Како што се зборува нејзините плаќале многу пари за да учествува и стигне до тука. И јас се молам таа да испадне вечерва,ама ако нејзините плаќаат за да продолжи,не е чудно ни да победи. И додека пее ја имам приметено дека повеќе зборува отколку што пее. Па не прави ни некое којзнае какво шоу. Инаку се молам и двете наши да останат,бидејќи навистина се талентирани.
А дали запеометивте дека Ника вечерва ме пееше? Само скокаше и отвараше уста. Или мене така ми се виде
Колку и да плаќаат родителите на Ника не верувам дека би можела да победи,дури се надевам дека вечерва и ќе излезе. Девојчето ми е како пореметено веќе од што гледа цело време да е насмеана да внимава како ќе застане,нога и рака како ќе намести како робот буквално,за разлика од неа Дарија е многу помила по совесна да кажам по едноставна. Јас типувам дека Македонка ќе победи било која од Антонија и Мартија
Ника ништо не испеа вечерва, така врискаше и се кршеше на сцена и ко ќе рече хвалааа И Урош не ми е нешто посебно, после песната на Дино Мерлин мислам ко го исфалија ептен се крена високо и сите песни почна да ги пее така, преработени Дарија онака фино пееше ама мислам дека е време да си оди. Ирнес или некоја од нашите заслужуваат победа, некако нај комплетни ми се. И ева беше добра исто. Чекам Мартија и Марко да отпеат, Марко гарант пак балада ќе пее.
Ова со Ника е веќе срамота, кај ја утна скроз песната, не ја испеа туку ја изрецитира. Нема смисла деца кои се преталентирани, кои пеат 100 пати подобро од неа да испаѓаат,а она да се вади со нејзините сценски настапи кој патем не се ништо посебно, ниту се слатки нити па интересни. Секој може микрофон да држи и да скока и трча по сцена. Браво за Антониа, ова е претешка песна, а со каква леснотија ја изведе, браво, браво, браво!!!
Овие децава намерно се прават глупи или? Вокмен човек што зборува Мартија сто пати подобра ми беше од Антонија
Па јас тоа го велам дека намерно даваат такви одговори за поинтересни да се направат.Па малку смеа не е на одмет.
Ако ги знаат одговорите сигурно нема да кажуваат глупости затоа што тоа не е смешно тоа е жално. До некаде разбирам што повеќето не знаат што е вокмен затоа што скоро сите деца се мали а вокменот беше популарен пред 20 години може и повеќе,не верувам дека слушнале ниту пак имаат видено таков чудо
Колку ја форсираат значи оваа Мартија, затоа и девојчево толку одбивно ми стана. Повеќе и го коментираат сценскиот настап, нејзините движења, отколку пеењето. Малку се преценила со песна од Кристина Агилера, подобро и стои кога пее тралалајки како how deep is your love или како претходната. И Гоца не мора да коментира како на секои настапи и е гостин, малку е потценувачки за останатите деца.