Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пилинг на тело

Дискусија во 'Тело' започната од anu666ka, 2 август 2011.

  1. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.025
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Пилингот за тело содржи гранули и се користи за ексфолијација на кожата,односно за отстранување на мртвите клетки од површинскиот слој со што кожата станува мека и нежна на допир со пријатно чувство.Се препорачува еднаш неделно.Типична е примената кај масната кожа.
     
    На eloves и mims-89 им се допаѓа ова.
  2. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    на овој мислиш ?? [​IMG]

    ако е овој јас сега го купив и ставив малце на раката да видам каков е и веднаш го тргнав и местоте беше многу меко а и многу долго мирисаше да не претерам 7 саати
     
  3. Aleksandra-Kukla

    Aleksandra-Kukla Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Препорачајте ми некој убав пилинг не мн скап :)
     
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Тие од Авон.
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Имаш на Фрутини во Космо, не се повеќе од 200 денари, а 250 мл се. Јас сум многу задоволна од нив, имаат преубави мириси, со портокал има, цреша и ванила, со кокос, чоколадо, круша, лимета, ананас....
    Еве сликичка:
    [​IMG]
     
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Ѕирни во Дм, Балеа исто имаат пилинзи за тело, околу 100 ден се само ги нема секогаш, треба да се начекаат :)
     
  7. CirezD

    CirezD Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Девојки, не знам колку сте чуле за пилингов, Dirty secret - Coffee scrub наменет и за лице и за тело, јас денес го пробав прв пат и сум презадоволна.
    На природна база, кафе, маслиново масло, кокосово масло, цимет, кафеав шеќер, витмински додатоци за секакви кожни нерегуларности.
    Доаѓа со упатство за користење за лице и за тело, преубаво спакуван, теглата е полна скроз до самиот капак дури натисната внатре, со стапче за нанесување. (тоа малечкото во кафената хартија е истиот пилинг само тестерче, за другарка зимав), 370 грама за 300 денари со 5 месеци рок на траење.
    Девојка ги изработува дома, денес ја запознав и од нејзиниот однос сум задоволна.

    Доколку некоја го пробала или ќе го проба, споделете искуства тука, на нејзината страна (https://www.facebook.com/dirtysecretscrub/timeline) во reviews луѓето се презадоволни, а и од други што го пробале кои живеат тука во близина, последиците им се позитивни.

    *Не сум пријателка со девојката, не ја рекламирам, само споделувам искуство и се надевам на некого ќе му биде од помош.
    11291798_1058312600848592_656325475_n.jpg
     
    На Acka22 и Libera им се допаѓа ова.
  8. jloves

    jloves Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    219
    Пол:
    Женски
    Природното е секогаш најдобро..мед и шеќер..пробајте
     
  9. delevingne

    delevingne Популарен член

    Се зачлени на:
    26 август 2014
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.018
    дали пилинг се користи после гел за туширање или може само со пилинг да се истушираш ?
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве ви еден рецепт за домашен пилинг кој го направив пред некој ден. Верувајте ми фантастичен е одлично ја омекнува кожата, а што е најважно прекрасно мириса. Се надевам ќе ви се допадне. Поздрав

    Monday, June 22, 2015
    Направи сам: природен пилинг за тело со лаванда

    [​IMG]

    Лавандата е дефинитивно мојата најомилена билка, просто го обожавам нејзиниот мирис кој освежува, смирува и релаксира. Се чувствувам прекрасно кога во домот се чувствува мирис на лаванда, затоа и најчесто во рецептите кои сама ги правам го користам токму етеричното масло од лаванда.

    Денешниот предлог за еден фантастичен пилинг за тело е токму од лаванда. Овој пилинг не само што прекрасно ќе ја омекне вашата кожа, туку потполно ќе ги релаксира вашите сетила и ќе ве опушти после напорен ден. Навистина е многу лесен за подготовка, освен етеричното масло ќе користиме и суви цветови од лаванда за екстра природен мирис. Ајде да започнеме.

