миете само со вода а потоа триете од смесата по телото потоа нормално со гел за туширање, кожата е како на бебе