Предлог за добар пилинг? Важно ми е да не е премногу груб и да не е спакуван во тегличка ( не сакам на секое користење со раце да вадам од него). Би било пожелно да е со добар состав, но и не мора. Фала
Мене најдобар пилинг ми е комбинација од кафе, шеќер, сол и масло по избор. Правиш количина која ти е потребна (цело тело, само нозе) и после туширање нема потреба да ставаш лосион. Кога ме мрзи да се шлакам, пилинг правам само со талог од кафе. Планет спа од авон имаат добри пилинзи, во туба се, практични за користење.
Јас од Авон користам периодично еден од чоколадо, во тубичка. Ситни му се топчињата и мноогу ми е убав. А и не е скап, до кај 200 денари, некогаш и по 130 го има.
Истиот го користам со години веќе. Мирисот е фантазија. Во моментов во тековниот каталог има акција пилинг за тело (со мирис на некој овошен јогурт) за 89 денари со порачување на било кој друг производ од брошурата. Го нарачав па ќе ви кажам каков е. Има и некој нов пилинг од Балеа, не е воопшто лош (стотина денари е), ама гранулите се многу малку и такви се како топчиња. За осетлива кожа е супер.
Супер е пилингот од кафе, ако дојдеш после да ми ја изрибаш туш-кабината Оној Your secret crush го имам, среќа што го добив на поклон, инаку доживотно ќе ги жалев тие 1000 ден. Па уште кога ќе пушти боја... Затоа барам некој купечки и не од кафе Добро ме потсети за пилинзите на Планет спа, одамна не сум порачала нешто од Авон. Тенк јy
Јас ти го препорачав пред добри 4-5 години. Не е шала, смешно ми дојде што го памтам тој момент, поим неам зошто. Ама супер е, најубав пилинг купен што го имам користено некогаш. На исто рамниште со тој домашниот од шеќер + мед што си го правам од време на време кога сакам ептен екстра да се осеќам и изгледам. Па коа ќе си ги допреш нозете/рацете после
Озбилно? Обично памтам работи, ама не се сеќавам на ова, само знам дека пилингот беше 149 денари и порачав неколку. Преубав е пилингот навистина. Ќе го пробам и овошниот наредниот месец па ќе видам кој е поубав.
Даа. Јас па никогаш не сум го пробала тој, иако сум се мислела. Ама знаев дека е стварно супер чоколадниот кога дм на одмор го крадеше да се бања со него И ден денес ми вика, кога ќе ми дадеш од тоа што грепкаше за бањање. Пиши баш за овошниот кога ќе го пробаш.
Kje sakas slika da stavis, da vidam koj e Jas koristam od Eveline, mirisot e son, na kafe, ama mbogu e nezen i nisto ne mi vrsi rabota
Може да го има во тие флаери само претставниците што треба да ги гледаат. Прашај ја таа што ти нарачува дали ќе го најде.
Не, за стрии сеуште не пронајдов ефективен пилинг или лосион. Таков производ изгледа не постои. Ама добар е за целулит, не дека прави чуда, ама има ефект.
Кога сме кај целулитот , јас не верувам дека постои производ т.е. крема што ќе помогне на некој магичен начин да го снема целулитот..за тоа помага само вода и многу вежбање
Се согласувам. За стрии исто! За жал, не постои крема/ пилинг што ги отстранува. Само третман со ласер.
Може некпј да ми препорача нешто за поткожни влакна? Некаков пилинг со покрупни гранули или било што друго?
Јас си правам домашен пилинг со шеќер,мед, маслиново масло малку и гел алое вера. Доколку немаш многу осетлива и сува кожа и сакаш погруб пилинг можеш само со шеќер обичен пилинг да направиш.