    [​IMG]

    Се што ќе ви треба за реализација на овој пилинг е:

    - шеќер
    - суви цветови од лаванда
    - масло по ваш избор
    - етерично масло од лаванда
    - интересни теглички

    [​IMG]

    Најнапред со помош на електрична машинка за кафе, сомелете ги сувите цветови од лаванда. Она што го гледате на лажицата на сликата е токму мелената лаванда. За овој рецепт користев прочистена лаванда (онаа за внатрешна употреба), која ја купив во продавницата на Ани Биомаркет во Козле. Земете една чиста и стерилизирана тегличка и во неа наизменично ставајте малку шеќер, малку лаванда и мешајте. Полнете ја тегличката се додека не стигнете до крај (не баш ептен до крај сепак оставете маслку место за маслото).
    Е сега, изборот на маслото комплетно зависи од вас и вашиот личен вкус. Јас употребив ладно цедено сончогледово масло, кое малку го утнав затоа што имаше малку потежок мирис. Затоа би ви советувала да земете некое неутрално масло како на пример она од ориз (може да го најдете во поголемите супермаркети), или пак некое друго масло без мирис. Малото од ориз е доста издржливо како масло. Маслиновото не би ви го препорачала затоа што има тежок мирис, а бадемовото како масло не е најиздржливо. Значи може да користите јојоба, оризово масло, сончогледово (без мирис). Откако ќе го одберете маслото, сипете го внимателно во тегличката и мешајте додека целата течност не го впие добро. на крајот додадете уште масло за да ја покриете смесата. Додадете најмногу до 10 капки етерично масло од лаванда и убаво промешајте.

    [​IMG]
    Затворете ја тегличката и оставете околу 2 до 3 дена се додека смесата убаво не ги впие маслата. Потоа може слободно да го користите.
    Верувајте ми овој пилинг кожата ја остава супер мазна, перфектно исчистена, а маслото во неа одлично ја негува кожата. По употребата кожата е мека и што е најважно прекрасно мириса.

    [​IMG]

    Се надевам дека овој рецепт ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите. Какви пилинзи за тело најчесто користите? Дали сами ги подготвувате дома или купувате веќе готови? Вашите коментари се повеќе од добредојдени.

    Поздрав
    Вики
     
  11. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Јас го има пробано и навистина е многу добар. Напишав и рецензија за овој пилинг. Поздрав

    Ја лично, пилингот го користам секогаш после гелот за туширање. Колку и да чисти сепак пилингот не содржи суффактанти (односно измивачи), така да мој совет ти е прво со гел за туширање, а потоа пилинг. Поздрав
     
    На Acka22, CirezD и delevingne им се допаѓа ова.
  12. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве посабајлечки еден рецепт за домашен антицелулитен пилинг од кафе кој одлично ја омекнува кожата, ја прави супер мазна а економски заштедувате затоа што поголем дел од состојките веќе ги имате дома. Поздрав

    Saturday, June 27, 2015
    Направи сам: антицелулитен пилинг од кафе

    [​IMG]
    Здраво на сите,

    во продавниците може да најдеме многу антицелулитни пилинзи на база на кафе, и јас самата ви рецензирав два навистина добри, меѓутоа доколку како мене сте љубители на проектите направи сам и сакате да бидете мали хемичари во сопствените кујни, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Станува збор за еден навистина многу лесен рецепт за антицелулитен пилинг или скраб, кој е многу функционален и одличен како за неестетските проблеми со целулитот, така и за поткожните влакна кои често се формираат по депилацијата. Кожата ја остава мека и перфектно мазна, а за подготовката потребни се 10 минути од вашето време и следниве состојки:

    - 5 лажици кафе
    - 5 лажици шеќер
    - 10 лажици масло
    - 13 капки етерично масло
    - една чиста и стерилизирана стаклена тегличка

    [​IMG]

    Во тегличката најнапред додавајте ги наизменично кафето со шеќерот. Јас користев кафеав шеќер затоа што таков имав дома и само таков конзумирам, меѓутоа вие може да ставите и бел шеќер без проблем. Може шеќерот да го замените и со сол доколку повеќе го сакате како пилинг. Мене лично повеќе ми се допаѓа шеќер. Убаво измешајте ги овие состојки во тегличката и додадете го маслото кое може да биде едно од следниве: бадемово, кокосово, сончогледово, оризово, јојоба, маслиново итн. Јас лично ставив масло од лешник само затоа што го имав дома а сакав да го завршам и затоа што маслото од лешник е добро и како антицелулитно масло.

    [​IMG]

    Изборот на етеричните масла нека биде според вашиот сопствен вкус, меѓутоа еве кои масла се одлични за ваков вид на пилинг: сладок портокал, рузмарин, лаванда, лимон, мента, лемонграс и чепрес. Јас лично користев етерични масла од рузмарин и сладок портокал кои одлично одат заедно како мирис и тоа во следнава пропорција: 9 капки етерично масло од портокал и 4 од рузмарин, со оглед на тоа што рузмаринот има многу јак мирис и во овој сооднос повеќе се чувствува портокалот. Не ви советувам да користите етерично масло од лимон летно време, затоа што е фотонестабилно.

