Само мене ли не ми се свиѓа како ја отпеа песнава? Некако немаше добар изговор и го згреши текстот, а жириво во кома паѓа.
Минатата сезона не ги следев, во оваа сезона мои фаворити се секако нашите Мартија и Антонија и Марко Некои учесници од Пинк Ѕвездите можат вода да им носат на малечкиве
^Марко веќе стана досаден со неговото пиштење и неговите балади. Седми круг, а тој само балади пее. Премногу го форсираат и фаворизираат. Српските медиуми повеќе за него пишуваат, а другите учесници се фрлаат во сенка што не е фер. Нека проба да пее во некој друг жанр како другите, па да го слушнеме како пее. И сè само женски песни пее. Реално има многу подобри од него, како Мартија, Антониа, Алекса и многу други. Станува досаден, а со тоа негово дерење и пиштење нема да се вади уште многу затоа што има сèуште детски глас. Ќе го прашам дали ќе пишти кога ќе почне гласот да му се менува.
Оној што го бива за пеење може да се снајде одлично во повеќето жанрови. Можеби ќе го чуеме и со нешто поразлично, ќе видиме. Па ова се Пинк Ѕвезички нели, гласот на многумина од нив тек ќе им се промени.
Оваа година прв пат гледам пинкови ѕвездички и децава како пејат, алал да им е. Многу ми се слатки малите Катарина , Ања и тоа уште едно не ми текнува како се вика, куклички . Фаворит се уште немам бидејќи повеќето пејат вонсериски, не можам да се одлучам инаку и јас приметив дека Марко многу го форсираат што не е фер спрема другите.
Според мене и Мартија е премногу исфорсирана.Реално Антонија ми има подобар глас од неа,а нашиве се однесуваат како да имаме само една македонска претставничка а не 3,што не е фер.И Елена исто има прејак глас. А и малечкиве ги форсираат, само едно од нив пее добро додека другите многу далеку стигнаа а поради нив испаднаа деца што имаат навистина квалитетни гласови.
И јас истото го мислам. Марко е доста фаворизиран ама и нашава Мартија. Мене лично не ми е ништо посебно, а и некако антипатична ми е, нити пак има некој вонсериски глас. Единствено однесување на сцена има. Не знам уште од почетокот коа ја пееше Take me to church и ја упропасти песната ми стана уште поодбивна. И посебно Гоцс ја фаворизира, како и била гостинка на настапи, бла бла. Океј е не мора во 3 емисии да спомнуваш. Лично фаворит ми е Антониа, не дека е наша ама девојчето има глас каков што ниедна пејачка на нашава актуелна естрада има. И најмногу заслужува да победи. До сега во секаков жанр се снашла. Иии она убавоно детенце Урош исто ми се свиѓа како пее, песната од Кербер посебно.
И мене Мартија ми е фаворит. И убаво пее и убаво изгледа, многу е згодна. (Мистер Рајт, престани, малолетна е). Исто и Антонија ми е фаворит, и таа убаво пее и уште неколку души, не им ги памтам имињата. А, Елена некако има многу груб, заоблен глас и за моево уво не ми пее убаво, ама сепак и посакувам среќа. Инаку уште од сега се приметува дека Марко ќе победи.
Не ги следам многу-многу,ама.. тоа детето со долгата коса Б-и г-о п-о-с-в-о-и-л-а. Го обожавам како пее и какви сé песни бира Мераци.
За мене Мартија е победник....... и заслужува да победи не дека е од македонија стварно е најдобра....
Исклучив. Не можев да гледам кога ја видов Марија на местото на Гоца. Кои местенки се прават и форсирања. Ќе ја изгледам оваа сезона и последна ќе ми биде ако воопшто ќе има од септември.