Не го сакам Марко ама не можам да кажам дека е местенка затоа што не е Реално Марко добро пее, тоа што мене не ми се допаѓа и не сакав да победи е ствар на вкус. Плус што имаше "добар избор" на песни (севдалинки и сл) кои палат кај народот и си победи поштено Уште еднаш ќе кажам иако сакав некоја од Македонките да победи, сепак најголем впечаток ми остави Ирнес и многу ми е мака што не зема подобро место
Океј е Марко, иако сакав да победи или Мартија или Жарко. Антонија во почетокот многу ја засакав, односно не ги следев многу често, но сосема случајно ми се пушти врати ми го сонцето во нејзина изведба, после тоа ми беше фаворит, емотивни настапи и се тоа. Но после ја запознав (сплет на околности, преку мои роднини) и буквално девојчето леташе во облаци, од тогаш некако ми се одмили. Но морам да кажам дека Марко има навистина добри вокални способности, мислам дека немаше местенки.
Kasno palam, samo shto se vrativme od Sk Ke gi dogledam nekogash samo da sum poodmorena, denes kapnavme.
Исцитирај ме коа фише пола пост ми го спомнуваш. Нема врска фаворити не фаворити.И на Мартија и на Антониа и на Елена им се трескаа од земја како и на Марко.Ќе подзнапеат малце и одма на нозе браво,аплауз,солзи..ќе им дадат надеж на децана и после? Незнам кога ќе победиме ние..лани Марија победи исто со пеење вакви песни како Марко.Може видел дека работи таа цака..
@Feminka22 да мислев само на тебе ќе те цитирав,без гајле. Очигледно не си ги читала предходните постови,нема врска. И пред тоа го имам кажано своето мислење за тоа форсирање и слично. Ако тебе не ти се допаѓа победникот и сега и лани,не значи дека цел Балкан така мисли. И очигледно од тоа си патиме, се на нас не ни дават да победиме ајде бре...Ете победи дечко во Ѕвезди, Даниел во X-фактор и ова Твое лице звучи познато... Некогаш чувствувам како само да се плука без везе,сепак мое мислење е тоа. Ние секогаш сме напатени нели И Марко за разлика од Марија имаше некои промени во стил и песни. Па и реално тажно е таков глас да не победи. Ако гледате само квалитетни сценски настапи тогаш ни Трајче лани не требаше да победи зошто беше горе-доле исто како Марија just sayin...
Мене уште ме чуди за Урош имаше можеби и најмногу фанови - гласачи и од Македонија гласавме некои за него а го исфрлија толку рано. Хммм .
Имаше тројца победници, победник според фб гласови, победник според жири и според смс гласови од публика (што е најважно) и од публикава победи македонецот Горан Кукиќ
Се на се два дена ми требаа да ги изгледам ѕвездичкиве Браво за Марко и за македонските песни што ги испеа Требаше и парична награда да му дадат
Лелее, сте се изнапишале бе. Требаше уште 400 и кусур пораки да читам. Шо ви реков јас дека е наместено. Истото што се случи со Марија лани, се случи и со Марко годинава. И двајцата пееја само балади цела година и двајцата беа исфорсирани уште на почетокот и знаев дека годинава Марко ќе победи. Детето може пее, не викам не, ама реално имаше и други кандидати подобри од него и кои пееја од секој жанр, а не само балади кои ќе те успијат. На пример, Тома, Жарко, Ирнес и Мартија можеа да бидат победници, ама не како каже Леонтина. Не ги гледав последните 4-5 емисии, се откажав. И од септември не ги ни гледам.
Како децава станаа нафурани од шоуво и мислат којзнае кои се, тоа страшно... Иначе Марко заслужено си победи, на толку малку години каков глас има, а не па понатака
Јас мислам дека не е наместено,Марко уште од прва емисија ја освои публиката,и не пееше само балади Mamma knows best,Црно и бело и со нив покажа дека може да пее и побрзи песни.Него one night only како ја испеа,ни Марија не ја испеа толку добро.После таа песна со денови не можев да се соземам,ваква бев Иначе и мене не ме наежи со Што те нема.Кога ја пееше Као моја мати и Недостајеш,а секако и Оne night only ме наежи,предобро ги испеа Да беше местено немаше ни да победат ни во Пинкови ѕвезди,нити пак Даниел,ни во Никад није касно. А во Звездичките заслужено си победи Џејла,иако и нашиот беше добар,ама имам приметено дека Босна многу ги гласа А иначе во Пинкови звездички,само поп смее да се пее?Ако да како може Индира се шабански песни да пее.И она се балади пееше,па никому ништо си дојде до финале
Дефинитивно имаше многууу мноогуу подобри од Марко: Мартија, Томислав, Жарко... Ама тој уште од почетокот беше форсиран од страна на сите, па си се уфилма детево дека е од друга планета, како што во една прилика го нарекоа, па кутриот мислеше стварно е така. Убаво пее секако, ама имаше подобри
Мартија ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 24.07.2016 17:59 | По "Ѕвездичките на Пинк", нов предизвик за нашата омилена Феноменот од дете, Мартија Станојковиќ е избрана да биде претставничка на Македонија на овогодинешното издание на Детската Евровизија кое ќе се одржи во ноември во Малта. Големото изненадување беше откриено во првиот дневник на Македонската телевизија денеска. Инаку Мартија е нашата надеж и гордост чиј пат кон славата само што се отвора. Учеството во "Пинковите ѕвездички" и' донесе голем успех, а за балканската публика стана омилена меѓу натпреварувачите и дете од кое секогаш се очекуваше нешто ново, поинакво и најдобро. Честитки до Мартија. И' посакуваме голем успех и на овој голем европски натпревар - јуниорската Евровизија. Мартија е наш победник!