    Резултатот кој ќе го добиете е следниов:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Овој пилинг се употребува на следниов начин: на навлажнета кожа се масира со кружни движења и се остава да делува од 5 до 10 мин. Потоа се измива со топла вода и кружни движења, и на крај туширањето се завршува со поладна вода за подобро тонизирање на кожата и за поттикнување на циркулацијата. Мој совет ви е да не претерувате со ексфолиација на кожата и овој третман е доволно да го направите два пати неделно.

    [​IMG]

    По третманот кожата ќе ви биде толку мека и мазна што верувајте ми нема да имате воопшто потреба од крема за тело, меѓутоа вие сепак ставете. Јас го направив веќе неколку пати и навистина сум премногу задоволна од резултатот. Овој третман секогаш го завршувам со добро антицелултино масло.

    Пилингот нема потреба од конзерванс и е доста издржлив, меѓутоа внимавајте да го земате секогаш со чиста и сува лажичка за да не влезе вода во него. Доколку сакате може да ги дуплирате состојките со цел да направите поголема количина одеднаш.

    Се надевам дека оваа статија ви се допадна и дека ќе се обидете да го направите овој току едноставен а функционален пилинг за тело.

    Благодарам за вниманието и до скоро читање.

    Вики
     
    На renata77 и blueberry93 им се допаѓа ова.
  13. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.444
    Пол:
    Женски
    Што се однесува до пилингот мислам дека треба да се прави пред ѓелот за туширање или било што друго. Значи велам според мене и по некоја моја логика е дека пилингот треба да се прави на чиста кожа (под чиста ложа подразбирам кожа која не е претходно барем 2 дена третирана со никакви хемикалии) се прави пилингот а потоа се измива со ѓел за туширање сапун и сл. Затоа што да третираш кожа со пилинг после ѓел или сапун е како да фарбаш коса веднаш по миење со шампон.
     
  14. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.366
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka јас цел живот сум била во заблуда,со тоа што го користев пилингот прво а на крај гел за туширање. Но,последниве неколку пати правам обратно,и имам да кажам дека аромата од пилингот со кафе се осеќа и по озлегување од под туш. Јас го користам тој и оној го правев со палента. И со шеќер правам,затоа што палентата се здрвува и се запушува одводот. Штета ли е ако го користам прво пилингот?
     
  15. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво драга Џинџер, како сакаш може. Јас лично сакам прво гел за туширање а потоа пилинг затоа што маслото од пилингот на некој начин останува и додатно ми ја омекнува кожата. Еве ако земеме за пример и кога си правиме третман за лице прво ја миеме убаво кожата па потоа правиме пилинг. Сум пробала и прво пилинг па потоа да измијам ама на тој начин измивам сѐ и не го чувствувам мирисот на етеричните масла кои ги ставам во пилингот, Ова е мое лично мислење, а секако не е погрешно ако се користи прво пилинг а потоа да се измие кожата со гел. Поздрав
     
    На Ginger^ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.602
    Допаѓања:
    48.967
    Пол:
    Женски
    Претежно користам пилинг од Авон, од колекцијата Планет Спа. Преубави се.
    Ако сакам да сменам нешто, ќе пробам маслиново масло со морска сол. За лице сум пробала и е одлично, ама за цело тело не сум пробала сеуште.
    Немам навика редовно да правам пилинг, обично кога ќе ми текне.
     
    На Acka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Девојки некоја препорака за пилинг со крупни гранули? Утепав саат време во парфимерија, ама сите се со ситни гранули што ги гледав. Во план ми е денес во ДМ да поминам, ама не знам што да барам :?:
     
  18. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    Овој на Балеа има покрупни гранули и е густ buttermilklemonpeelingjulch_art.jpg
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    Ќе ти го препорачав овој, ама проверив во онлајн каталог и гледам дека веќе не го нудат. :(

    [​IMG]
    Имаше и еден друг прекрасен од Орифлејм што мирисаше на алги и море, тоа им беше дефинитивно најдобриот производ, ама веќе одамна го нема. ;(

    Имаш еден од Авон со крупни гранули - Planet Spa со минерали од мртво море. Моментално ти е на попуст.
    [​IMG]
    [​IMG]

    А најдобро - пилингот на @Lilit :)
    Мислам дека не сум единствена што е презадоволна од ефектот што го дава.
     
    На Acka22, Lilit, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    За тој од Орифлејм потврдувам. Прекрасен пилинг, кожата ја прави толку убава, мазна и сјајна, исто како да сте нанеле и млеко за тело.
    Штета што одамна не бил на акција, долго го меркам.

    Сега прочитав дека не го нудат, не верувам дека целосно го повлекле, можеби го нема во тековниот каталог...
     
    На poenta и LivingGlam им се допаѓа ова.