Пилинг за тело луге дај кажете некој пилинг за тело кој ја прави кожата поеластична и помека и кажете ми колку е цената отприлика за пилингот за тело
Го пробав пилингот на Lillit и од мене пофални зборови.Имам многу сува кожа и баш многу ми требаше еден пилинг.Го оставив да стои 10 мин и кога го нанесував не се чувствував пријатно зашто многу ме гребеше,можеби сум го оставила премалку време па кажете ми колку од прилика го оставате зашто не сакам па многу да се стопи шеќерот зашто нема да има ефект,инаку резултатите секако беа одлични
Моментално го користам овој на Fruttini..Само пофални зборови..освен што мириса преубаво кожата ја прави многу мека..Пилинг користам 2 пати неделно..Е сега колку ме чини,па се зависи нели до пилингот.Овој го земав од Словенија,ме чинеше 3,25 евра..Кај нас незнам колку се движат цените на овие пилинзи.Инаку понекогаш знам и сама да си направам,обично си наоѓам доста добри рецепти на нет.Исто така се трудам барем еднаш неделно да си направам пилинг со талог од кафе бидејќи имам слушнато дека помага за целулитот,а и кожата после тоа е многу мазна..
Јас малце касно палам, ама еве да се пофалам. Денес го пробав пилингол на Лилит и што да кажам да не ве повторувам... СОВРШЕНСТВО! Кожава како бебе да сум.. толку ми е мазна, мека. Цело време сама со себе си се мазам од што ми е убава кожата Од сега дефинитивно секоја недела ќе биде на рапертоар. Пред да се бањам го читав ова и трчав да купам маслиново масло, нели да не останам покуса и јас гледам сите се фалите
Едно прашање до госпожа Лилит, па и до сите господични кои си го прават пилингот редовно. Како се справувате со остриот мирис на маслиновото масло !? Мене отсекогаш ми сметал, иако убаво и темелно го чистам телото од пилингот, па си нанесувам купки, млека за тело - никако не можам да се оттарасам од мирисот на маслото. Посебно кога сум во ПМС, ми идат и нагони на повраќање од него, а сакам да си се дружам со ова па, ништо друго не ми е толку ефикасно за третирање на многубројните црнки и лупешките на грбот. Во план ми беше да ставам некое етерично масло, но да не се извитопери мирисот уште толку !?
Стави неколку капки есенцијално масло, по твој избор. Дали лаванда или нешто друго твој е изборот, тоа би требало да неутрализира, според мене.
Мене искрено сите пилинзи за тело што сум ги користела ми се доапаѓале. Од сите сум го добивала истиот ефект. Само мирисот е различен. Од цреша најмногу ми се свиѓаше, а моментално користам од ванила.
Да прашам за пилингот на Лилит.Дали може да се направи без маслиново масло,дека како што кажавте има некој тежок мирис кој тешко се отстранува.Сакам да го направам ,а во моментов немам друг вид на масло.
И јас го пробав пилингот на Лилит,навистина е супер поготово за летно време кога кожата е посува од сонцето ја чисти убаво плус млекото и маслото ја хранат,значи воопшто не е исушена кожата после пилингот како што ми се случувало со некои други пилинзи. Jас си правам и уште еден дома со морска сол и беби масло и тој е добар,а од купени последен што го имам пробано е пилингот за туширање од Balea и не беше лош,не ја суши кожата и може почесто да се користи
Редовно правам пилинг на тело со кафе, без маслиново масло како што има спомнато Лилит. Пробајте и така, кај мене истиот ефект го има.
Сакам да го пробам ова на Лилит, утре пред да се бањам ќе го направам И после тоа ќе ставам млеко за тело и мислам дека ќе има ефект
Користам пилинг за тело, уствари обожавам пилинзи за тело. Најмногу ми се допаѓа на Лаура Вандини, бидејки гранулите се доволно големи и таман гребаат . Прекрасен е, ептен ја мазни кожата, ја прави мека и нежна, а воедно мириса божанствено, во комбинација со истиот лосион и путер...сон. Штета кај нас нема многу избор на пилинзи, сум користела од Авон и Орифлејм, но некако се пренежни воопшто не ми се допаднаа.
Правам пилинг на телото еднаш неделно.Кожата е помека и нежна,по отстранување на мртвите клетки од површинскиот слој на кожата.Го користам пилингот Discovery Hawaii од Орифлејм.
Малку е глупо прашањето ама зашто точно го користите пилингот? Инаку јас сакам овој месец да си порачам од авон.