Пинк Флојд (Pink Floyd)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Offspring, 30 јули 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.887
    Ок, не спамирам, ама морам да го зголемам бројот на квалитетни теми во категоријава :wasntme:

    Пинк Флојд е Англиски прогресив рок бенд создаден во 1964 година. Низ текот на постоењето на бендот се случиле неколку промени во поставата, непредвидливото однесување на Берет ги примора неговите колеги да го заменат со гитаристот и вокал Дејвид Гилмур. По заминувањето на Берет, вокалот и басистот Роџер Вотерс постепено стана доминантен и беше водечка сила на бендот во доцните седумдесети, се до неговото заминување од бендот во 1985. Бендот сними повеќе албуми, достигнувајќи светска слава со The Dark Side of the Moon (1973), Wish You Were Here (1975), Animals (1977), и The Wall (1979). Во 1985, Вотерс ги нарече Пинк Флојд “потрошен материјал“, но преостанатите членови, водени од Гилмур, продолжија да снимаат и да настапуваат под истото име. И покрај тоа што беа обвинувани од Вотерс во врска со правата на името, тие повторно доживеаја светски успех со A Momentary Lapse of Reason (1987) и The Division Bell (1994). По долг период, без судска одлука, тие добија согласност од Вотерс за користење на името. Вотерс настапуваше со бендот за прв пат по 24 години на 2 Јули 2005 на London Live 8 concert.

    ----------------

    Jaс ги слушам од 11 годишна возраст, заедено со Дип Парпл се првите рок бендови што ги имам слушнато :) Филмот The Wall го имам гледано неколку пати и можам да кажам дека е доста влијателен, барем врз мене влијаеше и тотално се пронајдов во него. Кој сака психо-филмови и го нема погледнато му го препорачувам :)

    Омилени песни

    Hey you
    Comfortably numb
    Nobody home
    The trial
    Money
    Wish you were here
    И сите останати саундтракови од филмот The Wall.

    :)
     
    На Priroden, ForeverYoung, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Офи браво за темата :clap:

    Јас си ги слушам од мала, покрај татко ми ги засакав.
    Омилени од нив ми се: We don't need no education, Hey you и Money(ова стално си ја пуштаме кога одиме некаде и по пат ја пееме јас и брат ми :lol: ).

    Од фимот го имам гледано оној дел кога е песната We don't need no education, па деновиве се надевам ќе го симнам и ќе го изгледам целиот. :)


    http://www.youtube.com/watch?v=n2qA2fXMJ9Y
    http://www.youtube.com/watch?v=t4SKL7f9 ... re=related
     
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.489
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.762
    Бендов е еден од оние стари бендови кои најмногу ми прават мерак кога ги слушам.
    Верувам дека не постои човек што не ги знае Wish You Were Here (која ми буди ептен интересни спомени :lol: ) и Anther Brick In the Wall .
    Лично мене најубава:
    http://www.youtube.com/watch?v=BLKiMbC6s2k

    Музика која не е возможно да не ти се допаѓа. Simple as that.
     
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.309
    Допаѓања:
    38.497
    Пол:
    Женски
    Баш тргнав брзо-брзо да ја постирам Money, кога гледам сте ме зезнале :D
    Таа песна ми е една од омилените, мада ова е повеќе музика на татко ми, он си е од андерграунд поставата на Скопјево од 70тите и 80тите :) Така да од него имам многу големо влијание врз изборот на музика, посебно зашто од кога се сеќавам за себе дома ми свират Пинк Флојд, Џими Хендрикс и остали :)
     
  6. bornthisway

    bornthisway Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    30
  7. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    377
  8. American.Virgin

    American.Virgin Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
    ЗНАЧИ ОД СЕКОГАШ ОД СЕКОГАШ УШТЕ ОД МАЛА ГИ СЛУШАМ И ГИ ОБОООЖАААВААММММ :talk: :inlove: :rock: :rofl:
     
  9. American.Virgin

    American.Virgin Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    19
  10. Caitlin

    Caitlin Активен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    25
  11. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.268
    Ја здогледувам темава и си викам „Еј, абе јас сега ги слушам“ :lol:
    Оваа е песната која во моментот одекнува во собава
    http://www.youtube.com/watch?v=AdKNlGfkyhc
    Квалитет. Уметност. Немам што повеќе да кажам.
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.986
    Пол:
    Женски
  13. Trnche

    Trnche Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    238
    Потполно се согласувам со мислењево. Секој збор е излишен за музиката на Пинк Флојд. Безвременска, ослободувачка....секој епитет е премалку. Единствена група или музичар чиишто албуми може да се пуштат и да тераат од почеток до крај без скокање на песни. Сите до една се буквално перфекција. Текстовите им се длабоки, полни со метафори, реалистични, ма незнам, вистинска позеија. Цареви се за настапи во живо, нудат целосен пакет, преку визуелизација, атмосфера, се`. Концертот Pulse им е нешто ненадминливо.

