Мое мислење за Дарија и Ника,е дека ги чуваат за повеќе пари да соберат од телефонските јавувања Впрочем и минатата година,Павле беше на трето место,нашиот Трајче на второ Мене некако не ми се верни телефонските јавувања
Само ги слушнав Антониа и Мартија И двете беа одлични неможам да речам не. Жал ми е што испадна Елена баш добро пееше, но се надевам дека една од нашите ќе победи.
Јас сум за Ирнес да победи, некако најмил ми е, Марко е тука негде во рангот со Мартија, другите не ми се свиѓаат многу. Антонија ми е многу намќореста и препотентна.
Се си викам немој Ника да победи, дури страв ме фаќа затоа што е мала и разгалена фуфица која мора се да има.
Ника и Марко неможам да ги смислам, извинете ама многу се лигушат.Порано Ника мила ми беше ама сега ја држат пошто е слатка и ја сака публиката.За Марко и претходно пишав само некои плачливи песни пее, изгледа само такви знае.Искрено сакам или Ирнес или Мартија да победи.И двајцата имаат моќен глас пријатен за слушање, ниту цимолат ниту ништо.За Антониа незнам, немам ништо против неа ама мислам дека ги дига акциите иако стварно добро пее.Талентирани се.
Јас ги пратев колку - толку ѕвездиве ради Калиниќ, така што во финалево познавав тројца само Јелена, Мите и Адам. Адам ми е крајно антипатичен, ем башка пеењево не можам да му го поднесам. Вкусови се во прашања, но, таквото пеење (има и други со такви лигави гласови) мене ме тера на mute да го ставам телевизорот. Од друга страна ми е многу мило за Мите и гласав за него, иако за мене лично, морален победник е Јелена Нема нејзина изведба што не ме воодушеви, не постои жанр во кој не ми се допадна. Од друга страна, иако Мите гледам преферира народна музика, мене лично ми е многу подобар во забавна. Сепак, Јелена се надевам дека ќе пее уште многу, не ми е доста од неа
Аууф овааа Ника аман веќе... На што личееше оваа? Овде се бара повеќе пеење и на тоа се обрнува најмногу внимание а не на играње... Не е работата да ги забавува другите туку да пее... Стварно не е за во финале.. Срамота