И мене Марко ме купи со песната Малку ја згреши ама нема врска Ако не победи некоја од нашите посакувам Марко да е победник
Да го оставиме тоа со вокменот настрана,ама Клеопатра глумица?? Си има кој да ги испрашува за тоа. Инаку Марко се докажа дека навистина е талентиран. Се виде дека не му лежат само балади.Со друг жанр се потврди дека навистина го бидува за пеење.Јас се’ си мислам дека Антониа ќе испадне,се плашам.Ама да не ширам негативна енергија сега.Сакам и двете наши да останат.
Аууу Марко брза песна и плус Македонска.. Одлично Мислам дека Ника и Индора ќе излезат вечерва. Чекајте, вечерва се бира победник?
Антонија Антонија МАЕСТРАЛНА ! Вистинска пејачка се покажа како професионалец, требаше веднаш да ја прогласат за победник. За жал преценетата Мартија доби поубави коментари, но што да кажам јасно е -.- . Не велам дека Мартија нема глас да пее,ама помоќен глас дефинитивно има Антонија,џабе се лажат. Таков е Балканот слабо проценува вистински таленти.Марко си растури сега ме наежи од глава до пети,ептен срце дете.без разлика што имаше предходно досаден избор на песни.Гласот на место секогаш. Исто можам да кажам и за Ирнес. Другиве нема да ги коментирам,далеку се од овие. И да Жарко секогаш специфичен со неговиот глас,стандардно си е добар.
Јас како што сфатив денес е финале, ќе излезат двајца, а во недела е суперфинале каде ќе се одлучи победникот. Конечно ми се свиѓаше Марко, малку во поинакво светло, побрза песна. И мене генерално тоа не ми се свиѓа, не знаат да проценат вистински талент, туку еден двајца од почеток и ги форсираат најмногу. Нити е фер спрема самите деца, стварно би ми било криво да победи некој како Ника или па и Мартија, зашто знаат да направат шоу. Барем јас секогаш на вакви натпреварувања најмногу го ценам пеењето. Штета што самата продукција си одлучува, а само перат пари преку нас гледачите.
Дај Боже оваа Ника да испадне. Размазено,лигаво,препотентно девојче. Уште повеќе ме изнервира претходната емисија кога Маријана ја прочита дека оди понатаму,ги испотурка Елена и Дарија. Дали неа ја гледам или девојчињата од „Девојчиња и дијадеми“ исто ми се фаќа. А другото за неа си е кажано погоре.
Браво за Антонија, Мартија ме нервира зошто се замислува многу постара за нејзини години. А Ника бре луѓе нормални ли се тие родители што прават со ова дете,сите коски и се искривија од тоа ногата а за устата што ја прчи уште на 7 8 години да не зборувам, не можам да ја гледам преразлигавено дете А и Марко ме изненади денес.
Претераја. Прво полуфинале, второ полуфинале, прво финале, второ финале, суперфинале. Жими.... Нека направат и мегафинале, и финале над финалињата.. До другата година нека отпаѓа по половина натпреварувач. Сфаќам гласови пари берат ама ова претерано е.
Според мене најбитно е да се има вонсериски глас, шоу секој може да направи тоа се покажа -.- Ама тоа толкаво форсирање и пренемагање,не можам. Плус што не е фер за другите деца,за едни нема што да додаваат кажале се, за други се паѓа во несвест по 100ти пат и има што да се каже...Жалосно е навистина.Половина од нив се извадија на прелесни песни и турбо фолк.Се знае што најмногу се слуша на овие простори,затоа Вељко и Индира се сеуште тука..Не ми се зборува веќе,сигурно пак некој добар ќе испадне.
Вечерва фер испаднаа. Конечно и Ника и Вељко, требаше уште пред неколку емисии, ама ајде и вака е подобро.
Досега гласав за Урош,Антонија,Мартија ама вечерва сите ги пратив за Антонија. Браво. Ако биде реално гласањето ќе победи Антонија,најубаво пее,ама било и Мартија,Урош или Тома да победат ќе ми биде премило, фаворити до крај. А за овие што испаднаа заслужено оваа вечер, Ника - конечноо!
Во една од последниве 2-3 емисии, кога пееше Ника- Гоца се изјасни како семејството на Ника биле пријатели со многу добра пријателка на Гоца и така се запознале, што автоматски ми стана јасно кој ја турка напред Ника од жирито. Јесте да Хари на секој настап го носел Ирнес од Сараево пошто биле комшии ама детето пее убиваи е многу мирно и скромно како што и му личи а не оваа Ника не можам органски да ја поднесам од што е разлигавена штрокла исто како мајкаи. Баш ми е мерак што ја исфрлиле, требаше уште одамна. ХВАЛАААААААААА