    Мои омилени (ако сум принудена да изберам):
    http://www.youtube.com/watch?v=0bqZFp7dWbg

    http://www.youtube.com/watch?v=BLKiMbC6s2k

    http://www.youtube.com/watch?v=iJZYG5qwHHI
     
  14. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.093
  15. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Мислам дека нема доволно зборови со кои би ја опишала мојата љубов кон бендов, омилен ми е, незаменлив и ниту еден кој се обидува да е модерна верзија или не знам ти што не може да биде тоа што беше Пинк Флојд. Прилично сум сигурна дека им ги имам ислушано сите песни од времето на Сид Берет до крајот и нивното распаѓање, од албумите најомилен ми е The Wall и Meddle во чија Fearless се вљубив,а воедно мислам дека немам некоја песна слушано толку многу колку неа. Песните им се со неверојатно висок квалитет од текстовите за кои треба длабоко анализирање за да се дојде блиску до самата идеја и цел на песната и музикаta која е како совршена комбинација на неверојатниот талент кој го имаа сите музичари.

    Најмногу ги сакав во времето на Сид иако беа прилично под големо влијание на поп музиката и беа па искомерцијализирани,но сепак не знам имам голема почит за човеков му ги слушам и соло творбите од кои Terrapin ми е дефинитивно омилена. А за Роџер Вотерс имам стварно негативно мислење од тие неколку интервјуа што ги имам гледано од него дојдов до еден заклучок-дека е стварно douchebag, но еве талентирам douchebag :D Значи човеков и на соло свирките барал високи бини и не знам ти што од причина што не можел да го поднесе вриштењето на фановите. |(

    Во секој случај ми се незаменливи и ќе цитирам еден коментар кој така ми остана во памтење од почетокот на моето откивање на нивната музика и слушање на песните кои ги има на јутуб: "If you want to find the meaning of life, listen to Pink Floyd's dark side of the moon." И стварно албумот е баш тоа-живот од детсво, до пораснување, љубов, материјалистички свет кој ни го уништува духот до психичка нестабилност. Се за живот реално и искрено како што се и сите нивни дела.

    Омилени песни ми се: Shine on you crazy diamond, Fearless, High Hopes, Hey you, Money, и прилично сите од The Wall. :)
     
    На Priroden, ForeverYoung, Offspring и 2 други им се допаѓа ова.
  16. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.500
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    можам есеј да наишам за бендов , од првиот ден кога ги слушнав нивните песни ги засакав.. дефинитивно се во моите топ 5 бендови.. текстовите неможат да се опишат , сите песни се како уметнички композиции со мека мелодија , немаат ни една песна што не квалитетна .. немам зборови музиката , гласот , текстовите се е совршенство
    секогаш кога ќе пуштам концерт на јутуб плачам зошто во еден нивни настап ја има секоја емоција
    Pink Floyd IS EVERYTHING :l:

    http://www.youtube.com/watch?v=JkhX5W7JoWI






    [​IMG]
     
    На Natali.3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    4.826
    Допаѓања:
    36.073
    Пол:
    Женски
    Нема шо да пишувам едноставно предобри



     
    На Billy Idol и RockNroLLGirL им се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.311
    Пол:
    Женски
    Не сум вистински фан на групава, ама сум ги слушала најпознатите нивни песни. Сепак, од тоа (малку) што го имам слушнато, мислам дека најдобра песна, не само во рамки на самиот бенд, туку и генерално во светот на рок музиката, е High Hopes. Сум ја слушала со денови, на repeat и сеуште не ми здодеала. Има нешто во таа песна. Нешто меланхолично, тажно, а сепак револуционерно и влева надеж. Многу моќна песна, а солото... Криво ми е што не трае бесконечно. Тоа соло ми е едно од најсовршените што сум ги слушнала...
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.606
    Допаѓања:
    48.884
    Пол:
    Женски
    И Пинк Флојд ги слушам, да. :D
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    2.686
    Пол:
    Машки
    Најголемите на сите времиња за мене, можеби само Лед Цепелин и Дорс ми се блиску до квалитетот на музиката што ја има Пинк Флојд.

    Не ги слушав до летото 2011, ја знаев само Wish you were here и си викав уште еден бенд со некои лејм љубовни стихови. Дополнително на ова, бев ептен унесен у фудбалот и си викав овие од Англија самите се преценуваат дека се најдобри, фудбал немаат освоено СП и ЕП од 1966, па сигурно и за музиката. Башка кралици, принцови, неееее бе умислена нација.

    И си пуштив на јутјуб документарци, ама она магично се осетив, солзи ќе ми потечеа од очи од што беа предобри, без да претерувам. Мислам дека 7-8 саати документарци гледав и тоа е тоа, сум преслушал многу бендови оттогаш во тој жанр и не сум слушнал подобро. Од поновите бендови во рок/метал жанрот Porcupine Tree со Стивен Вилсон исто звучат магично, али не функционираат моментално.

    Новиот албум иако таков каков што е, за новите бендови е симфонија. Што да кажам, преслушајте, документарците ги имате на јутјуб, уствари можам да кажам дека ми е криво што не сум бил постар па да сум ги начекал на некоја турнеја у фул состав.

    Оваа ми е многу посебна песна, буди преубави спомени :P