@sesilija се надевам. Ај можеби во наредниот ќе е на акција. Ако некој забележи дека повторно го нудат, нека пише во темава. За секој случај, ѕирнете во онлајн каталогот, можеби го пропуштив.
Еве, го има- ама како што кажав не е намален. http://mk.oriflame.com/products/product?code=18483 Кога ќе го намалат веднаш ќе споделам, ги следам овие работи.
@LivingGlam @sesilija И јас потврдувам за ефектот од позитивното искуство од пилингот за тело Swedish Spa од Oriflame. На ваше приjaтно изненадување, истиот може да го најдете по намалена цена од 279 ден. (каталошки) во следниот каталог кој започнува од 17 ноември
Јас не правам домашен пилниг, купувам. Не ни го користам често иако со него кожата ми е совршено мазна, некако не ми се чека додека се впие убаво па затоа не преферирам често да го користам.
Го направив пилингот на Лилит, и многу сум задоволна, пред тоа го правев со кафе ама овој повеќе ми се допадна, некако кожата е поубава и помека, поубав ефект дава плус и не ми се валка кадата - леле како некоја домаќинка сум , пред тоа од тој со кафе лом ми се правеше. Сега кожава ми е мека и хидрирана, од како го направив пилингот си ставив од авон путерот на планет спа, и уште помека ми е кожата и морам да кажам преубаво мириса путеров, ептен сензуален мирис, мераци сум сега штета што дечко ми не е тука ()
Пилинг за тело користам при секое туширање, дома никогаш не сум правела обично ги купувам. Досега ги имам користено овие на Боди шоп и Натура сиберика , и двете ми се допаднаа многу , сега го имам овој на Боди шоп од мандарина и сум премногу задоволна , цела бања мириса кога нанесувам од него
Девојки пилингов е феноменален, јас ја користам веќе 3тата туба и стварно е предобар, после користење кожата е мека, нежна на допир, после тоа ставам само од мусот за тело од истата колекција и мислам дека недела дена мирисам на јагода, интензивен мирис+ врвна нега на тело=Афродита Козметика, префекција
Препорачајте ми добар пилинг за тело, за ексфолијација, од ДМ што сте го користеле и сте биле задоволни Тенк ју вери мач
Презадоволна сум од овој пилинг. Мириса свежо и цитрусно, погруб е, но поради маслото потоа кожата е многу нежна и мазна. Единствен недостаток е што маслото понекогаш избива на површина, а доле останува солта, па треба малце да се помачам да го измешам убаво пилингот. За цена, не сум сигурна, ама не верувам дека беше над 230 ден.
Слушнав од козметичарка дека добро против поткожни влакна било сода бикарбона помешано со вода. Што мислите окулу тоа со оглед на тоа што содата нагризува се малку скептична сум.
Јас имам користено сода како пилинг за лице и мене ми била ок. Јас имам комбинирана кожа. Зависи од типот на твојата кожа. И важно е да не стискаш многу кога правиш пилинг, сепак да биде благ. Според мене било коај прашкаста состојка ќе направи одличен пилинг, само треба да ја погодиш вистинската состојка. Доколку станува збор за поткожни влакна на нозете (поради депилација), може да ти кажам дека секој вид на пилинг па и оној најобичен со шеќер или сол и масло си го прави своето. Јас доста често користам машинка за депилација на нозете, така да ден пред да се издепилирам правам пилинг на целите нозе со шеќер, сол или она то имам во моментот. На тој начин ги отстранувам мртвите клетки од телото. Следниот ден (никако истиот), правам депилација. Така нема да се појавуваат поткожни влакна, или пак доколку некое имало со пилингот се ослободува. Поздрав.
jas kolku sto sum informirana sodata ne nagrizuva kolku sto mislis,pa luge ja pijat koga imaat kiselini i macnini vo zeludnik,zamisli da nagrizuva. deluva antibakteriski jas navecer vo mlaka voda turam soda i gi kisnam nozete preubavo deluva site infekcii isceznuvaat. zgora na toa po preporaka na dermatoog sodata ja koristev za glivicno zaboluvanje na nokte kaj sin mi taka sto ne se somnevam deka e stetno. bi sakala da znam kolku soda na kolku voda se stava za da se napravi smesa za piling za lice?
Јас обично одам од око. Еве на пример една кафена лажичка помешај ја со малку мед (доколку сакаш похранливо затоа што е прекрасна со мед), или кокосово масло или пак со вода. Смесата треба да биде убава, треба сама да процениш. Почни со половина лажичка течност или масло, па додавај. Поздрав.